Јас после направената бета првото ехо ми беше на 16 ден бев тогаш 5+6. Болките и грчевите се нормални што ги чувствуваш и заборавив да кажам со бетата ми испитаа и д-димери
Јас бев прв пат во 6та недела, веќе и срценце слушнавме Битно е да земаш фолна за бебе. Разговарај со матичната Со лесно мајка!!!
Честитки,ти посакувам лесна бременост Прв пат отидов по 11 дена доцнење, на 10 дена доцнење го правев тестот. И тогаш се виде точката,ама ми рече за 7 дена пак да одам за да бидеме на сигурно. Така да можеш да отидеш после 15 дена доцнење како што ти пишале погоре
@lavinija28 откако ми доцнеше 2 дена ми закажаа за некои 3 недели. Со првата бременост бев некаде во 7 недела на преглед, а со втората во 8 недела. Откако дознав одма почнав со витамини и фолна киселина. Честитки и со лесно!
Ви благодарам на сите за прекрасните зборови, инаку земам фемибион 1 скоро 3 месеци па за понатаму ќе видиме
@lavinija28 честитки и добредојде јас имав направено тест дома 5 дена пред добивање и испадна позитивен. Потоа закажав на гинеколог и ми закажа да отидам за 2 недели на преглед. Имаше само ќесе без плод внатре (тогаш бев 4 недели) па по 3 недели пак отидов и тогаш се виде срцева реакција а само што дознав дека сум бремена отидов во аптека и побарав барем да почнам да појам фолна Ова сега , за втората бременост првата бременост видовме с.реакција 6та недела. Па кога ќе отидеш на прв преглед, те чекаме да ни кажеш како си поминала
Трета смена дежурни мешиња Киселини ми се јавија , реков ќе ги избегнам оваа бременост ама ништо освен сода и лимон што можам др да се напијам? Освен што имам киселини , бебе ми го деформира желудникот од вртење/клоцање моментално. Осеќам дека секој момент ќе повратам
@koritsaki Пробај јаболков оцет или малку сода бикарбона во вода. На мене од содата обично ми поминува, ако имаш цитрон или банана пробај изеди малку.
@lavinija28 добредојде во најубавата тема. Дај боже да имаме убава дружба После позитивна бета која ја извадив после 3 дена доцнење, прво ехо имав после 14 дена во 6 недела. Тогаш прв пат видовме плод и слушнавме срценца. Те советувам да почекаш и да не брзаш. Можеш само да се слушниш со твојот доктор за да ти каже нешто околу терапија (ако смета дека треба). Болките и чувството за добивање што го имаш се нормална работа. Скоро секоја трудница има таков старт. Ти посакувам лесна бременост! П.С. Добро утро мешиња. Будна сум од пред 5. Ме разбуди неубав сон. Сега така се вртам (колку можам) во кревет. Се смирив како кутре од неколку прегратки и тапшање по мешко Во понеделник сме на контрола во Ремедика. Очекувам да се договориме околу боцкање Флостерон здравје. Се прашувам каква мајка би била... Не сакам луѓето да ми го гледаат стомакот ами не па кога ќе се родат да ги допрат. Себично или "нормално" е, незнам да проценам. Убав ден да имате
И мене ме нервира кога не така блиски ќе ми допрат стомак, ме гледаат во стомак така заборавени или во моите отечени нозе
Очигледно ова за стомакот сите не нервира. Мене не само од не многу блиски туку и блиски кога сакаат да ми го допрат стомакот се нервирам. Единствено што ми доаѓа убаво на дишата е кога со мм заедно го галиме мешко, се друго ме вади од кожа
Добро утро, Чекам кафе па да ве поздравам. @lavinija28 добредојде, со лесно да си ја износиш бременоста. И да идеш сега на лекар(јас одма после тестот одев), не се слушаше срценце, па ќе ми речеа дојди за 2-3недели. Така да, може ко што кажа Бела да се чуеш со докторот да видиш дали ќе ти предложи терапија. Изгледа само мене не ме фаќаат за стомак Еднаш сега ме допре една пријателка и не знам не ми засмета толку,ме изненади, ама па не ни сакам така. Ајде одам да пијам кафеПовелете
Добро утро и од мене @rainbowmama фала ти за советите , не знам дали ми направи проблем тоа што јадев пита касно (1 саат пред да заспијам) или па ете требало киселини да ми се појават. (Често слушам дека бебето со коса ќе се роди барем со ќерка ми се потврди тоа) . Ама ме "утепаа" киселиниве , дури 5:40 заспав , саат и пол будна бев. Па и бебка не ме остави на мир , ме клоцна толку силно горе во дијафрагма што викнав на глас од болка За фаќањето на стомак , на работа ме испофаќаа , сега месец дена бев раат , од другата недела ајде пак ама гледам да се тргнам , ми е гајле, нека се лутат.. Јас отидов да правам палачинки женски , убав ден да имате
Гледам по форумов многу жени кажуваат дека им течел колострум уште од 17-20-25 недела... Јас сум 31, скоро 32 и не сум видела ништо такво до сега, капка или засушена коричка како што опишуваат. Почна ли вас да ви тече нешто? Дали ако уште не тече тоа е знак дека може да нема млеко после пораѓај?
Јас сум 24+ и сеуште немам ништо приметено. Мислам дека не мора да значи дека ако не се појави дека нема да има млеко после пораѓај. Уживај не се замарај со тоа.
Taa e I jas ja zemav istatai alal nekn se parite Jas sum stomatolog se raboti posle prvo tromesecie so cist anestetik bez adrenalin nemas nikakov problem.... Podobro toa otkolku da trpis bolki ili drzis fokus na infekcii netrtiran vp usta Samo odi kaj nekoj vnimatelen kolega sepak site ne sme isti
Ама ич да не се стресираш, тоа нема никаква врска со млекото после пораѓај. Ни јас немав ни капка, ни засушено во првата бременост, па млеко имав за извоз после пораѓај, се изнацица бебка моја Уживај
Сега сум 33+3 не ми има ништо потечено ама од искуство не се ни замарам многу. Со првото многу ми течеше, кога ке станев сабајле бев цела со флеки по облеката, со девојчето не ми потече ништо цела бременост ама во болница одма имав млеко. За овој бебуш ке видиме како ке биде уште малку. Во понеделник ке го отворам породилното 45 дена пред термин. На моменти ме фаќа страв на моменти сум нестрплива да се породам, бебе на последен преглед беше карлично поставено а ич не сакам царски плус имам висок притисок и незнам дали ке пробуваат природно. Ајде уште малку остана