Мило ми е што ви се погодиле од Локо Кроко, јас не сум задоволна од таа изработка. Гардероба имаат квалитетна не можам да грешам. Ни Чарли не ми се допаѓа многу што имаат, вака гледајќи по слики. Здравје за месец дена ќе ги прошетаме и другите продавници па ќе одлучиме.
@beba@meba ние од таму купивме креветче, количка, монтажно креветче, и нешто малку гардероба и дел играчки. Од се сум задоволна(да не испадне мое е па толку го фалам). Количката ја земавме со транспортер, прекривка за дожд и торба. Освен што треба да се испере-ко нова е. Торбата исто. Затоа и ги препорачувам. Е шетавме и на пластичарска, таму ем немаше многу избор, ем дел беа малку оштетени. За по продавниците низ Сити мол ми беше многу поскапо. Е од Бебе Супермаркет земавме коритце 1700 ден. Ама до скоро ја бањавме ќерка ми во него, сега пак ќе го користиме. Фала богу, се што купивме се покажа со добар квалитет, а не многу скапо.
Се' што спомна и мене ме плаши. Мојава ѕверка ја чува свекрва ми. Сакав со време да ја пуштам во градинка за да ги помине сите првични вируси и бактерии, да намалам можност за пренос кон бебуш. Ама се искомплицираа работите и сега нема место во градинка. Ќе биде весело кога ќе се роди бебка, јас со неа во спална, свекрва ми со малата во дневна. Па ко што има обичај да ми ја остави кога сум дома на 5 мин и ја нема 2-3 саати... Ќе биде весело, ама ќе се снаоѓаме, нема друго. За спиењето и ние се мислиме каков распоред да направиме. Како тргнало, најверојатно ќе биде некоја верзија на сардина-систем. Мене најмногу ме плаши како малава ќе ја прифати сестричката. Она си е мила и сака деца, сака да се гушка и бацува, ама уште нема осет за силина, стиска, се џитка и сл. Се трудам да не мислам премногу и да оставам да се одвива се' природно, ќе видиме дали ќе издржам. Штом ни се генерација првите, па и вторите, ќе се дружиме ние на форумов долго.
Женски со мешки, кажете ми има ли шанси во на почеток на 11 недела да се направи тој прв скрининг или рано е? Тоа е како детално гледање на ехо или на друг начин треба да си го замислам? После тоа ќе одам во странство и ова ќе ми биде последен преглед во Систина :/ За во странство ќе земам листа на вакцини што сум ги примила во мкд, мислите дека ќе ми бараат нешто друго дополнително таму? *исто имам док.за хив, хепатит а и б, ама којзнае дали ќе прифатат. Поздрав
Ако си полна 11-та недела, значи веќе 12-та ја тераш, што значи може. Скринингот се прави од 11-13 недела На скринингот се мери нухален набор и се гледа носна коска, тие се параметри кои се мерат за да се отстрани сомнеж за Даунов синдром. Воедно ќе го измерат бебе и видат развојот
Ги гледавме,ама не купивме од таму. Од Бебе супер маркет ни е креветчето со душек од Симпо. Количката и коритото со сталажа ни е од Енци Менци. И во Енци Менци има убави креветчиња за 8-9 иљади.
Читав нешто за тоа...приска се прави на државно, така? Со упат со матичен гинеколог на ГАК? И нема термини? Исто и за приска треба да бидам повеќе од 11н.1д.? Се извинувам за вака може глупите прашања, ама стварно не знам, плус и со инвитро сум, највеќе енергија потрошив читајќи за тоа и не одам кај матичната туку на приватно кај што правев инвитро.
Приска и прв скрининг се прават заедно. Можеш со упат на ГАК а можеш и на приватно во Систина,Ремедика. Термин еден месец однапред,ако начекаш
Матичен дава упат за на ГАК за прв скрининг . Се прави ехо, ти земаат крв и ти поставуваат неколку прашања. Тоа е приска-та, земање крв и споредба со мерките од ехо.
И мене некако најмногу ми се свиѓаат во Енци Менци од се што видовме. Неделава сум на преглед па здравје Боже ако е се океј, после одиме директно во Сити Мол да одбереме финално креветче. Туку не знам за кадичка/коритце што да гледам. Сите околу мене со бебиња ми викаат постоље нема да користиш, џабе место ќе ти фаќа, сите ги бањале бебиња со коритцето на трпезариска маса. Што мислите, што решивте вие? Какви земавте и од каде, гледам многу избор има.
Да, матичната ти дава упат за на ГАК за скрининг и приска, обично има слободни термини. Прво ти прават скрининг и мерат димензии на бебчето па после ти земаат крв. Не се плаќа ни денар во ГАК за тоа.
Да се уметнам и јас во муабетот со креветчињата. Ние зедовме од Бебе Хоум, стварно се поскапи, но се преубави. Со креветчето во сет има и фиокари па зедовме и од тие. @EvieBabe на овие фиокарите што ги купивме одозгора има кадичка и кога се затвори подлога за преоблекување, но според мене тоа воопшто не е практично зошто кога ќе се бања бебе сигурно ќе прска вода и ќе се оштети самиот фиокар. На ум сум да земеме таква кадичка со постоље ми се чини лесна за користење бидејќи е висока и нема потреба од виткање. Јас не верувам дека би ставила кадичка на трпезариска маса...
Добар ден мешиња , како сте ми? додека чекам да бидне скарата, реков да чкртнам нешто овде... Вчера бев излезена, пиев безалкохолен коктел, па се вратив и си легнав касно. Ќерка ми ме разбуди сабајлето- носот и бил затнат , па ајде пак си легна и слушам по некое време- не ми се спие кога гледам 7:30. Сега ми се спие ми се плаче, важно подобро од завчера имам спиено. Бевме до Веро имаше претстава - ќерка ми го гледаше кучето Петко, некој да не беше од вас таму Имаше песнички ама кратко траеше - едно пола саат. Почнаа да делат балони со натпис Џамбо , во моментот бев со мајка ми пред касите и чекав да дојдат татко ми и ќерка ми , да ви кажам луѓето ќе се потепаа за еден балон, некои по 5-6 држеа па тетратки почнаа да делат, тогаш некои со корпи чекаа на страна и ги полнеа корпите со бесплатни тетратки.. мајка ми отиде да земе еден балон за ќерка ми, јас на страна стоев викам за еден балон , ќе ме бутнат не си ја барам бељата.. што народ ќе бевме јас не знам, ама за се сме такви Сега зборев со мм , деновиве ќе се јави на гинекологот да ми закаже термин за во понеделник (другиот), а креветчето свекор ми го составил , баш ќе ви пратам слика кога ќе се вратам исто и од кадичката Остана уште транспортер да купам, пелени , влажни марамици, ланолин, и тоа ќе е. Треба да си направам список ,инаку сигурно ќе заборавам нешто Ова ни е фиокарата,не знам дали сум ја покажала.. тука десно ќе е креветчето. Лево е креветот на ќерка ми и е иста боја како фиокарата Едит: @EvieBabe ние купивме кадичка, ама без постоље, мене ми е мал станот па нема ни кај да го ставам , така да и ова бебе ќе го бањаме како првото
Јас сум за обично коритце затоа што размислувам кај ќе ги ставам после работите. Многу ми се понудија за такво корито со постоње ама ќе видам..
@Starlič фала многу.. Во Грција ја земав, од еден салон за мебел , во градот кај што живееме Мислам 120 евра беше. Важно ми беше да има многу фиоки , да собере повеќе алиштенца е сега викав и нешто вакво за пресоблекување да земам и да ставам одозгора, ама не знам дали ќе одговара