Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    18.644
    Ние од Енци Менци земавме коритце со индикатор за топлина
    (прилично големо) анатомски дел за внатре и постоље (како сушарите за алишта што се) за 2350ден. Ние сме без када така да ќе ни биде од корист. Плус на убава висина е ќе не мора да се виткаме надоле кичма да не боли. Коритцето може и за поголемко кога ќе биде да се користи.
    Јас од Икеа ќе купам фиокар сличен на твојот, а како првата подлога имам купено и планот ми е да ја ставам врз фиокарот, одговараат димензиите.

    Баш со една пријателка зборевме за оние кади со постоље и дел за пресоблекување, што се над 5000ден дека се неискористени и џабе фрлени пари. Кадата е мала,за до кај 6м, плус колку поголемо бебето толку поголем неред прави,прска и највеќе до 1г.ако го користиш. После во подрум.
     
    На flower30, Sexybaby86, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Локо кроко нудат квалитет.. и голем избор на опрема за бебе .. плус и облека... јас и коритце земав од таму, подлога жабче за бањање во коритцето, количка, транспортер, креветче, играчки, шишенца, цуцли, топломерче,мрежичка за комарци за количката, ќебенца, постелнина, водоотпорно чаршавче, подлога за пресоблекување,ноктарица, облека (боди, бенкички, пижамчиња, тренерчиња,маички,шорцеви,пелени,чорапчиња,лигавчиња,капчиња,ракавички) буквално се ми е од таму.. ем ми е блиску ем цените им се ок.. не е скапо воопшто ..
     
    На flower30 и Andonia им се допаѓа ова.
  3. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    јас си земав коритце од Би бејби, 600 денари. Планирам да го ставам на две столици. Прилично е големо и ми се допаѓа многу
     
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    18.644
    Со здравје да се користи се.
    Која цена е водоотпорното чаршавче?
    И за тетра пелените ме интересира цена:)

    Леле мешиња за два дена 34та недела, на крај на сите споро им поминува времето само на мене ми лета изгледа:lol:
    Или тоа бавното е кога ќе влезеш во 36та па чекаш...и чекаш...и чекаш...:D
    Исправ алиштенцата, утре да ги пеглам.
    Дел од прозорите се избришани,да се добришат и другите.
    Следниот викенд да испереме теписи и тоа би било од чистење по дома за бебе:D

    Да прашам, упатот што се зема за ЦТГ дали има време, како мој термин? Или е без термин па штом влезеш во 36та одиш кога сакаш?
    И дали секогаш се слободни докториве па бираш? На пример би ја одбрала Адела Стефанија,или Ливринова, или Кочовски...:wasntme:
     
    На Autumn_, flower30, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    137.212
    Пол:
    Женски
    Мислам првиот пат е со термин па после во консултација со доктор од болницата.
     
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.595
    Пол:
    Женски
    Добро утро труднички, како сте? :)

    Како по навика кога отворам форум, прво на оваа тема доаѓам. :)

    Се надевам сите сте добри и во исчекување. Ве чекам сите во другите теми кои следат после оваа. Поздрав и убав ден. :)
     
    На Magic13, butterfly.mk, Poklonce и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Добро утро! :)
    Мене брзо ми поминува времето иако сум во 37 недела. Мислам дека сум свесна дека "ситно" се брои, и дека чекала/броела тоа секако ќе си помине, па некако го користам времево да се релаксирам - колку што може да се релаксира човек со мев ко лубеница.
    Може пак дека ми е второ, па со првото доста ми "бега" од времето и не сум во ситуација само да чекам.
    Искрено некаде од кај 10 недела ми одеше споро па сѐ до кај 24-25... Тие недели пукнав некако - ем си трудна, ем не си. Е после мислам дека ми летнаа.

    Со маж вчера отворивме тема за бебево. Како и двајцата го паметиме периодот со ќерката како бебе за најубав период во животот. Иако на почетокот беше хаос, доење / спиење, да не знае човек кога е ден а кога е ноќ... Ама сепак. Така некако бевме премногу возбудени и цел ден со неа занимавај се (и двајцата бевме дома) играј ја.. па после кога се опуштивме - стави ја на града и глеј си серии.. :)))

    Си викаме аххх колку ќе е различно со второ. Баш што спомнавте - најголема мака во моментов ни е распоред за спиење. Чекаме креветчето да ни стигне што го нарачавме и секој ден се мислиме каде ќе го ставиме. Во спалната ни е креветот наш и за сега креветчето на ќерката. Не научи сама да спие. А последно уште пак не ни сака да спие сама во соба - во некоја фаза е кај што само ќе ни се пикне во кревет оти "сакала да си се гушкаме".
    Понајмалку ми е сега во план да ја "избркам" во друга соба. Планот е да им направиме детска и двајцата здравје да ги префрлиме таму. Ама кога, како.. навистина не знам. Опцијата е да ги тргнеме наткасните и да го сместиме и креветчето. И собата да ни е 4 кревети и толку. Ама кој знае дали и тоа ќе испадне, колку често ќе се буди бебе, дали ќе им смета на другите... Па пробувам да се релаксирам и да си велам - да не планирам многу пред време.. ќе си решиме ситуација кога ќе дојде време.
    Знам само дека не би сакала ни јас да сум сама со бебе.. оти ми текнува после породување со ќерката и кога ја доев пример во глува темница во 3 сабајле какви мисли ми се вртеа во главата - како ли јас сум сега мајка, како ли ќе ја заштитам од светов.. како сум одговорна за човечко битие .. и сега, познавајќи се, наместо да си речам, "хеј, еве го првото арно е веќе неколку години, смири се".. може ќе ме фати пак паника дека се две.. и милион причини можам да најдам во тие моменти кога стварно човек се чувствува најосамено, (како што и сега наоѓам кога се будам навечер).. па што знам. Сакам едноставно да сум спремна и за она што може моите хормони да ми го приредат.

    Сте отвориле тема за реквизити за бебе. Ние коритце земавме од пријателка тука - обично бело. Искуството за првото беше следно - земавме прво едно бело од Кико, внатре со вграден адаптер. Ја избањавме 2-3 пати во него од кои еднаш на трпезариска маса и 2 пати во вц на земја (имавме туш кабина). Толку непрактично ни се виде заради адаптерот, што отидовме и купивме од Лихнида Охрид производство обично големо пластично коритце. Ќе го наполневме со тушот на земја во вц, абе радости беа. Имаше простор за шлапкање, вртење и што не. Така да лично би избрала корито без адаптер.
    За ногарки мислевме и ние, ама некако ни се виде непрактично корито со вода полно на високо (што се покажа со првото бањање на трпезариска маса).

    За пресоблекувална, имаме баш како што ја покажа @koritsaki на слика (друг дезен) и се прицврстува за креветчето горе. Си ја земавме од МК затоа што едноставно и да сакаме - немаме место за комода за пресоблекување. Се ротира нагоре ако ти треба пристап во креветчето, иако бебето на почеток не го ни пополнува креветчето па си баратавме слободно сосе пресоблекувалната на него.

    Инаку вчера цел ден бебе успано, дури се загрижив веќе. За на крај на ден да се размава толку силно, како никогаш досега. Си реков ќе го пукне водењакот. Нешто ќе направи. Искрено не се сеќавам со ќерката вака да беше. Можеби дека имаше поинаква позиција (со глава надолу) и не се вртеше многу.. не знам... На цела болка и нелагодност само благодарно се израдував дека ми се смири душата и дека е сѐ ок.

    Ви се изнапишав реферати како и по обичај.. :))) Најубав ден на сите!!

    П.С. честито првачиња ако има некоја од нас со прваче!!!
     
    Последна измена: 2 септември 2019
    На Sexybaby86, Marmarin, Andonia и 6 други им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.990
    Допаѓања:
    108.503
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите мешиња :sun:

    @Kaetana ти ситно броиш :lol: 37ма недела, брзо ќе поминат и останатите недели :) колкаво е првото детенце?

    И ние го имаме истиот проблем со ќерка ми , има своја соба уште кога беше 5 години, и ја наместивме со кревет, биро, шкаф само уште да отиде да легне во креветот :lol: ама ништо- не сака. Сега има 8,5 години и спие уште во нашата соба, друг кревет имаме ставено до нашиот за да спие до нас. Тоа си викам , моја грешка беше што од негде 2 години почнав да ја ставам со нас да спие - кога ќе се разболеше -ај да ја следам да не качи температура навечер и толку требаше до ден денес не сака да спие таму. Па колку ми е страв да не ме клоцне по стомак :worried: на штрек спијам. Е сега сум си ветила дека со второто нема да е така , нема да дозволам :?: ќе си спие во креветчето уште од почеток и тоа е. Па покрај бебето може ќе сака и таа да отиде во нејзината соба, кој знае, баш ќе видиме :lol:

    Јас од утре сум 34 недела :lol: инаку во право си негде до 10та недела се споро ми беше , потоа летна времето. И моево успано беше ноќта, или не клоцаше и не се вртеше или јас убаво спиев :D ама не ја осетив. А и јас имам приметено дека второво повеќе клоца од првото :lol:
     
    На Magic13, dunika, Marmarin и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Мајки, мала помош ми треба. Моментално сум 12 недела, имам и хипотиреоза. Недела дена имам екстрасистоли, прерипнување на срце, во среда закажав кај интернистката што ме води за тироидната, но некако се мислам дали да одам и на кардиологија? Имала некоја сличен проблем?
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @koritsaki ќерката е 4.5 години, 5 ќе прави во јануари. И ние некако со неа се навикнавме да спиеме - мислам секогаш во посебно креветче но во нашата соба. Лани ѝ земавме големо креветче ама упорно сакаше да остане кај нас. А и мене не ми сметаше тоа. Имаме уште една соба која успешно функционира како гостинска сега за сега - особено што често доаѓаат нашите на посета, па и немало причина да ја правиме детска толку брзо. Дневната ни е многу голема и си има свое катче со тепих, маса, столчиња и што не. А секако е таква приврзана, што нема шанси да седи сама во соба и да си игра. Мислам веројатно и повеќето деца не би сакале да седат сами во соба на оваа возраст и да си играат. Ние бевме две со сестра ми - две и пол години сме разлика, па подруго е.
    Малата ја гледам во фаза е кај што има некој страв .. до вц кога оди така е целата на трње, па демек друштво да ѝ правам. Фаза е, верувам, ама баш се случува сега и ич не ми е пријатно да би ја "форсирала" да оди во друга соба.

    Сега знам дека најуспешна варијанта е да ги сместиме двајцата во детска соба заедно, за да нема лутиш нели и некои такви емоции.. но бебе сигурно ќе има потреба да спие со нас барем една година. А во таа година.. не знам како би се стиснале.

    Постои секогаш варијантата - маж и дете во "детската" а јас и бебе во спалната, особено што веројатно би било попрактично ако бебе се буди и плаче често... Ама искрено јас не сум сакала така никогаш и како што пишав мислам дека мене ќе ми треба пак некој да имам до мене. Ама едно се желби, друга е реалноста.

    Затоа си велам, самата ситуација веројатно ќе ни ги реши дилемите. Иако стварно се мачам да смислам систем уште од сега кој би функционирал.
     
    На Sexybaby86, dunika, bela.m и 3 други им се допаѓа ова.
  11. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.894
    Допаѓања:
    142.296
    Јас. Ама јас и пред да останам трудна имав проблем со тахикардии и правев испитувања, беше добро но примав Верапамил. Продолжив да го пијам во бременост. Пред 10 дена пак ми ае јави тешко дишење, гушење и на моменти прескокнување и отидов до Систина на дежурен. ЕКГ ми беше уредно. Ме прашаа за тироидната (пијам и Еутирокс). Ми рекоа деја во бременост е нормално да се јават тахикардии, гушење, болки во грбот.
    Провери си пак тироидна, во бременост брзо расте ТСХ, еден интернистички преглед и консултирај се ако треба и со кардиолог, чисто да си бидеш мирна(јас така би направила).
     
    На Scorpio87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Фала ❤️
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.990
    Допаѓања:
    108.503
    Пол:
    Женски
    @Kaetana Значи исто, и кај нас таа соба е како гостинска , ете кога доаѓа брат ми кај нас спие во креветот на ќерка ми :lol:
    Да исто и ние се навикнавме да спиеме со неа , ама сега мора нешто да се смени. Нашите соби и општо станот не е голем , па сите 4 нема шанси да не собере во една соба :D јас планирам да одам да спијам во креветот на ќерка ми во детската соба со бебето, и ноќта секако ќе морам да станувам , а мм и ќерка ми во спалната да спијат. Уф, баш ќе видиме како ќе биде :D
     
    На dunika, bela.m, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Фала фала и Вие се што ќе купите со здравје да си користите..
    Па тетра пелените се 80 ден една со разни дезени имаш, а додека пак чаршавчето е 350 ден.. имаш и од 590 а не знам што е разликата кога мене исти ми се видоа...
    За цтг матичниот ти го закажува првиот пат на мој термин со датум час и време, и да ... можеш да бираш бидејќи јас бирав кај др. Киревски.. после тоа он ми закажуваше на секој 2 ден ..
    А Адела Стефанија тешко дека ќе ја добиеш бидејќи тешко се доаѓа до неа освен ако имаш среќа да биде тој ден на смена па да ја бараш.. јас имав среќа кога се пораѓав она да биде дежурна таа вечер .. она ме пораѓаше заесно со Калчев и Зулбиери.. златната тројка за цезарија... (имав тежок пораѓај - природен) а од акушерките беше една добра и фина женичка по име Валентина.. среќа се добро помина... пробај некако да биде она присутна кога ќе се пораѓаш, подобро ќе поминеш со неа... и нејзиниот тим.. со лесно мајка
     
    На Mini90, koritsaki, flower30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    За тие кои сакаа да закажат преглед кај Снежана Миленкова од ординација Коруноски еве број.. плус тоа сега на друга локација, исто Коруноски ординација.. но во Аеродром не во Центар Screenshot_20190902-125302_Facebook.jpg
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво,
    денес правев крвна слика пошо утре сум на преглед.. 8ка железо, 106ка крвта.. седиментацијата ми е многу висока 80 а вика до 10/20 е во граница на нормала.. што може да биде.. ме загрижи ова сеа..
     
  17. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Мислам седиментација имав видено дека во бременост не се проверува нормално било да е покачена
     
    На Miss.N и lejlla им се допаѓа ова.
  18. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    да? ај ако знае и некој др нека каже.. некако се исплашив да не има некакво воспаление.. попладне ке одам и до кај матичната да ги види резултатите..
     
  19. Andonia

    Andonia Популарен член

    Се зачлени на:
    2 март 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Иста бев и јас одсекогаш имав седиментација 5 а последниот пат кога проверував ми беше 20ка истата реакција ми беше и мене дека нешто се случува,но свекор мие специјалист по општа медицина и одма кај него со резултатот и не реагирам ништо и само ви вика супер тие крвната слика,и јас зачудена и тогаш реков а седиментацијата е висока ,и тогаш тој рече дека да не ми ја испитуваат нареден пат затоа што е нормално да е покачена во бременост и тогаш ми олесна.
     
    На bela.m, Autumn_ и Miss.N им се допаѓа ова.
  20. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Не се испитува тоа во бременост, нормално е да е високо,оди си на преглед смирено
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.