@Autumn_ @Adams Да сега прочитав и во др групи тука, но и пребарав во лабаратории пиши дека не се испитува, а убаво им нагласив само тоа што е потребно за трудница да ми испитаат.. не треба многу за да не извадат од памет.. Фала ви девојки... имајте убав ден
Мајки до кога се пие дабрестонот и утрогестанот? Се е во ред со бременоста а сеуште не ми ги прекинале, еден доктор ми спомна дека се земале до 12-13недела ако е се во ред и исто дали може од лековиве бидејќи се хормонски да ме имаат надуено уште повеќе ?
Лејла јас синоќа,заклучно со крај на 9та Г.Н ги прекинав.Имав по 3 дневно,сега здравје,се надевам се ке е во ред.Искрено и мене ми сметаа,3 пати дневно дезинфицирај раце,па пикај,па лежи малку,па тоа истекувањето нивно ме вадеше од памет ако бев негде надвор...
Јас ставам само по едно навечер, многу ми смета и покрај тоа што е само еднаш, гаки мењам 3 пати во ден (несакам да ставам секојдневни), по 2/3 пати миење.....башка тоа ставањето грозно, ама како ќе ми кажат така ќе правам. Ти по препоракана доктор ги прекина?
Мака ми е... Тешко ми е... Депресија на големо ме мава... Отидов да си купам било какво фистанче, на роденден сум кај кумовите, детенцето полни 1 година. НИШТО не ме собра, плачејќи си одам дома... Ништо немам што да облечам, ни панталони некои, ни фустан... Во кафана ќе го прават не можам да одам било како, ни за било како немам што да облечам.. И одлучив да не одам.. Дома ќе седам...
Што се секираш па ти, треба да се радуваш, живот носиш во тебе....ајде расположисе. Викендов јас си го испразнив речиси цел плакар, ништо не не ме собира, а тек сум 17та недела, ама јас се радувам, не ми е гајле за алиштата, ако треба само во пижами дома ќе си седам и ќе си ги чекам принцезите, само здрави и живи да ми бидат немој никако да се онерасположуваш за такви небитни работи
@Starlič Не се нервирај безпотребно , ситуацијата ни е таква сега, што те собира тоа ќе си облечеш, еве тркни до wаikiki (не знам од кој град си) има таму за добри цени облека за трудници, не мора па да е нешто свечено. Да ти кажам јас на две крштевки досега отидов и цело време носам две исти фустанчиња, не се свечени баш широки обични се , и се тие ги носам. Имам огромен стомак и баш ништо не ме собира и ми е гајле да ти кажам. Уживај си облечи си тоа што ти одговара , нема никој маана да ти најде
И мене нишо не ме собира секое излегување само тоа го кажував немам што да облечам и само кукав.. едно фустанче и две рала летни пантолони имав.. некни од вајкики ми зедоа фармерки и кошула труднички се диши некако.. било што стави и не се замарај убаво да си поминеш уживај сите сме исто
Ооо а јас што да кажам,како буре сум И јас купував пред 10тина дена,бев разочарана зошто не ни знаев каде да шетам, на крај најдов во Енџел, лесен материјал како свила,кај градите на преклоп,надоле паѓа,со лента на средина. Бројка 46 претходно бев 40-42 ама заради меше ништо не ме собираше. Го носев на крштевка,ќе го носам и на свадба. Така да биди по упорна верувам дека ќе најдеш. Ако си во Ск види во бутик Супер кај железничка имаа на фб фустанчиња,така ни секојдневни ни свечени
Ставав кринон гел до 13 недела, тогаш ми го прекинаа. Еден пријател доктор ми викаше Абе ставај си утрогестан цела бременост, од него само арно, лошо нема ама јас си одев по насоките на Ивановски. Во 24-25 недела први знаци на скратен цервикс и ми воведе утрогестан по едно навечер, еве 32 недела уште ставам. Да знаев дека ќе се скрати цервикс, стварно ќе ставав цела бременост. Колку и да се досадни, даваат безбедност, а тоа е најбитно
@Sofi.ja @Miss.N @koritsaki @lejlla Одлучив нема да одам.. Немам намера да се нервирам и таму цело време... Ќе си одам на работа..
Цела бременост ја поминав во хеланки, маички и пошироки летни кошули што ги врзувам под стомак. Имам труднички фармерки, имам еластични памучни фустанчиња што ме собираат - не бре брате, хеланки, маичка, патичиња не ме интересира кај одам и што повод е. Во тоа се осеќам најпријатно и не се замарам
кога влегов во 7 месец спакував се во плакар што не ме собираше. Од цел плакар, ми останаа 2 фустани ко за по дома, еден ок за искачање и неколку маички. Ептен ме мавна во глава депресија дали ги пакувам за стално, дека нема да можам веќе да ги носам. Плус работата ми е таква да морам да сум облечена business casual, па буквално немав ништо. И купив два пара труднички панталони и 2 труднички фустани што може да се носат и на работа, и имам таман 5 комбинации за секој ден, а секоја недела исто носам. Сега за уште еден месец на работа ич не купувам нови.
@Starlič не се замарај за тоа ич, си го имаш маш ти до тебе, него си му најубава ваква со душа во тебе. Јас 2 свадби имав плус една моја во 6ти полни месец, сега имам уште две од кој на едната и 9 ќе сум... што најдам тоа ќе носам, нормални се овие слатки маки.. Иначе мешиња пак да сум трудна пак би терала цело лето на жешини, само во зима да не се мачам во долги, јакни, џемпери..едвај чекав да дојде лето во фустан цел ден да се ладам..
Тешко ми е... А кума сега кога ќе бидам на 21? Па тогаш што ќе облечам, типката дури и на штикли ќе била. Му кажав на маж ми дека нема да одам. Викам и сам знаеш, ме виде неќни дека ништо не ме собира. Ме подржува тој. Вика само не се нервирај. Само уште на свекрвата да и објаснам зошто нема да одам, знам ќе ме притиска ама што да правам.. Ќерка ми вика извини мамо ама морам да раснам. Душа моја.
Почнав јас да летам со мислите дај Боже прво до таму да стигнеме. Ама, ме интересира: планирате ли да терате она со 40 дена? Да не ви доаѓаат луѓе, да не го изнесувате бебе никаде освен на контрола? Кој ви е ставот за ова? Јас искрено уште немам некој став, затоа прашувам. Мои роднини и пријатели кој како; едни од прв ден дома луѓе собираа уште на излегување од болница, други чекаа 40 дена. Свекрва ми пред некој ден одма скокна Нема луѓе дома 40 дена, а мене па тоа ме нервира кога некој ми кажува така заповеднички, божем друг ќе одлучи наместо нас. Баш ме интересираат искуства и од тие што веќе имате едно дете
Јас планирам да го истерам тоа 40 дена, поготово затоа што се работи за зимско бебе со настинки, вируси, загаденост..дома ќе ми доаѓаат само ептен блиски... сепак и јас да се вратам во нормала..
Јас го терам адетот 40 дена,пред све ради бебуш,а и јас малку да се опоравам на почетокот додека човек се организира и навикне на новата ситуација,а и не ми се мрда некако.Иначе што све не се издржа,ќе се издржат и 40 денови,па после нема прибирање од шетање.Но мила ти види како ќе ти одговара тебе и на беба.Секое добро
Јас оти прво дете и таков карактер сум, сите да ги послушам не искачав со дете до 40 дена(освен во двор). Уште беше и свежо за некои шетања. И пред 40 дена излегов да се шишам, се осеќав ко од затвор да сум излегламајка ми беше кај нас, ми се изначуди како ми се смени расположението. Така да, ако можеш мој совет бар по пола саат да шетате. Ама не по гости и со гости. Надвор, во парк, пред зграда. Ако е добро времето, секако. За тоа доаѓање на гости кога бебето уште нема 40дена сум и јас ЗА. Бидејќи, искрено има луѓе без осет. Ќе дојде и ќе ти седи 5 саати или со нос растечен , ама" ништо не и е" и морала сега да дојде да го види бебево. Или влагаат, фаќаат нешто прљаво и право го фаќаат бебето за лице или раче(ок е, не треба под стаклено ѕвоно да е, ама па дете од 2 недели не мора да го фаќаш со нечисти раце) има време кога да ствара имунитет. И мене ме нервираа тие "наредби" од старите што мора или не мора и толку ми влијаеа што ем збунета, ем прво дете, ем ај може така треба, не можев да размислам со своја глава и се слушав. И затоа тој период место најубав, ми беше најстресен. Најбитно е да сте на иста "фрекфенција"со сопругот и да терате како вие ќе се договарате. Уствари поголем дел од времето како ќе "каже шефот" т. е. Бебето