Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.877
    Допаѓања:
    142.127

    Мене мм секогаш ми вика така - остај мои и твои, гледај на нас двајца и децата што ни одговара, тоа ќе правиме. Ама јас допуштам и други да се мешат и затоа и почесто имаме расправии со мм.

    Мене инаку многу напорно ми беше доаѓањето гости на повојница. Ни дојдоа многу гости и тоа идеа се по двајца. Јас, ситничар, секое доаѓање на гости чистев цел ден, па со мм спремавме, па после со гости. Сите гледавме да ги пречекаме со мезиња, салати, похованици. Се изморивме и физички и финансиски. И плус седат гост, дете плаче за спиење, трчам успивам дете, па се враќам со гости.... Мене многу напорно ми беше. Ама ок е, за убаво да е, па ќе се издржи:)
     
    На Suzzicka, Sesil, Magic13 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Лејла јас сум 27+ и уште ставам Утрогестан едно навечер. До 12 недела бев на кринон стапчиња.
    На денешната контрола докторот ми рече дека до 32 недела здравје ќе ги ставам. Бременоста ми е без компликации но заради тоа што носам близначиња вели дека подобро е да ги ставам.
     
    На lejlla, flower30 и Martka им се допаѓа ова.
  3. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    14.440
    Пол:
    Женски
    Мене сите ме прашаа, јас реков кој кога може тогаш, небитно дали има 40 дена. И испаднаа сите со осет, па не идаа, освен домашните. И јас не би одела кај некој барем првите 2 месеци дур пркне бебето. Само за роденденот од мм се собравме пак поблиските, тогаш бебе имаше 10 дена.
    Ама ми беше напорно со гости за повојница, до 6 месеци редовно ни идаа, после се намалија. :) Ептен се притресувавме со маж, обавезно мезе, салати, кифли или проја, нешто благо, па ваков таков пијалок... Рековме само за убо да е ама напорно е. Па и јас сум таква шо не можам да ги оставам гостите и да си терам со бебе па цело време како на штрек бев. Дури некогаш се нервирав ако заспиеше бебето пред да дојдат, демек за него идале. (facepalm) Ама и ко ќе има коментатори од страна па уште пострашно, правила си кажуваа. :fubar: Сега ко ќе се сетам смешно ми е ама тогаш бев под стрес. А за излегување, не излегов ич и појќе од 40 дена. Прво јас не бев опоравена, никаде не ни сакав да одам, немав желба ни да се облечам. После залади па убо ми беше со бебе цел ден.
    Сега здравје, само да е се во ред, па ќе видам зависно од ситуацијата така.

    Инаку, цтг денес покажа само една контракција до кај 40-50. После ништо. Ама еве сега осеќам ко да ме боли/боцка десниот јајник почесто и не знам веќе шо е нормално. Ни да лежам не ми се погодува, ни да седам, ни пак да стојам. :|
    Останува препораката да мирувам, среда пак уште една контрола зш одат на одмор неколку дена. :worried:
    Со Господ напред, секој ден си викам, ќе издржиме. :)
     
    На Sofi.ja, Sesil, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски

    Со првото излегов кога имаше 25 дена. Претходно излегував нели затоа што ја носев на педијатар на контроли. Адети не правам бидејќи не верувам јас лично во тоа. Ќерка ми е во јануари родена. Беше почеток на февруари, ама еден така убав сончев ден, топол, запаливме колата и до количката саат време низ парк. Се препородив и јас, а верувам и на бебето му пријаше сонце и воздух.

    Кога се преселив тука, скроз друг менталитет. Мајките се охрабруваат да излегуваат секој ден со бебето барем на половина час. Уште од одма. И во зима. И на ладно. По улици на сред зима шетаат мајки со бебчиња 2 недели стари. И сите се во кенгур најчесто.

    Јас би рекла - прва прилика кога ќе можам да излезам - ќе ја искористам. Сега не ми оди да се форсирам после породување, но пак да можам и да сум способна и на убаво време да седам во 4 ѕида само заради адети, и тоа не ми оди.

    Повеќе верувам во тие 40 дена (па и повеќе) од аспект на претерување на луѓе со повојници. Особено не толку блиски луѓе кои ете "сакаат да си истераат ред" а човек се справува уште пример со крварење и со навикнување на бебе, доење и што не. Немам проблем на мешање на бебе со луѓе, блиски со кои сакам да се видам и пред кои не ми е незгодно да ме фаќаат топлотни бранови и да се препотувам од хормони.. и на кои можам да им кажам дека морам да дојам или како и да е...

    Но стресови од аспект ко Цвет што кажа - чистење цела куќа, па спремање трпези, па терање домаќинлук во толку рано мајчинствување (па дури и подоцна) не би си припремала.

    Башка јас лично не ги разбирам луѓето што одат кај толку мало бебе. Реалноста е - бебето ќе бара да цица цело време (дури и на пола саат) и воопшто не е интересно. Уште не комуницира со светот, нема некоја интеракција... Поинтересни се после 3-4 месеци, кога веќе препознаваат лица, се смешкаат, ...


    Најнервозно пак ми беше кога така ќе дојдеше некој во првите месец дена, па уште се чудеше зошто бебето цело време сакало да цица, па ќе почнеа да фрчат коментари за млекото, дали сум имала, дали било слабо... Или ќе видеа 2 какани пелени во рок од 40 минути и готово бебето го дијагностицираа со пролив.. па да сум дала Линекс..
    И кај јас хормонална цела, темпирана бомба... ама си велев - ајде.. смирено. Смирено... Ќе заминат за брзо... :))))
     
    На mal.ecka, kockichka, Girl-Rabbit и 12 други им се допаѓа ова.
  5. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Мешиња како сте, читам сте се изнаприкажале. Со влегувањето во 7 месец почна да ме дрма еуфорија, планирам што да си купам за бебите, каков распоред да направам дома, како ќе воспоставувам ред со две новороденчиња, како ќе се сносам со новата улога...
    Од денес сум преселена кај мајка, варосуваме дома од утре па јас да не кркам нервози само. Плус на домашна нега.. Мхх, милина. Малку ми е гужва на моменти, внуците се прилично темпераментни. Поголемиот многу ми се радува на мешко, постојано го гали и бакнува ама помалово е ризично богами, не разбира и може лесно беља да ми направи не дај боже.
    Денес бевме на контрола, палавковци пораснати машала. 1080 и 1045 грама им е тежината. Напредни момци. На татко им :)
    Петановски ми вели дека се одвива бременоста како по книга. И тоа ми створи таква радост на душата.
    Ќе видиме дали ќе има потреба од флостетон, според него засега не.
    Таргет ни е да стигниме до 33 недела, после веќе лесно ќе ни било. Дај Боже, без проблем, исто како до сега.
    Околу 40те дена. Искрено освен моите и на мм, не би сакала други луѓе барем првите два месеци. Плус ќе фаќа зима, период на вируси... Ќе бидат многу мали, осетливи. Нема да се срамам да им кажам "НЕ, да пораснеме малку" . Ама пак ќе речам, здравје само, да ги дочекаме тие моменти.
    Детска соба за бебињата немаме. Нашиот спрат е одвај 60м2, имаме дневна, спална, кујна со трпезарија, тоалет и мал ходник. Првично во дневна ќе сме дека таму ни е најтопло. Се грееме на дрва, на алфа плам печка. На пролет здравје одиме во спална. Гости ќе пречекувам во трпезарија. Тесно ни е, за нас двајца тој простор беше идеален ама во блиска иднина нема да е воопшто. И тука се нервирам некогаш, како ќе се организираме?? Се смирувам со помислата дека всушност најбитно е да ми е тесен домот од членови на семејството, без разлика на големината негова. А баш е кутивка и има семејна топлина во него.
    Цел реферат изнапишав, а очи ми паѓаат. Ме изморија лудориите на внуците. Оди па натерај ги да се качат горе кај нив додека тете им е тука :)
    А тете изолирана со месеци, како на остров да живеам. Само тишина сакам.
    Ако е рано, ви посакувам добра ноќ. Ќе има маратонско спиење, чувствувам. :*
     
    На Girl-Rabbit, *malenavolena*87, rainbowmama и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Здраво мешиња :) како сте?

    Одмарам по дома се припремив за утрешниот преглед и мислам дека за прв пат го осетив бебушот.. како да ме допре некое чудно чуство.. на два пати на кратко :)) .. ме израдува :) :hug:

    Иначе ме интересираше како ги броите неделите..
    според табелава.. или .. некои ми велат се бројат поинаку ..
     

    Прикачени фајлови:

    • nedeli.png
      nedeli.png
      Големина на фајлот:
      14,1 KB
      Прегледи:
      47
    На *malenavolena*87, Kaetana и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.910
    Допаѓања:
    108.119
    Пол:
    Женски
    @EvieBabe јас со првото дете излегов прв пат кога беше 7 дена старо. Бевме на лекар и сакав нејќев морав да излезам.
    Се сликавме и сликата ја имав прикачено на фб , мајка ми ми се јавува на скајп и вика - што брзавте толку да ја изнесете надвор! :lol:
    Потоа до 40 дена ехее прво и вадев пасош па по кафичи на отворено си седевме , не и беше ништо. Она се роди крај на март и времето топ беше.
    Инаку сега во октомври здравје треба да се породам, до 40 дена дома нема да седиме со сигурност, ама ако дуваат ветришта, во затворено ете во игротеки , кафичи не би ја носела, ептен на прошетки да. И ладно да е , ако е облечена убаво ,ништо нема да и биде.. :)
     
    На mal.ecka, Sesil, Ladyyyy567* и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Мешковции утре сабајле одам да проверам скриен шеќер си реков ќе куртулам ама не :^) Дали течноста шо се пие е грда ми е страв дали ќе можам да ја испиам па да не ми се слоши и така си правам филмови(facepalm) Повеќе ми е страв од тоа што треба да го пијам а не од иглата додуша се навикнав секоа недела си одам да ми земат крв :D
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно, како вода со многу шеќер, без гајле. Јас ко што бев гладна од сабајлето дури вкусна ми дојде :D А мене во Систина од прст ме боцкаа, не од вена.
     
  10. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Оф ајде може и мене ќе ми се бендиса :D А за боцкање мене ми рекоа од вена ама незнам дали сите три пати јас пуста гајле немам :lol:
     
  11. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Јас терам 37ма недела, времето се ближи и не ми е верно воопшто. За адетот до 40 дена...па моите родители од прв ден планирам да ги примам, други не, можеби блиска другарка после 20 дена здравје. Свеки како што наслушнав кога ги праќавме теписите на перење спомена дека мора да бидат чисти ќе доаѓале луѓе, па ако планира сама ќе си ги чека :):). Иначе за излегување не знам се зависи од бебе и од мама, а и од времето, доаѓа есен...ама сигурно ќе одам до кај мајка ми, ептен ми е блиску. Пак ќе речам прворотка сум и не знам што ме чека, се зависи од бебуш.:inlove:
     
    На bela.m, Suzzicka, EvieBabe и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    До 40 дена признавам само најблиски да доаѓаат..Не дека толку се тресам бебе да е под стаклено ѕвоно,но пред се и за мајката е напорно да пречекува било кој првите 2 месеци.Сеуште несоземена ајде да ти се лупнат на софри..|(Додуша,и после 2 месеци да е,генерално тоа идење 'на бебе'шема ми е толку безвеза а сеуште постои кај нас,може не како порано но сеуште доаѓаат и кој треба и кој не треба понекогаш..пак и во парови бе(facepalm)Ај разбирам жени само попладне на кафе ок,ама коа ќе се наканат со мажи официјално,па софри спремај,пиење друго трето..па демек за бебето дошле,а бебе не го ни гледаат:DМајката дента спремала,чистела,доела,па ај вечер насила прај се свежа,позитивна,одморена а мислиш само млеко да не ти протече од некаде што се вика па трчи по бебе..:emo::whew:Битно гости дошле,најадени,напиени ај,нек е за убо,ама мислам дека треба да се искорени ова со тек на време.Кај нас почнаа на мекици кога се прави да носат поклони за бебе и така е подобрo и попрактично според мене и за двете страни:)
    Што се однесува за излегување,сум за пред 40 дена,здраво е и за мајката и за бебето на воздух,секако во времетраење според временските прилики.
     
    На Kris80, dunika, flower30 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    И кај нас исто поклони носат на мекици и ретко тетки дома да се собираат, еве јас за мене си кажувам кај втори братучедки братучеди сум одела само на мекици, дома не сум ни била, бебе сум видела прв пат случајно по пат. Блиски другарки и братчедки први немаат деца, од на мм другарите кога имале бебе сме оделе после 2, 3 месеци и повеќе. Бебињата сме ги гледале на фејсбук.
     
    На dunika, flower30, bela.m и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Фино што постојат како изговор тие 40 дена, за да вратиш одредени гости, најблиските нормално уште првиот ден биле тука. Јас отсечно не забрнив на никој да дојде, ама по односот ме приметија дека не ми е до гости, од некои следуваше и заладување на односите демек намерно ги одбивам, уствари бебе се погоди плачливо, мрзливо за цицање и јас бев цел ден распиштолена да дојам, да се одмолзувам, да топлам гради под туш, уште за гости пречекување бев. Имаше и толку културни пријатели што си почекаа да се стабилизираме, па пристојно се најавија, на влегување правец во тоалет за да измијат раце за да го подржат бебето а не да го чешкаат по образи и рачиња, плус дојдоа околу пладне кога бебе беше најсвежо, тие донесоа благо ние направивме кафе и најфино си поседовме. Ама кога ќе се акнеа во 7-8 навечер, јас преморена бебе плаче на 15мин :yawn:. После некое време им кажував дека во 8 часот си легнуваме, и навистина си легнував, бебе избањато, јас еден туш, па сок пд јаболко и плазма како закуска да има млекце, и одмарање во кревет, бебе ќе станеше еднаш за цицање и следното спиење и јас со него. Уфф на кои денови се навратив, најтешките и најубавите во животов. Со две ќе бидат дупло потешки ама и дупло послатки сигурна сум, како и да е ќе ми фали да можам комплетно да се посветам како на првово, ама барем се надевам некое помирничко ќе биде :inlove:
     
    На marchi-cool, Kris80, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Only1

    Only1 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Девојки веќе сум 30 недела,како што се наближува времето се повеќе страв од пораѓај (facepalm) Како ке се породувате со епидурална или без. Јас сум некако повеќе за природен пораѓај, а овде кај нас не ставаат епидурална,а без неа некако страв ме фаќа.|(
     
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.097
    Допаѓања:
    136.775
    Пол:
    Женски
    Мене коса ми се крева од фамозните 40дена, од тоа како општеството кај нас ги претставува, ко да после 40дена магично се се менува, бебе стекнува супер имунитет, мајка спремна 24/7 на сите да удоволува. Уште повеќе ми се потповраќа од адетите до 40 дена кои освен на простотилок на друго ништо не ме асоцираат.
    Се зависи од бебето и од мене. Немам некои строг критериум ако сме двајцата океј немам ништо против да ми дојде близок човек со кој и онака си идеме по гости. Далечни со кои се глеаме само на свадби и погреби немам, не сакам да имам, или комуницирам редовно или никако. Идење чисто од култура јер има некаква релација меѓу нас, пример роднини ама не се глеаме ни комуницираме на било каков начин не им одам и нема сигурно да ми дојдат. Ако време дозволува може да шетнеме на отворено без разлика дали е 14ти или 40ти ден, ама за шетање моето ваљда ќе почека троа повеќе јер зимно бебе е. Не планирам ни молитва да терам, ни било каков верски обред.
     
    На Kris80, mal.ecka, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.376
    Допаѓања:
    18.601
    Првиот ден од излегување од болница очекувам да бидат кај нас бабите,дедовците,чичкото и вујкото.
    Кај друг никој не сум била пред 40 дена, ниту сум сакала ниту сум била повикана,така да нема ни што да ми доаѓаат.
    Кој и да се најави ќе го префрлам за после 40дена да има време и мајка да се опорави и бебе да пркне и да се навикнеме на ново настанатата ситуација-нов член во семејството.
    По гости не ми е во план да одам,но ако е убаво времето би сакала по 30-40мин прошетка на воздух со бебе.
    Кај нас баби и дедовци не се слушаат,како ќе се договориме со маж ми така ќе тераме.
    Но сигурно нема да ги тераме адетите не и кажувај пријатно на мајката ќе нема млеко,не се сечат нокти навечер, не се изнесува ништо од куќа за 40 дена. Тоа ми се живи глупости ,измислени од народот.

    @Adams не е толку гадна течноста како што некои тука ја опишуваат,и јас читајќи бев спремна на гадно ама ок беше,помина:D

    Неделиве ми летаат, воопшто не размислувам за пораѓај,дали е нормално тоа?:wasntme:
    Од утре 34та, уште 6 до максимумот...
     
    На Kris80, dunika, flower30 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Bonnie Top

    Bonnie Top Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Женски
    Мешковци јас да си се пожалам какво грдо искуство имам доживеано вечерва.

    Вечерав во кревет и лежев доста свиткана и се осетив како ми работи забрзано срцето, но бидејќи не е прв пат не обрнав многу внимание. За некоја минута станав да идам до вц и осетив како ми се сврте во главата, но продолжив. Само што стигнав во тоалетот пробав да земам длабоко воздух и не успеав и ми се стемни пред очите. Веднаш излегов и ги викнав мм тој ме прифати и јас буквално неколку секунди како да изгубив свест и ме обли топла пот... ауу грдо чувство. Прилегнав на под и и за кратко се вратив во нормала и ми се стабилизираше и дишењето. Сум имала претходно панични напади, но сега прв пат толку изразено. Имала ли некоја од вас слично искуство? Незнам дали да одам на лекар, сега сум супер исто како ништо да не било...

    Се изнакукав, но морам да споделам со вас. Инаку од денес 28 недела почеток на трето тромесечие :)
     
  19. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    @Miss.N Првиот пат кога ќе го почувствуваш бебуш е незаборавен ❤ Неделите и месеците мислам дека така се сметаат, иако кај мене ваму бременоста 10 месеци ја бројат па нема збунка со неделите :D

    Инаку мамички, во врска со The Wonder Weeks, онаа теорија за скоковите во развојот на бебињата, знам дека има апликација ама се наплаќа. Јас ја набавив книгата во .pdf формат, па ако некоја од вас има време и ви се чита, оставете ми меил во лп, ќе ви ја пуштам.

    Јас уште некој ден и во трето тромесечие. Уште од сега беби не ме остава да спијам навечер, а тек па во подоцнежните недели или откако ќе се роди. :D Инаку ваму после пораѓај се седи еден месец, не 40 дена, и мислам дека ќе ги отседам, особено зашто декември знае да биде ветровит, па не знам дали би изнесувала бебе на ветар. Луѓе на почеток не верувам дека ќе ми доаѓаат, од тоа сум спасена, моите ќе можат дури после еден месец да дојдат што мислам и дека е поубаво, ем јас ќе бидам закрепната, ем се надевам ќе бидеме колку толку уходани со беби, па ќе можеме и да излегуваме, да шетаме, да примаме гости...

    Едит: пак со книгите. :D Ја имам и The Happiest Baby on the Block, класика за справување со плачливи бебиња од 0-3 месеци.
     
    На Miss.N, dunika, bela.m и 2 други им се допаѓа ова.
  20. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Јас уште реално не знам што не чека кога ќе донесеме бебе дома :) затоа и си прашувам за мислења, особено од тие што веќе еднаш го поминале ова. Подалечни луѓе не ми паѓа ни на крај памет да канам или да примам, повеќе ми е за блиските (тетки, братучетки); од една страна стварно би било фино на старт да се средиме сами и да не доаѓа никој, од друга страна не знам како би ги одбила ако некој се најави зашто баш си живееме блиско онака :/

    Инаку мислев дека јас и маж ми сме ретки будали што толку се притресуваме со спремање за гости ама очигледно многу не имало такви тука: од куќата да свети, до салати, мезиња, скари, меса, похованици, благо - така да дефинитивно не ми треба тоа со новороденче дома - дури и да дојде некој може само кафе да му сварам и купечка торта да му дадам, а за повојници здравје има време понатаму.

    А имам слушнато дека е фино да се шетнува бебето во количка одма, соодветно облечено, па ако е убаво времето во октомври, ако не е смрдливо во Скопје уште рано, би ја вадела на кратки прошетки после 2-3 недели можеби. Пак се зависи од бебето и ситуацијата, ако не дај Боже се роди некоја недела порано и ако е ептен ситничка, сигурно нема нигде да ја носам - тоа само во случај се да е во најдобар ред.
     
    На mal.ecka, dunika, flower30 и 3 други им се допаѓа ова.