Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Успешна мисија едвај а испив течноста ама на бебе изгледа му се бендиса па кога се размрда сега ма сите страни :D
     
    На kockichka, Nora.A, Sofi.ja и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Добро утро.

    Лоша сум ако дополнам дека кога си дојдов дома од болница ама буквално никој не сакав да ми дојде? Ни свекрви ни мајки. Уште гаќи немав облечено, со улошка и хеланки бев. Укочена од 6 дена во болнички кревет. Сакав домче да сме со мажот, да се распиштолам раат гола, од што ме болеа градите од доењето.
    Не ми е удобно во такви моменти никој да ми се протерува низ дома. Себично, но моментот на стигање дома си го сакав да е само наш како фамилија.
    ...

    Јас сериозно зачестив со дежурања навечер - станав во 3 и до кај 6 не можев да презаспијам. Башка, од вчера вечерта таква болка имав во препоните и вагината што не се сеќавам дека сум ја имала со ќерката.
    Мешиња што се породивте или вие што сте пред сам финиш - искуство?
    Буквално кога чекорев по дома ме болеше многу. А ништо посебно немам пешачено многу или активности некакви околу тоа.
    Вагината ја осеќам како потечена малце (а реално мислам дека не е) и како врз неа да тежи нешто. И тоа мислам дека е ок. Ама болката ми беше чудна. Се одморив и ја нема денес. Може и од замор. Да, не пешачев ама вчера танцував на рап музика по дома (демек да се раздвижам)... (facepalm)


    Друго нема..си чекам следен преглед, времето ми лета :ninja:, уживам малку во самотија, и секој ден се наканувам да ги досредам документите. Ниту генералка, ниту бебешки работи средени... Јас си рапувам очигледно, до таму ми е дојдено... Ќе си рапувам ако реши да нѐ изненади порано. :?:
    Ама логиката ми е - е што ќе перам, шкафот не го средив за бебето. А шкаф не ми се средува. И ај сега.

    Ве поздравувам и ќе продолжам да живуркам со надеж дека ќе добијам енергија да потсредам нешто. Ако не, Нетфликс не ми бега. :x
     
    На The Unicorn, Kris80, kockichka и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Ladyyyy567*

    Ladyyyy567* Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2018
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Истите симптоми на болка,отеченост,вкочанетост ги имав и јас поизразени со второто..може дека повеќе години разлика па телото се менува,виталноста се губи и сл.Не знам колку се твоите разлика ама и секоја бременост си е различна.Јас буквално неколку дена пред да се породам,некаде 38 недела,се акнав интензивно на чистење,средување,па и скали горе доле дека нестрплива да се породам веќе и прв ден од 39-та добив болки и се породив природно за саат време:).Така да слободно ако си при крај рапувај си,средувај си и ќе биде.
    Иначе за второто и јас повеќе мислев како што ќе биде,ме фаќаше страв,читав се и сешто,тоа баш дека веќе си минал еднаш и знаеш што те чека:D.За среќа,помина се како треба.
    Со лесно и се најдобро ти посакувам и тебе,како и на сите идни мамички:f:
     
    Последна измена: 3 септември 2019
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Иста сум и јас со неспиење секоја вечер. Се будам за во тоалет кај 3 саатот и до 6-7 никако да заспијам. Нервозно в крај, си велам да искористам сега, ама свежа наспана се чувствувам.
    Тежок месец е 9ти, болки во препони и јас имам и во вагината како пристисок цело време. Изгледа нормално е. Ајде ќе издржиме уште малку.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.877
    Допаѓања:
    142.125
    Добро утро,
    Денес денов уште од сабајле никаков. Ме боли пак стомакот, менструална болка. Во четвртокот бев на гинеколог, се беше супер. Утре сум на ЕМГ. Ама денес пак ме фаќа нервоза и паника. Стварно, не си умислувам, ама стварно ко проколната сум, секој ден да ме боли нешто. Ме плашат болкиве, ме плаши што уште ми се стврднува стомакот. Се плашам што ќе ми кажат утре.
    Колку и да се трудам да останам смирена и да не се нервирам - не можам, не ми е сеедно.
    А вчера па, се напив Сидерал. Леле попладнето нагони за повраќање:( прашав една аптекарка, ми рече може и од нив да е. Па ми рече после јадење да ги пијам.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.681
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Здраво мешиња :) Мене прв пат утрово ми се случи следново- станав се нормално за во wc, но нешто не можев баш да појдам и одеднаш ме облеа пот и целата пребледев готова да се онесвестам. Не ми се повраќаше, само одвај се довлечкав до спална целата пребледена, па мм ми подаде ракија, се намачкав на лице, каснав благо, блага вода и ми помина. После пак станав, ок беше и малку поткаснав...Ама многу паника ме фати. Ви се има ли случено вакво нешто? Знам дека треба да има симптом со повраќање ама ова беше баш за онесвестување....И да напоменам дека сеуште си имам и како болки за пред добивање, па мислам дека и ме вртеше стомак пред да станам, а фала Богу никакво крварење немам досега .
     
  7. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Мене во рана бременост во 7 и 8 недела на два пати ми се случи. Не повратив ама мислев дека готово, до тука било. Жешка пот, темнење пред очи, како да ми се пресекоа нозете. Не можев до кај мм да отидам ни да ми викнам. Држејќи се по ѕидовите се враќав до соба. Многу кратко траеше ама ме исплаши два пати. Мислам дека е нормално да се почувствува таква слабост..
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Изгледа стравот никогаш не поминува :( еве јас денес сум на контрола, 32 недела и цело сабајле сум во грч што ќе ми кажат, дали е се добро. Капак, баш сабајлево стомакот 20 пати ми се згрчи од ич ништо, така во седење, во лежење - мислам дека психа ме мава и ова на нервна база е, немам друго објаснување. И тебе сигурно до некаде ти е на психичка база, штом во четвртокот било се океј на преглед.
     
    На koritsaki, bela.m и flower30 им се допаѓа ова.
  9. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.877
    Допаѓања:
    142.125

    Искрено, стварно не знам како ми работи психата:)Мм ми вика дека ми е од страв, дека утре сум на преглед па потсвесно мислам цело време на тоа. А па и дека секој ден со болки и колку и да не сакаш ти ствара ужасна нервоза.
    Да, многу ми е страв за утре дека многу често ги имам стврднувањата и молам Бога бар да е истиот резултат, а не полошо. Оти ако е полошо ќе треба во болница да лежам и одма стравови и нервози......

    Ајде, не се секирај, ти го поминуваш "кризниот период", нели примаше и Флостерон, сега е полесно. Пиши како си поминала:hug:
     
    На bela.m, EvieBabe и Larahappy им се допаѓа ова.
  10. Rad

    Rad Активен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, тие што сте правени серклаж дали правевте микробиолошки брисеви овие што се во 34 -35 недела? Јас сум со серклаж и матичната ми рече на наредна контрола да земеме брисеви а баш ја прашав пошто сум со серклаж дали треба ми рече дека требало. Се јавив во систина каде што ми ставаа серклаж таму сестрата ми рече немало потреба биле негативни пред серклажот. И сега не знам што да правам, инаку користам спреј октанисепт и немам чешање или секрет. Ако има некоја членка слично искуство нека сподели
     
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.372
    Допаѓања:
    18.598
    Сакаат уште сега (на нероден "Петко") да ни купат седиште за во кола. Ќе било подарок за повојница.
    Гледам има различни групи на седишта и ако добро разбрав највеќе ги препорачуваат оние од 9-25кг.
    За почеток имаме транспортер додека не го надрасне.
    Што мислите за купување на седиште пред раѓање, која марка би ја препорачале и што е важно при купување на седиште,да знам кога разгледувам?
     
    На mal.ecka, koritsaki и Larahappy им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.902
    Допаѓања:
    108.054
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja

    Ние сега земавме транспортер , еве го овој е 0+ , што јас би го користела додека не почне да седи бебето и да е по стабилно (некаде до 6-7 месец)

    [​IMG]

    Имаме и вакво , од првата ќерка ова е за деца веќе што седат од 9-18 кг :) chipolino е , постар модел од 2011 , ама не се прескапи како некои други :)
    [​IMG]
     
    На Girl-Rabbit, mal.ecka, Larahappy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Poklonce

    Poklonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да се активирам малку :D, од сабајле со мајка ми купивме креветче, сега го монтираа, па со мерак почнав да го бришам и да си средувам низ соба. Вчера со свекрва ми купивме детергенти па кога дојдов дома веднаш пуштив машина со ќебенца за да видам како ќе мириса :lol:. Активна од 7 часот, можеби затоа што знам дека времето се ближи па само си правам филмови дека нема да стигнам се да средам. Сега седнав да одморам додека дојде свекрва ми за да ми ја испере постелнината за креветчето (јас си ја ставив во када да се кисне па сега се нацица со вода и не можам да ја поткренам :rofl:). Од утре 35 +1 времето ми летна и едвај чекам да си ја видам бебушка во раце
     
    На Girl-Rabbit, dunika, Kaetana и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Синоќа плачејќи заспав.. Денес повторно плачев... Чувствувам дека депресијате ми зема замав.. Мајка ми ми се јави сабајле ми кажа една глупост.. Затворена сум во четири ѕида.
    Немам никој тука.. Немам со кој да поразговарам.. Мака ми е што сама ги поминувам одвие денови..Единствена утеха сте ми вие тука.. Можам за се да разговарам со вас, тука сте за мене.. :hug::hug::hug::hug::hug::hug:
     
    На Girl-Rabbit и Andonia им се допаѓа ова.
  15. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Женички денеска не мереа и тежиме 1300 29+3 докторката не кажа ништо па незнам дали е добра килажата
     
  16. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Кај секого има некакви проблеми, и тие што се во мкд и тие во странство, и тие што се со семејството во една куќа и тие што живеат сами. Никому не му цветаат рози. Никој не те тепа, не те малтретира, живеј си го животот сама/несама што е толку важно :)
    и така се се менува, и твојата моменталната ситуација ќе се смени некогаш.
    Не треба да мислиш негативно. Прошетај се во природа со некого, па или сама, диши длабоко, размислувај за иднината позитивно.
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.372
    Допаѓања:
    18.598
    Моето во 28ма тежело 1330 грама. Така да би требало да е во ред :)
     
    На Adams му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Јас ги правев и тие, и си имав бактерија па си пиев антибиотик
     
  19. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Не дозволувај да зема замав, сврти го вниманието на друга страна, занимавај се со нешто. Гледај си бебешки ствари на интернет, читај си, мисли си на убави работи. Нормално е да сме малку нестабилни сите, хормони се во прашање ама ќе помине. Ете и јас завчера си поплакав сабајлето, си се пожалив тука и тераме понатаму :)

    Те бутна она со гардеробата, со килажата и те разбирам, ама на сите ни е исто :) Јас пред да останам трудна по 5 неделно имав разни физички активности - не познавам поактивна жена од мене и сега одеднаш врзана во кревет не смеам ни да пешачам. Ми паднаа мускули, ми се разлабавија, се поправив, ми се појави целулит на бутките, не ме собира во старите алишта - ама знам зошто го правам се ова и знам дека после ќе се вратам во ред најбрзо што можам. Само нека се роди бебе, одма паѓаш 4-5 кила, па после доење, шетање, трчање по бебе, ќе почнеме да си вежбаме, ќе бидеме тип топ во рекордно време :D

    Затоа не се секирај, мисли само на убавите работи :hug:
     
    На Girl-Rabbit, dunika, rainbowmama и 7 други им се допаѓа ова.
  20. macence994

    macence994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Ми треба совет од вас
    Купив течен детергент Ариел како на сл што е , е сеа нз дали и каков омекнувач да купам
    :?:
    Сепак прво бебе па нз што како
     

    Прикачени фајлови:

    • st0per_511.jpg
      st0per_511.jpg
      Големина на фајлот:
      30,2 KB
      Прегледи:
      10
    Последна измена: 3 септември 2019
    На Autumn_ и koritsaki им се допаѓа ова.