@Starlič јас со првата бременост бев така , цело време плачев , се расправав со мм за се и сешто, ама многу често бев тажна.. а и тогаш ,само што се одделив од моите родители , брзо останав трудна и можеби се ми имаше дојдено оддеднаш плус хормоните дивеат.. Сега вторава бременост, дали дека ќерка ми ја имам до мене , и со неа се занимавав , па на работа одев до крај на јули плус сега месец дена седам кај моите родители и ете времето помина , немам време да мислам нешто негативно.. Не се грижи се е до хормоните @macence994 супер е детергентот што си го земала, јас да ти кажам не сум земала омекнувач а и за првото дете не користев сега баш се мислев дали да земам некој..ете гледам на Бекутан има , дали сте го пробале него
Здраво девојки, денес бев на преглед и докторката ми констатира дека цервиксот ми е 2.7 цм, а сум 28 недела т.е 7 месец. Ве молам за мислења и охрабрувања.
Не знам дали примаш терапија и кои препораки ти ги дала докторката, ама од мене мислење е СТРОГО МИРУВАЊЕ!!!! Јас во првата бременост, околу 30-32 недела кога отидов на преглед ми рекоа дека ми е 2,5см и ме ставиха на строго мирување. Се породив природно во 38ма недела. Ќе пишат или ќе прочиташ доста трудници дека со строго мирување издржале до 9ти месец.
Jas gledav eden chicco omeksivac go imam koristeno i za mene predhodno i e mn ubav a e hipoalergen za bebinja samo potesko se naogja
Во 20та недела ми беше 24мм, сега сум 34та, последен пат го меревме во 28ма беше 34мм. Лежење и примање терапија,совет од мене.
Здраво мешиња, како сте Ние денес го завршивме скринингот добро поминавме и цервикс и органи.. 480гр дупло од минатиот пат и 90% е машко, али тие 10% знаат да измамат хехе .. битно да се здрави и живи бебушите за полот нема врска Иначе сакав да ве прашам и за мерките на задните бочни комори? до 10 биле во нормала кај нас само тоа беше 9,3 со 9,4 предните и се останато уредно и ова е во границите на нормала, но требало да се движат до крај на бременост со овие мерки тоа и се зголемувало и се намалувало малце ме загрижи тоа али вика во границите на нормала е.. кај некој вика и се повисоки па немале нишо бебињата.. али сакав и тоа да прашам.. искуство.. ?
Само што се враќам од контрола, генерално се е океј, докторот беше задоволен - сите мерки и параметри си се таман за 32 недела, само главчето во големина е како за 30+4, значи заостанува недела ипол Баш се загрижив, гледам докторот три четири пати премерува, ама рече ништо страшно, може не можам да го фатам добро да измерам, може едноставно генетски поситно главче. Не знам што да мислам, пробувам да не се секирам... Ми рече да мерам притисок и да му пријавам ако случајно се качи над 90/140 и за една недела пак на контрола за да видиме дали ќе има потреба од нова доза Флостерон или не. Цервиксот од 3см намален сосем малку, 2.75 и рече дека е задоволен за 32 недела. Не знам за главчето само што да мислам; знам дека утињаат мерки и ништо не треба да се зема здраво за готово ама сепак ми е шубе Инаку веќе е 1650, со обравчиња и дури и косичка како мовче се виде на 4Д
Здраво мешиња Иако не сум активна со пишување ве читам редовно.Јас сум веќе 35+2 веќе ме почнаа паниките околу пораѓајот.Втора бременост после 12 год (исто ко прва да ми е)Мешко во оваа бременост ми е многу помал од прв пат иако се е во ред како будала ме фаќаат мисли зошто е така ,кога ќе ме прашаат луѓе која недела сум и кога ќе го слушнам она Аууу па не си голема за 8ми месец ужассс!!Останав дома па се нешто измислувам за да мислам... Друго што ме плаши е царски рез,со прво сум природно но со тежок пораѓај ,и тогаш др рече второ со царски зш имам тесна карлица за да не се ризикува .Е сега и сама сакам царски ама па незнам како е?!За лепотицава се уште не сум купила фустан ,се што видов се со некој тул ,сакам нешто памучно а интересно ,ако сте виделе некаде кажувајте... Ве поздравувам сите мешковци ...
Мајќички сакам да купам шишенца и цуцли за бебуш, ме интересира која фирма се подобри, NUK или TOMMEE TIPPE?
Најмногу што читав по групите беше за avent или tippe. Јас земав авент две цуцли се во едно и стаклено шише.
@KuklickaSk од 17та недела се препорачува омега ама во пракса од 12-13 го даваат, фемибион 2ка и прегназон комплит имаат омега сигурно, другите не знам. Важен е за развој на мозочето и општо за бременоста и постелката. Инаку, течен детергент и омекнувач не одат заедно, во сите течни има омекнувач и не е ок за пералната дупли омекнувач, ариел доволно мириса како со омекнувач, јас дури ги преплавував за да се намали мирисот, за мене нема потреба бебе на омекнувач да мириса на бебе сакам да мириса, а и парфем на таа тенка кожичка ми е
Јас купив сет од две шишиња пластични на Tommee tippee (највеќе ми ги фалеа тука на форумот) антиколик од 260мл, се мислам да земам барем уште едно стаклено 120мл ама не знам и колку ќе ги искористам искрено мој совет , купи 2 да си имаш за секој случај , а може и нема ни да ти затребаат
Се мислев барем 3 да земам,едно за вода, за чајче, и понатака за сокче, ама стаклени, пластичните не ми фаќаат око..