Ова нешто за срцето зборуваш? Прв пат слушам, до сега никој не спомнал на преглед,а бев кај 5 различни доктори. Од почеток и сеуште: Утрогестан од 200мг 2 пати дневно На почеток 2 пати дневно Магнезиум од 400, сега по една кесичка Примив 5 инекции прогестерон депо Примив 3 чепчиња Индометацин За утрогестан ми рекоа до 35 недела (уште една недела ќе ги ставам) За магнезиум ми рекоа до 36 (уште две недели ќе ги ставам) Инаку мами да ви кажам во Стружанка шарени тетра пелени од Алкалоид,Берово се по 65 ден една. Си одбрав 10,од претходно имав 4,за почеток мислам доволни се,ако зафали ќе пратам маж сега знам кај има. Се мислам дали да земам прслук за доење,продавачката ме разубеди некако. Тој за доење на НББ беше 750ден, во Сара фешн исто се околу 700, единствено во Карамел на Бит пазар беше 250ден. Продавачката од Стружанка ми вика што ќе ти е специјално за доење,земи си обичен памучен,тие по 200ден беа. А во СФ попуст,викам ај имаше гаќи од 55 да земам и онака сите ми се мали,таму само С,М бројче тие ни до пола нога нема да ми ги собере
Да , јас по грешка ги земав тие пластични , а сакав стаклено па 2-3 можеш да земеш , види како ќе ги прифати тие на tommee tippee, ги опишуваат како најслични со дојките на мајката со првото дете воопшто немав искуство ниту со цуцли ниту со шишенцата Едит @Sofi.ja јас од ред стар кај рампа земав два - кремас и бел и сега си ги носам , мноху ми се погодија да ти кажсм , и беа околу 140 едниот. Благодарение на @Starlič бев до таму во Стружанка ги гледав тие и мн скапи ми се видоа
Да да, баш за доење се. Јас денес прв пат на работа го носев едното, леле како ништо да немав на себе. Се се пипкав викам абе да не заборавив јас прслук да ставам
Јас земав пластично на Авент, стаклените се потешки може и да падне да се повреди бебе, а пластичните ем се полесни за држење па и бебе ќе може да држи кога ќе подпорасне, а и исто се вријат. Прво се мислев за стаклено мислев ради похигиенски, ама чим слушнав дека и пластичните се вријат зедов пластично, а цената е слична мала разлика има.
Еве што сум ставила на што последно си купивте 135 ден е еден значи се отвара напред, за доење е , нема жици , одлични се
Не за мозочето и тоа било со мерки се и јас прв пат слушнав.. мојава до детал објаснува за се посебно дури некогаш и не се потребни толку информации..
Значи сепак by Sara fashion. Мајмунки едни,само скапите ги нудат Ќе поминам до рампа за 700 ден 5 пара ќе купам
Да баш на главната улица во тој ред каде што има продавничиња, накај семафорот , има еден саатчија оддамна е тој таму , епа до него е продавницава, порано беше сара фешн таму. спроти семафорите има една зграда доле е коцкарница се надевам детално објаснив
Добро утро мајки. Утрово се разбудив за на работа и идам во вц нозеве како затегнати доле ги осетив, кога ќе ги видам стапалкиве што ќе видам, оток уште поголем мислам од вчера, знам дека нормално е да се повлече додека спиеш, така барем ми се повлекуваше минативе денови...ова изгледа ми е знак за дефинитивно да си пишам боледување и да не се малтретирам повеќе! Пишете ми како сте вие со отоците, дали ви се повлекува наутро?
Јас вчера земав на алкалоид од бебешките на бит пазар 10 тетра 400 денари (бели) а шерените им беа по 600 10. И јас се мислам како и ти за прслук за доење мислам дека е практичен, каде се наоѓа тоа карамел? Во сара фешн начекав Л јас, земав Л, но сеуште ги носам малите бројчиња.
На тема градници, вчера купив од НББ кај Рампа во К. Вода, еден обичен памучен 200 денари и еден кремаст за доење 450 денари. Супер се.
Добро утро мешиња како сте? Јас 25+3 си терам ,Фала на Бога добро се осеќам да не се жалам напразно. Туку имам една мака се плашам да не наштетам на бебушка ,навечер практикувам да спијам на страна де на лева де на десна страна се вртам но има моменти кога ке се разбудам во сон се наоѓам на грб како сум се завртила најверојатно сум се здрвила на страна па на грб,и кога ке се сетам одма факам позиција на страна ,дали може да му наштетам не дај Боже на бебуш што така лежам ?
Добро утро, Чекам за преглед. Раце ми се тресат од страв,што ќе ми кажат за контракциите. Нервозна сум нешто уште од синоќа, сега ем уплашена ем некако некое тажно чувство. Уф, се надевам дека се хормони, оти ако продолжи вака ќе полудам. Ме зафркна мм ладно било надвор уствари беше пред да тргнеме. Си облеков кошула, кондури и сега не вријам, ама се кувам Ќе си почекам уште малку, има една трудница пред мене, па ќе ве дружам. Убав ден
Бидејќи оваа тема е најактивна ќе ве молам за совет, веќе една недела како сум породена, имам несоница, на почетокот спиев по некој саат а еве овие два дена немам спиено ни два часа, бебето го дојам, инаку е мирно немам проблем со него, некоја со слично искуство или совет ќе ми биде добредојден. Пробувам да спијам но никако не бидува, а срцето мислам ми спие. Поздрав и се надевам ќе добијам некој совет