Добро утро и од мене мешиња времево некако залади ,баш сега најавија на тв дека веќе нема да има многу високи температури, па фала Богу туку јас да се жалам , седам , си пијам чај како секое утро , но имам нагони за повраќање , некако лошо се чувствувам и тоа не сум знаела дека ова може да се случи и во 34та недела дали беба дека пак горе ја осеќам , не знам. Таман реков овие денови малку е подоле , подобро дишам , ама денес не е така.. @Andonia јас насабајле се будам легната на пола стомак , било да сум лево-десно свртена.. на грб ако лежиш може ти да имаш отежнато дишење, на бебето не верувам дека може нешто да му биде барем јас кога лежам така се чувствувам. @flower30 те чекаме да ни пишеш како си поминала на преглед , верувам дека не е ништо
Карамел е после полицијата во таа улица од лева страна. Само коритце од 500-700 @flower30 те чекаме со инфо дека си добра
Од кога почнува да се користи релаксатор? Се понудија да ни купат за поклон па да знам кога би ни требал, дали за месец два или многу подоцна е тоа да не стои така со месеци...
На релаксаторите пишува од 0+, но ние еден што купивме на подарок седиштето беше како во дупка. Па мајката си стави перниче за да дојде рамно на бебето и го ставаше од 1 недела. Бебето дали по 5-10мин сакаше да седи. Е сега веќе е поголемо,3м и седи и подолго Така што,нека ви купат индивидуално е.
Добро утро на сите Почнав и јас миле паника да бидам , вчера на преглед бев ама не приметив во мајчината книшка докторката кај гестациска недела ми пишала 33+0 а гн по ултразвук 34+2 , е касно видов коа си дојдов дома инаку ќе ја прашав зошто толку разлика има Место самата да каже вака сеа јас да мислам што е и како е
Стигнав дома и пијам кафе. Ајде повелете Докторката рече подобрена е состојбатаВика подобро е од пред 1 месец, ама пак треба да лежиш Викам јас ни до двор не излагамЕ сега може малку да промрдувам домаама вика со усул, немој ја викам малку движи се па ти земи бриши прозори. Јас и викам, сакав ама ај ќе се воздржам. Се изнасмеавме, многу фини и културни и сестрата и докторката. Контрола за 1 месец. @EvieBabe ние релаксатор купивме од раѓање. Кај нас се покажа најискористено нешто. Кога малата имаше грчеви и не спиеше, дома само во релаксатор заспиваше. И на почеток со релаксаторот во кола одевме секаде. Јас мислам дека ќе врши многу работа. Ајде одам да пијам кафе, па ќе пишам пак
Многу ми е мило што се супер ти кажале Смири се сега малку и уживкај; гледаш дека сепак било делумно и психа Јас се изначитав на интернет за случаи кај што главчето било помало за една недела и очигледно има многу такви, наводно не е страшно се додека не заостанува повеќе од 3 недели. А и докторот не беше нешто загрижен, па ај решив нема да се потресувам туку ќе се смирам со гледање бебешки работи на интернет Пак ми фуфка де, ама што можам да сменам со нервоза... А колку беше убава на ехото вчера, ќе ми се растопи срцето, ми се плаче од љубов...
Фала ви @EvieBabe @lejlla Јас сум ви најпаничар и најпесимист трудница мислам дека ко ќе се породам, ќе славите на темава (ама не само за пораѓајот, туку и дека нема да досадувам веќе). Ми олесна малку, се смее мм ми вика "насмеј се малце де сега, барем денес". Отидов и до црква прееска, полесно ми е кога ќе се помолам таму. Инаку гледам во Зегин намаленија на детски боди, и видов намаление на омекнувач Чико, и други детски работи, па кој сте за купување да си знаете. И друго ми спомна докторкава, коментиравме нешто за проверка на скриен шеќер и вика и она исто - ако немаш индикации и во урина шеќерот ако не е висок немаш потреба да се малтретираш. Вика пази си на исхрана, исто и таму ќе ти кажат
Во врска со скриениот шеќер, јас немав никакви индикации. Нормална тежина, бебе со нормална големина, плодова вода во идеална количина, шеќер на гладно дури низиок, но испадна да имам скриен шеќер. Среќа што го проверив. И мене ми сугериташе матичниот нема потреба да го проверувам, а испадна дека сум го имала. Во 32ра недела го испитав, малку доцна и од тогаш сум со терапија и диета. Затоа најдобро се да се провери отколку штета да се направи.
Не знам кај да прашам, овде сме најактивни Сестрата ми спомна дека можам да отворам обично боледување со комисија, давале 1 месец, па после здравје породилно. Ама не ја прашав точно шо како во гужва беше. Дали некоја знае шо документи треба за то? Знам само дека секоја среда има комисија во социјално. Друго нешто да сте запознаени? Да ви кажам денес пак бев на цтг. Покажува слаби контракции пак, ама посмирени се за разлика од претходните пати. Петок пак да одам. Ако осетам нешто и утре да одам. Ама јас еве не осеќам нешто посебно. Не знам ни шо да очекувам дека треба да осетам за да одам. Цела сум збунка Болка во препоните имам ако сум поактивна со малово или ако се укочам во една положба па дур се раздвижам. И то не знам дали е нормално ама за 34 недела ваљда е. Барем така сите ме смируваат. Вторник брисевите да ги земиме, не дај боже ако има нешто да реагираме. Ама јас си признавам дека не лежам цело време. Од сабајле со малово јадење, играње, па во нокшир седни-стани, облечи, слечи... си бара внимание. Е ова време ќе одморам дур спие. После пак, ручек, па исто трчање со нокширот, па ќе дојде золва ми...цел ден нешто се дешава. Колку шо е возможно гледам барем да седам, со 2-3 перници зад мене. Од време на време ќе измијам некој тањир зш свеки моја не сфаќа шо значи мирување па ќе пофрчи малку или од околу ќе си коментира и ме нервира многу. Ко јас да уживам вака. А ноќе не спијам убо, покасно ќе легнам, сабајле рано ќе станам, таа си спие до 9. И сега да земам за то да и коментирам? Ај да не испадне жалење од свекрвата ќе си застанам тука. Ај ќе ве поздравам сега.
@Starlič @koritsaki Ви благодарам за информацијата за прслучињата си земав две и тоа меѓу последни беа. Ако на некоја мама и треба нека не се мисли, убави се памучни... Земав и Ланолин 214 е да го пробаме како за почеток, ако не бива ќе земеме на Медела.
@Magic13 па веќе не знам ни јас што да мислам. Две докторки ми рекоа дека не мора. Гинекологот пред една недела кога бев мереше (мислам желудничето на бебе) и рече ако е поголемо тогаш укажувало на скриен шеќер. Рече на крвна слика шеќерот е супер, немам во фамилија болест, пред 4г. проверував во првата бременост и рече да не одам. Денес докторката рече, да внимавам на исхрана, благо не, тестенини, бело брашно да избегавам(дека тоа би биле и препораките од докторите). Ќе се консултирам пак
@Larahappy нема проблем , со здравје да си ги носиш Овој ланолин го гледав баш и се мислев дали да го земам , ама видов во Грчка кај мене поевтин е тој на Медела одколку во Мк па ќе го земам од понеделник
Мамички сакам да ве прашам за тие што раѓавте во Чаир каква е процедурата околу торбицата, што треба да донесам во прв момент и што ќе ми дозволат да внесам? Што потоа носи сопругот?
Леле ќе ти се скарам ако си го купила моето бројче Видов на фб и во Три бисери имаат продавница,таа ми е по уз пат,им пишав дали ги има таму,да знам да одам на сигурно. Ќе видиме дали ќе најдам
Земав и Ланолин 214 е да го пробаме како за почеток, ако не бива ќе земеме на Медела.[/QUOTE] Јас го користам овој ланолин ок се покажа бар на мене,ми ја смирува болката во брадавиците.
Воопшто немој да паничиш зашто ќе се пораѓаш царски.Верувај самата операција трае 30мин и осеќаш само допири и никаква болка.Башка го избегнуваш фамозниот преглед со рака што мене многу ме плашеше.Ова ти го кажувам од искуство затоа што се породив пред 14 дена и поминав баш царски.Мој совет е одкако ќе те станат нареден ден после операцијата движи се повеќе и не залегнувај во кревет и многу побрзо ќе ти помине раната и болките.Со лесно и без паники,а да и болката е како воспалени стомачни мускули после вежбање ама издржлива
Јас ги земав од таа на Бит пазар. Во една корпа се расфрлани па треба да си бараш...и моите се различно бројче двете ама со оглед на тоа што се памучни нема гајле... Земав и влошки за гради од ДМ мислам може да се најдат кога се иде негде.. @Sofi.ja дали почна да спремаш торбица?