На почетокот кога ми се лошеше еднаш бев во Чаир со намера за инфузија. Додека чекав тие 3-4 часа видов како луѓе носеа кеси,торби и ги подаваа ба шалтер,вработените ги земаа и ги ставаа во количка за пазарење. Не прашуваа што има, а еден татко нагласи дека има ќебапи(порачала мајката) со намера да и се однесе побрзо Со здравје да се служите,од каде и цена ако може? Инаку да ви кажам во Ред стар во Аеродром од прслучето имаше некоја бројка 34ка, и многу многу неуслужлива продавачка. Викам ова на кој број одговара, ми вика на најмало...кое најмало викам само ова ли е? Не има неколку . Од кој број? Од тој. И јас со мешко се наведнувам да побарам позади Лара јас ставив пешкир голем,мал, вир влошки 3-4 пакетчиња, тоалет, влажни, чорапи, стегач, влошки за гради, пластична чаша,чешел, ќе доставам уште влечки,паста,четка за заби,гел за туширање. За гаќи знам дека не смее,затоа не ни ставам, од облека ништо зошто даваат спавачи, за излегување ќе ми донесе мм заедно со бебешките.
Благодарам ми ги правеше мајстор си ги видов од интернет и ми ги направи исти а и доста е голема и кошта 8000 ден.
Здраво женски прекрасна тема која неодамна почнав да ја читам...Сакав да прашам што се тоа вир влошки и тетра пелени т.е која им е намената? Исто сакав да прашам со што чистите бидејќи на големо се зборува за штетноста на обичните средства за чистење.Благодарам
Јас не чистам со ништо бидејќи сум на мирување цела бременост (ми доаѓа жена) ама моја најдобра другарка знам дека вецето го чистеше со оцет и задоволна беше. Вир влошки не знам што се а тетра пелени се оние памучните пелени.
Мешиња, за уринокултура неможев да издржам утрово и испуштив прва урина.. сеа да однесам нема да биде исто а?
Подобра опција ти е утре да однесиш. Уринокултура исклучиво со прва урина се испитува. Треба само да испуштиш малку млаз па да наполниш чашка.
Како што читав, урината треба да е стоена во бубрези мин. 4 часа. А ние трудни тешко дека ќе издржиме до сабајле да не отидеме до веце. Јас мојата 2 саати во фрижидер ја чував, исто прочитав дека може до 24 саати да се чува во фрижидер..
Вир влошки е име на влошки а тоа ти се оние влошки со мрежичка .. се користат во болница после порагај зошто ќе крвариш одреден период и не смееш да носиш гаки бидејќи во болница не дозволуваат.. треба да си понесеш влошки со мрежичка а најдобри се ВИР ВЛОШКИТЕ .. има и други , со друго име.. на пример бони
Мешковци добар ден... повторно да Ве информирам со попусти.. знам дека Ви е потребно ова.. бидејќи и мене ми беа потребни кога бев бремена.. вреди да се направи секој тест за да се биде сигурен во се... https://www.facebook.com/834802806608476/posts/2406141312807943/
Мешиња сакав да прашам која е разликата меѓу овие две врсти на цуцли, освен што се за различна возраст. Кои се поубави. Се одлучив да купам од Авент.
Јас зедов такви на авент и од Томи Типи. Бебе само авент ги фаќа. Томи Типи некако покрути се. Во криза кога не можеме да ги најдеме авент бркаат работа.
Од овие две разликата е во формата. Со мечето цуцлата е со форма на града,а втората е ортодонска. На почеток подобро е со форма на града да дадеш,но овие се многу големи и крути за бебе,барем моево не ја фати тешка му беше,но во болница му даваа исто на филипс shootie или болничка па се со неа сме,форма на града и слична на мечето
здраво мешињаа и јас од денес со вас мислев дека 1-ва или 2-ра недела сум оно да ти бидам 8..тестот брзо го правев откако ми го немаше прошлиов месец па викам ај мало е хохо само што се вратив од гинеколог со сликички ми потекоа солзи кога му го слушнав срцето морам да се пофалам и сакам да прашам ми рече докторкава за фолна киселина нешто незнам од гледање во сликичките од среќа не ја ни слушнав треба да ја пијам нешто или?
Честитки,со лесно. Фолна киселина ти кажала докторката,побарај во аптека, се пијат претежно првите 3 месеци.
Најверојатно мислиш на фолна киселина. Ја има како посебни таблетки само фолна. Мене гиникологот ми даде фембион 1, во него има два вида фолна, б витамини, јод, малку ц витамин и не се секавам друго што имаше. Не сум сеуште трудна ама мене ми рече докторката да си терам со нив.
Честитки со лесно да си ја износиш. Тоа е фолна киселина која е препорачливо да се пие првите 3 месеци. Сега обично се даваат комплет витамини, ама без одобрение на др не земај ништо.
Фосфорна немој да пиеш никогаш, ама фолна можеш веднаш . Ме изнасмеа за сите пари, не ми замерај, и навикни се на вакви лапсузи, ќе те пратат цела бременост. Честитки, нека ти е лесна бременоста. Покрај фолна треба да почнеш и со витамини за бремени. Некои тврдат дека не мора витамини одма, ама јас сум на став дека треба да си го припремаш телото со време.