Поздрав мешиња и од мене Еве не ме фаќа сон 32 недела малку настинав па тешко ми е и од тоа тешко дишам и кашлам сјва кашлкца докѕорот ми даде хербион шуруп па во него пишува дека не е за трудници незнам ми е страв далк да се напијам дали го кма некоја користен искуство акк можи
Кој рано рани ко мене, цел ден му се спие Веќе неколку дена станувам во 5 и тек после 7 успевам да презаспијам... да не ја споменувам честата посетата во тоалет цела ноќ.. Ви се случува ли несоница?
Да на мене ми се случува секоја 2,3 вечер. Сабјле се разбудив во 3:30 до 5 едвај заспав. Се развудив во 6 и се спремам за работа. А за посетата на тоалетот да не зборам. Ми иде една катета да си ставам и раат и ден и ноќ..
Нормално е, мене ми почнаа од 24 недела. Пиј си магнезиум и повеќе вода за да не зачестат многу пред време инаку нормални се, почнува да вежба матката за пораѓај Сабајле е полна бешиката и затоа бетер се стврднува, мене секогаш ми се олабавува после мочање. А читам зборите за несоница; јас спијам брате растурам, дека и на мирување сум, заспивам навечер околу 22.30-23.00 и до сабајле до 7.00 скоро. Кога беше потопло знаев да се разбудам препотена и да се пресоблекувам ноќе, ама откако залади неколку дена спијам како топ со едно станување за мочање ноќе.
Добро утро мешиња и од мене , како сте? Читам зборувате за станување ноќе после 30та недела, нормално е, јас сум 34+3 и 2-3 пати морам да станам за мочање . Движењата на бебка не се како што беа , не е толку активна како што беше, во понеделник сум на преглед па ќе видиме што се случува.. Инаку да се "олеснам" овде, денес сум ептен тажна , ќе се враќаме назад со ќерка ми кога ги оставам моите родители многу ми е тешко, многу.. поготово кога ја гледам ќерка ми како плаче кога се разделуваме со нив , уште толку ми е тешко, срце ми се кине. Бидејќи не е мал патот а јас не можам толку сега да возам, ќе дојдат мајка ми и татко ми со мене ,ќе преспијат па утре се враќаат. Па следно ќе ги видам сите, здравје кога ќе се породам по неколку недели ќе дојдат кај нас да не видат, а во Мк планираме ете во декември да одиме плус со беба... се гледаме по два пати на скајп дневно , ама ете мене ми е многу тешко , порано не бев така приврзана ама како поминува времето потешко ми е. Се извинувам ако забегав од темата малку , ама сакав да си се искажам.. Имајте убав ден
Секоја втора вечер имам несоница и јас .. мислев само мене ми се дешава.. ке легнам во 00 до кај 2 после од 4 пак во тоалет па ке презаспијам и 6 на нога сум еве денес од 7 на нога око немам склопено Обично секогаш сум спиела и сеа тешко ми иди..
Многу ми е жал... И јас сум многу приврзана со семејството и не можам ни да замислам како би било тоа, колку ли ти е тешко Ама, ако е барем некаква утеха, многу наскоро ќе имаш ново гушкалче
Сега откако малку освежи времево почнав да врзувам по цела ноќ и јас, со исклучок на едно или две станувања до тоалет. Инаку се будев и дежурав по неколку саати додека да презаспијам... Е сега од вчера почнаа да ми се вртат мисли низ главата во врска со пораѓај што ќе биде, како ќе биде, како ќе пројдам... дури синоќа сум сонувала дека сум била хоспотализирана и ме спремале за царски рез денес сум 28 + 4 бебка активна како никогаш до сега
И мене ми е болна темава, јас два месеци мажена (и секој трет ден плачки, ми фалат многу моите (мама и тато се мама и тато) дури немам сила да си ги видам сликите од свадба... Мене ми е утеха само бебче дека пристига
Јас да ви кажам денес бев на прво цтг, се е во ред. Направив и преглед, докторката рече ти ова бебе треба како локум да го родиш . Е сега за железото ми рече фероглобинот да го заменам со тотхема затоа што од него нема ефект. Има ли некоја што пие тотхема да ми каже зошто матичната ми рече да ги растворам во сок и така да ги пијам
Каде испитувавте SFA, Дидимери со хемостаза и TORCH? Мене од Ремедика ме пратија во некоја лабараторија кај универзална, ама мислам приватно се многу скапи.
TORCH се испитува во Институт за Јавно Здравје кај Министерство за здравство. Таму ми испитаа мене и мислам дека не платив или платив 100денари така нешто. Има и на гиникологија а и здравствените домови треба да може да испитаат.
Јас пијам Тотхема ги растварам со сок од боровница. Добро дали е нормално кај матичен гинеколог, чекам веќе саат и 40мин а додека излезе таа што влезе пред мене ќе бидат 2 саати??? Последен преглед кај нив ми е, не ги можам веќе
Да си ги земеш ови се многу добри јас сум презадоволна,немаат несакани ефекти и помагаат многу од 2 железо сега ми е 11,2 со една доза.
Таа лабораторија е Хемолаб. Освен таму и во Авицена, SFA не можеш да испиташ на ниту едно друго место. Во Хемолаб SFA коштаат 5600 денари додека во Авицена за некоја стотка поскапо. Д-димерите и хемостаза пакет во Хемолаб ти е 2200. ТОРЧ во Ремедика е 1400. Д-димери и хемостаза бесплатно се испитува со упат од матичен гинеколог во државната болница во местото на живеење. ТОРЧ можеш да си испиташ за малку пари во институт за јавно здравје. За жал, SFA ќе мораш да си ги направиш во Хемолаб. И јас ги следам цела бременост.
Кај ги има и која цена се? Јас мака мачев со хг цела бременост а и сега ми е низок иако 2 месеца поминаа.
Неколку пати сме го спомнале тука истото, од таа причина (чекање со саати) и од незаинтересираноста на докторката се префрлив кај друга, презадоволна сум од новата докторка, верувај ни 5-10 минути не чекам за преглед, имаат и слободни термини а што е најбитно ми обрнува внимание....со лес нека ти е и за следно барајси нов гинеколог
можеш да се депилираш ако немаш никакви проблеми во бременоста, после 3ти месец јас се депилирав ,само гледај да е чист восокот да не фатиш не дај боже некоја инфекција .