Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.288
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски

    И Торч исто така не знам за што е?
     
  2. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.877
    Допаѓања:
    142.126
    Добар ден,
    Во иста положба и денес - хорузонтала:D Денес некако и дишењето ми е потешко. Почнаа почесто и киселини да ми се јавуваат па си се дружам со Гастрогард:). Друго нема што да кажам. Бебка си мрда во стомак, моето расположение ко ролеркостер е:o секој ден различно. И така.

    Знам дека има посебна тема за гинеколози, но би сакала да ве прашам за добар матичен гинеколог. Еве и @lajlla пишала дека нашла нов матичен, па ако не ви е тешко споделете или ако можете и во лп. Јас скоро цело време одам приватно, бидејќи не сум баш задоволна од матичната.

    @koritsaki те разбирам за твоите. Јас во иста држава сум, различни градови па мака ми е кога ќе дојдат на гости и кога ќе дојде време да си одат. Јас па немам отидено околу 8-9 месеци и ептен ми е мака. Ама тоа е, мора да сме посилни. Гушкај ќерче и не се нервирај:hug:
     
    На Girl-Rabbit, Sexybaby86, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Торчот е за детекција на присуството и мерење на нивоата на одредени антитела. Овој тест дава информација дали моментално постои инфекција, како и тоа дали инфекцијата некогаш била присутна.

    Зборот TORCH е акроним на следниве зборови:

    • Т - Токсоплазмоза (Toxoplasma gondii)
    • О - Останати инфекции - сифилис, варичела, херпес инфекција
    • R - Rubella
    • C - Citomegalovirus (CMV)
    • H - Herpes Simplex Virus (HSV)
     
    На bela.m, Kaetana, RAK91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    18.599
    Дали на Микробиологија во државна болница носите брисеви со упат со термин?:^)
     
  5. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Јас ја препорачувам др. Миленкова во ординација Коруновски.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Да ама нема врска терминот. Си го носиш од сабајле.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека си кај Мама? Невозможно е ова денес..

    Може инфо кај која докторка се префрли?
     
    На Sofi.ja и lejlla им се допаѓа ова.
  8. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Овде кај нас уринокултура во секое време (не)испитуваат. И тоа одиш на доктор - прво во вц, оставени обични пластични чашки (какви стерилни од аптека… скраја да е ) и даваш урина во нив. Пишува на чашката име. Ја оставаш во вц-то. После тоа ја зема сестрата и со стапчиња проверува неколку параметри. Или пак зема со шприц и ја спрема да ја прати во лабораторија за уринокултура. Ама уринокултура еднаш во цела бременост ми направија.

    RI мислам дека значи resistant index - вредност на индексот на отпор на протокот во папочната врвка. Колку поголем отпор тоа значи дека протокот е нарушен. Ама према вредноста сѐ изгледа ок кај тебе.

    Некогаш и мене ме фаќаат така нервози. Значи живеење заедно да се разбереме не би издржала - би ме полуделе дефинитивно. Ама моментот дека не можам да ги видам кога сакам, или дека ќерката ги гледа ретко, или дека не сме си баш тука во животите, во секојдневието... многу ми смета. И некогаш ме прави толку тажна да не знам што повеќе вреди во животот. Ама тоа е.

    --

    Накратко ќе ве поздравам. Го чекам маж ми на пауза од работа да ми донесе ручек (ме лигави малце, знам). Ќе излезев да се најдеме ама чекам и достава плус и некако многу сум уморна. Вчера 3 саати во кујна ги поминав и вечерта веќе бев папсана. После толку долго стоење и седење имам многу големи болки во матката долу. Баш кај царскиот во тој предел. Кога сакам да кренам нозе исто така тие мускули кај матката ме болат.

    Спиењето и лежењето ми стана најнеудобната работа на светот а само тоа ми останува како начин на одмор. Стомакот голем, од сабота 38 недела. Неизвесност некако ме убива. Убаво ми е вака ама и кога ќе ми текне дека многу би било "нормално" да се породам и сега... Ме фаќа паника скроз.
    Само не знам која паника е поголема. Дека има шанси да се породам сега, или дека со ќерката се породив во 42 недела. Е до 42 овој пат не би. Не не. Неее.

    Најголема дилема. Дали да почнам со големата генералка и да чистам као 1 см2 на ден (према енергијата и можностите) па да ми дојде една соба на 5 дена... Или да викнам жена(и) и да ми среди сѐ во еден ден малтене.

    Понеделник на ехо да видиме положба. Ако не е со глава надолу - ќе треба да ѕвонам на клиника за термин за царски веројатно. Ама ќе видиме. Живи здрави до тогаш.
     
    На Sexybaby86, koritsaki, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Дечки, абе два дена ме боли кичмата, ниско доле накај опашката. Особено ако се заседнам/залегнам во дневна кај што е потврда малку гарнитурата. Дали е ова нормално за 32 недела или почнуваат некои знаци? :worried: Ве боли вас другите што сте околу 32-33?
     
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    18.599
    Еве рапорт од денешниот последен преглед кај матичниот гинеколог:
    Кога ја прашав сестрата да закажам термин, ми рече не треба да закажуваш за брисеви.
    Ок, не закажувам.
    Одам во 9:00. Чекам саат и 50 минути за да влезам кај докторката. Во меѓувреме ја слушам сестрата како денес биле до 12 на работа. Си викам ај ваљда ќе влезам,нема да затворат.

    Е сега кај докторката.
    Бидејќи знам дека нема намера да ме види на ехо,а те како е битно да се следи бебето во последните недели,и викам нешто ми е размрдано бебево,сакам да го видите (вистина ме уби од шутирање додека чекав да влезам,можеби од мојата нервоза).
    Ок ќе го видам,ај прво брис.
    Ај зема брис, јас да станам она нее чекај, зема вагинална сонда.
    И идеме драми, паники, возбудувања од незјина страна (добро познати од минатиот пат).
    Леле па ти внатрешно си отворена, леле ова не ми се допаѓа, туфкање, викање, лелекање.
    Мери должина на цервикс 14мм по неа (последен пат мерев во 28ма недела во Систина, тогаш беше 34мм и затоа на последниов преглед во август не ми мереше).
    Леле ставаш ли утрогестан, едно да ставаш,едно да пиеш (јас и двете ги ставам,така ми кажа другата др поголем ефект дека има). Ајј зашто вака ти си не знам која по ред од сабајле што ми доаѓа со скратено грло,аман нека заврши денов...бла бла
    Јас така ладнокрвно ја гледам и само повторувам што кажува, да не ми беше лошото искуство од претходно ќе паднев во транс.
    Да не заборавам дека уште пред да седнам на стол почна да ми ја препорачува докторката од ГАК. За која мислам дека или имаат договор да и праќа пациенти,или се роднини , каков проблем и да имаш,ааа одма кај неа!
    Бебево 2500 грама, протоци во ред,постелка во ред, уште е со главчето надолу,така и нека си остане. И пак после ехото лобирање за кај др, најди ја одма да одиш кај неа.
    Викам нели од 36та се оди на ГАК, а не ти порано оди ако можеш отворена си.

    Ајде на шалтер да закажам за цтг, барам кај Кочовски не може,кај Ливринова не може, кај Адела не може... овие биле за скрининг..добро кај кој може?
    Некоја др Ива, др Николовска, др Ќаев и уште еден доктор спомна.
    По препорака на сестрата закажав кај Ќаев,иако за него читав поделени мислења. Ќе одам па ќе ги барам другиве во меѓувреме, не знам што да кажам..
     
    На Sexybaby86, koritsaki, лукајана и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    18.599
    Јас сум 34та, можда 2 месеци ме боли карлицата,особено десниот колк кога ќе полежам малце,цела се укочувам,па барам мм да ми подаде рака да станам...
    Треба да е нормално
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  12. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.877
    Допаѓања:
    142.126
    @леле @Sofi.ja докторкава ти е :worried:
    Нешто налик мојава значи, ама без драматичните лелекања:):D.
    Абе што и да е, не треба така да реагира, она е доктор она треба да те смири и ако има нешто. Немам зборови|(.

    Кај др. Ќаев јас бев на едно ЦТГ во првата бременост. Ок беше, таков мирен, тивок. А па имам читано задоволни пациентки од кај него, и за пораѓај.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja твојава докторка да ми е мене ќе ја отерам кај што не треба - алал да ти е на трпението и смирението. Срамота |(
     
    На Kaetana и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  14. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Дали некоја од вас пие Дабростон и каде ги купувате на рецепт?
     
  15. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.877
    Допаѓања:
    142.126
    Јас. Ама мака имам да ги земам на рецепти. Ги има само првите денови од месецот, па се јавуваме по аптеки да бараме кај ги има на рецепта
     
  16. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    Си требала да закажеш кај др Ива.. предобра докторка... а и доста добро си ја познава работата.. буквално за се што те интересира ти кажува.. премногу е стрплива.. тоа е моето искуство бидејќи бев и кај неа на преглед.. ехо ми правеше и по нејзино барање ме задржаа на патолошко потоа она се заложи за мене и за еден ден ме породиа
     
    На thelittle17, Girl-Rabbit и лукајана им се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    18.599
    Не ми беше позната...ајде првиот преглед кај докторов, па после кога ќе дојат болките ни доктор ќе барам,ни ќе чекам. Снаа ми уште не знае кој ја породил:D
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  18. лукајана

    лукајана Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Ако се работи за Ива Малахова Ѓоревска и јас би ти ја препорачала. Фина е ептен, јас од прв преглед одам кај неа. Секој вторник е во амбуланта 36. Мене матичната уште не ме пратила на цтг, требаше да ми земе брисеви во понеделникот ама само ме гледаше на ехо. За брисеви нареден петок. Бебе во понеделникот 33+6 според циклус а одговара за 35+1 ама од старт ја има таа разлика. Ме исплаши малку демек да не сакаат да те породат а бебе не е зрело покасно ке одиш на клиника па ке видиме. Бебата уште е карлично почна паника да ме фаќа дека нема време да се сврти. Торбица уште не сум спремила ама кај да е ке морам. Некако сеуште мислам дека ми е рано а вчера вечерта кога ми влезе една мисла ако ми пукне водењакот ноќе каде ќе бара мм влошки :tmi:. Ај ке купам денес да можам да спијам на раат
     
    На koritsaki, bela.m, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  19. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Јас се имам свртено во недела вечер,а понеделник после полноќ мајка ми ме родила така да има време
    Јас сега сум 35+3 често ме фаќаат чажни контраквии од кои ми се допира здивот,а бебка е свртена.
     
    На лукајана му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Јас некни ги зедов од Зегин