Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Здраво мешиња,

    Само што ми стигнаа резултатите после терапијата за ешерихија и стрептокока.. сеа излезе само стрептокока повторно и на двата бриса.. страв ме фака мислев дека оваа ке ја нема, а ешерихијата како потешка за излекување..

    сеа сигурно повторно антибиотици, вагиналети.. :worried: некој сл искуство нешо на природна база знаете.. како да се излечи побрзо.. ;(
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.348
    Допаѓања:
    28.196
    Притисок прави тежината на крстот доле. Јас ја имам оваа болка повремено од 15 недела. Пробај да се раздвижиш малку кога ќе те заболи, помага движење. Мене ми помогна и што купивме нов убав душек, па спиењето ми е убаво, претходно со болка станував.
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.348
    Допаѓања:
    28.196
    Побарај упут за ддимери и торч од матичен за испитување на клиника, не се плаќа ништо. Ддимери на трансфузиологија, а торч во институт за јавно здравје горе на клиника.
     
    На RAK91 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Не смеам да се движам нели :( а претпоставував дека со движење би попуштило. Во спална имам убав Дормео душек и океј ми е, ама на гарнитура во дневна ако поседам, мислам се раздвојува нешто позади во крстот. Добро ако е нормално, реков да не е некој симптом за предвремено пораѓање :)
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Серумски фактори на ангиогенеза. Испитува повеќе работи меѓу кои прееклампсија, функционирањето на постелката.. Повеќе фактори се проверуваат. Унапред детектира 5 недели и може на време да се влијае. Мене цело време една вредност ми отстапува од нормала, поврзано до дотокот на крв меѓу постелката и мене. Заради тоа сум уште на клексани, покрај уредни д-димери и хемостаза.
     
    На Sesil и Miss.N им се допаѓа ова.
  6. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    И јас имам проблем со спиењето цела оваа недела. Се будам во 3 или 4 и не можам да заспијам. Тоалет башка, дете што се врти во сон 360 степени, а спие до мене башка. И после на работа зомби.
     
    На Girl-Rabbit и Larahappy им се допаѓа ова.
  7. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.609
    Пол:
    Женски
    Која вредност? Затоа што мене цела бременост исто ми наоѓаат на доплер зголемен отпор на утерина и десно и лево (крвни садови) па претпоставувам (од што читав) дека се работи за проток матка - плацента. Димери ми немаат испитано, и покрај тоа што се објаснував за тоа, немало потреба. И плус ми кажаа дека штом растот на бебето е ок, да не сум се загрижувала.
     
  8. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    @Kaetana за црвено означената вредност станува збор.
    Инаку, на последната контрола, протоците ми беа супер. Потоци и доплер исто ли е?
     

    Прикачени фајлови:

    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Пиј пробиоик за вагинална флора, Лактогин се викаа мислам, помага за отпорност од инфекции, може тебе ти кажував минатиот пат дека се намачив да излечам стрептокока, на крај сумамед си испив и којзнае дали се среди. Не ми направи посериозен проблем, ама досдна е многу
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  10. beba@meba

    beba@meba Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2018
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.237
    Пол:
    Женски
    И мене не ми беше позната.. јас првиот пат отидов кај др Влатко Гирески.. но немав среќа повторно да идам кај него зашто замина на одмор па во негова смена беше др Ива... бев кај неа и задоволна сум од неа иако воопшто не ја познавав ниту имав препорака за неа..а исто и за пораѓај немав препорачан доктор.. т.е сакав др Гирески да ме пораѓа бидејќи внука ми он ја пораѓаше и ми рече дека е добар доктор ...но имав среќа шо во смена ми се погодиа др Калчев др Зулбиери и др Адела Стефанија... златна тројка за цезарија... презадоволна сум од нив како ми го изведоа пораѓајот .. а до сега сто пати имав напоменато тука дека имав прилично тежок пораѓај
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.609
    Пол:
    Женски
    Да. Доплер и проток е исто. Мене на доплер ми мерат секогаш. А фала богу вакви резултати од крв никогаш немам добиено. Во мајчина книшка само хемоглобин ми запишуваат. Тоа е тоа.

    Туку мешиња, кажете некое чаре за хемороиди. Со првата бременост ми се направи еден, надворешен, и после се "издиша" со текот на времето. Сега осеќам уште еден надворешен - ми личи дека е истиот... "се врати во живот" ... Мачкам Rectanal Aid на Frezzy Derm ама не мачкам редовно. Мислам дека @koritsaki имаше спомнато дека немала многу ефект - извини ако грешно те тагнав. Некое друго ефективно чаре или магија да споделите..
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Епа ова ми се последните резултати од SFA.
    Инаку и јас имам мака со хемороиди, мајка ми вика на памикче да ставам јаболков оцет и дирекно на хемороидот. Уште не сум ставила...
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.384
    Ај да се вмешам во муабетов, што е ова, кога се прави и за што се прави :wasntme:
     
  14. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Лејла испитувањето се вика SFA- Серумски фактори на ангиогенеза. По препорака на мојот доктор ги испитував во 8, 16 и 23 недела. Погоре делумно имам објаснето што се испитува со нив. Повеќе фактори се вклучувајќи ја и прееклампсијата, функционирањето на постелката итн. (искрено незнам точно, не сакав да забегам со читање за да се поштедам од правење филмови) кои укажуваат на евентуално предвремено породување. Јас сум на клексан уште поради погоре поцрвенетата вредност. Нешто со циркулирањето до постелката има врска. Ти велам, намерно не се заинтересирав бидејќи се знам што ум сум.
    Се додека доктор не ти рече да испитуваш, немаш потреба. Не го прави тоа испитување секоја трудница. Немај гајле :)
     
    На Anomis11, Kaetana, lejlla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    тие се за пиење така? имало и некој пробиотик како вагиналети.. чекам докторкава ми рече за во вторник да видам што ке ми даде овој пат но ке и предложам и да земам некој пробиотик само линекс земав сеа последно со антибиотикот.. а ја имаше во текот на бременоста или..?

    Мене ми е страв се што прочитав се испопаничив од компликации и сериозни раб.. не дај боже :( пред да останам бремена ја имав со вибрамицин одма ми се реши, сеа овај пат панцеф ама ништо.. слушам и др го пиеле сумамедот.. да не си раат само нешо излегува..
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Правев пред месец дена дидимери со хемостаза во синлаб и им напоменав дека е дидимери со хемостаза и тие само дидимери ми испитале. Докторов ми ја бара хемостазата на анализите ја немаше.

    А за другите испитувања, фала на одговорите, ќе испитам во државно.
     
  17. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Јас не смеев ништо вагинално да ставам и затоа Лактогин ми го дадоа кои се пијат. Во мокрача прво ми се појави, па на првите бросеви, после на контролен брис ја немаше, следно пх вредноста ми беше нарушена па наместо пак брис ми дадоа флажил, и на последните брисеви пак ја имаше и сумамед испив, се ова во бременост на крај и бебето се роди со мала инфекција. Никој не ми испаничи за инфекциите сите ми викаа ништо страшно битно знаеме што е и си имаш терапија. Бактериите ако не се откријат и не се лекуваат се опасни, тоа е мој впечаток од искуства мои и на блиски. Не се плаши ич, не се нервирај што ќе пиеш антибиотици, кога мора мора. Мој совет ти е да си упорна со пробиотик, да се надополни штетата што ја прават антибиотиците
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Не се секирам што ќе пијам антибиотици се плашам да не има некакви последици не дај боже како што прочитав од тоа ми е мене.. баш ќе го побарам тој пробиотик се ќе пијам се надевам да се среди наскоро.. сепак фала ти многу.. :hug: иначе природно роди со оваа бактерија? пошо се пренесувало на бебето..
    прочитав и за некој манука мед но не знам дали смеат трудници да го земаат, го фалат како многу добар за бактерии и замена за антибиотици..
     
  19. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Цела бременост пијам Лактогин и живот ми спаси. На почеток имав некој глуп ентерокок (ми се појави за првпат лани после лапароскопија во Чаир, а и читав дека најчесто се појавува од недоволна хигиена на хируршки инструменти по болнички престој) и испив една доза антибиотик ама почнав и Лактогин. Си го терам цела бременост и веќе не се појави никаква бактерија/инфекција ни на брисеви ни во урина. А викаат дека провиотикот бил добар и за бебе да нема грчеви кога ќе се роди. Значи само арно може од него...
     
    На Miss.N, bela.m и koritsaki им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.105
    Допаѓања:
    109.130
    Пол:
    Женски
    Добро утро мешиња ,како сте ми ?
    Јас немав време баш вчера да пишам , ви благодарам за поддршката на сите :hug: некогаш си викам се понашам ко мало дете што плачам за мама и тато , но посилно е од мене.. :(
    Вчера си дојдовме , па ги шетавме малку моите родители, бевме на вечера , и ете сега сабајлето отидоа во 8 на автобуска :( ќерка ми спие , пред да тргнат ја бакнуваа цело време и си отидоа.. :(
    Подобро зошто 100% ќе се расплачеше и она a и јас со неа..
    Тоа е..
    Инаку мм ме виде по 3 недели ми кажа колкав стомак сум имала :D баш ќе видиме бебка колку пораснала во понеделник , а имам страв од прегледот на цервикс ама нема бегање , што да правам :D
     
    На Larahappy, mal.ecka, *malenavolena*87 и 4 други им се допаѓа ова.