Добро утро женички, леле колку му се радувам на времево како дете мало инаку да се пожалам мн ми е тешко за спиење, едвај се вртам, едвај станувам, а богами по 3-4 пати ноќе се мочкам скоро сум 18 недела, а мене веќе ми е тешко, кај ми е крајот, до кај ќе одам и со стомак и со гради, искрено малку сум загрижена не сум ниту на пола пат со бременоста а имам тегоби како жена што е 7-8 месец
@lejlla немој да се грижиш се е тоа нормално. Ако ти е за утеха мене во тие недели ме беше потешко движењето и вртењето во кревет, отколку сега. Секој е различен до душа но тоа не е воопшто причина за грижа Инаку за времето и јас сум пресреќна конечно свеж воздух за дишење
@Mini90 те читав дека одеше кај Илиевски во чаир па да прашам како си задоволна, или некоја друга членка ако оди кај него за мислење. Јас немам луѓе/врски за да можам да се договорам со докторот за пораѓање па од ваше искуство дали би можело без посредници нешто да му се спомне на докторот Вчера бев на цтг кај него но брзаше на операција па немаше време за било каков разговор. Во брзање заборавив да прашам дали од оваа 38ма недела да прекинам да пијам магнезуим, веќе ги намалив од 2 на 1 на ден. Друго вчера ме фатија многу силни болки (како менструални само доста појаки) но после сат време се смири и до сега се е мирно. Дали е тоа знак дека полека почнува процесот?
Добро утро, Наминав да ви кажам само дека во Зегин има подарок плус по 10 апчиња со ПреМама Дуо Кој ги пие витаминиве да си знае
Да, јас одам кај него, веќе два пати до сега бев. Супер е докторот ама не знам баш како функционира пошто ја одам кај него преку една што работи таму. На моменти делува ко расеан малце, ама океј е. Може така мене ми се чини. Да не знае некоја или да има искуство со лакуни во плацента??
Другарка ми имаше калцификати на постелка, не знам дали е истото - и дадоа да прима клексани, мислам дека тоа упатува на покачени ддимери.
Мене ништо ми нема кажано додуша јас многу ретко одам кај неа одам во Плодност ми кажа Таше која недела ама јас заборавив се мислам 32
После сумамед ми рекоа дека можам природно да раѓам, сепак завршив царски ама ако беше природно пак ќе си бев под некоја антобиотска терапија, барем од читање сфатив дека така ги заштитуваат бебињата од стрептокока на раѓање. Какви последици од стрептокока јас ништо немам прочитано, ако мислиш да се зарази на пораѓај не се секирај ич, секако ќе ти ја знаат историјата со инфекции и превентивно може да ти вклучат антибиотик
Кај сте труднички едни Нешто читнав,нешто пропуштив Се вратив од одмор па еве ме назад во игра Денес отидов на ехо,во една дежурна ординација,чисто да се смирам дека поминав многу км,па на сонце,шетав,пливав... Црвчево мрдкаше многу,цели 3 цм е,сега видов рачиња и ноџиња пораснати,и носе напрчено. Д-рката рече супер се мерките,ама малце ме распамети дека на една од сликите виде како сенка,некаков си набор кај вратот и грбчето,па ми рече да направам генетско тестирање,да се види дали е се’ во ред,да не има хронозомски абнормалности или некој синдром Ме здрви,таа си беше позитивна цело време,рече најчесто не е ништо и исчезнува тоа,рано е(9+5 сум),ама јас неам мир сега.Ке чекам среда за преглед кај мојот матичен. @lejlla д-рот ми ги прекина Утрогестанот
Не се секирај, сигурна сум дека не е ништо Скрининг прават кај вас, оној во 12 недела кај што се мери нухален набор (на вратот) и се гледа носна коска? Мислам дека тоа ќе ти го реши “проблемов”, но не е на одмет и генетски тест, јас би направила се’ за мирна совест ако некој доктор ми пушти црв што се вика. Иако, пак ќе кажам, сигурна сум дека не е ништо, туку те советувала ради претпазливост. Инаку јас уште сум на одмор, милина е И мислам дека сабајлево осетив скокоткање, според искуството од првата бременост, бебуш мртка. Најубавото чувство, како мравчиња во стомакот
Јас имам лакуни на плацента, а ддимерите ми се ок. Ме гледаше на доплер, рече дека протоците се ок, ама дека треба да се следи, и следна недела ќе одам пак на доплер.
@dunika ако си во можност направи си генетски тест како што ти предложила докторката, тоа е најсигурно. Секако и на скринингот ќе се гледа се поубаво. Ќе биде се добро. Денов како нервозно ми почна, така продолжува. Не престанува нервозата. Мм денес се што направи, направи погрешно. Ко намерно така да ми прави А и другите околу мене некако свесно или несвесно потпомагаат да ми расте нервозата. Ама тоа е, ќе си лежам и ќе си молчам. Ме боли и стомакот денес. Се надевам до после ќе помине, се надевам
Мешиња јас денес испитав скриен шеќер освен што ме боцкаа 2 пати носев и два пати мокрача ,и после 2 часа на урината покажа позитивно ,се плашам дали е нешто страшно матичната била надвор од Мк и го пратив резултатот вика не е страшно ќе се слушниме во вторник. Има ли некоја од вас искуство со ова или да знае зошто е тоа така еве го и резултатот
Јас имав од 7 ми месец надворешен го мачкав со факту крема,по пороѓај истиот ми остана и покрај мачкањето со факту.Е сега по неколку недели од пороѓај без мачкање самиот ми се издиша и изгуби.
дај боже да е така јас како што читав демек можело да се пренесе на бебчето со што предизвикувало пнеумоја, менгитис или некоја др посериозна состојба, порано породување итн.. од тоа се испаничив јас и се споулавив мислам.. дај боже да е така ми ја потсмири душава.. вчера и си поплачив си се потажив малку.. ама ајде се надевам се ке биде добро..