@newyear2015 многу ми е жал. Нема зборови кои ќе ве утешат, ниту пак нешто што ќе направи да преболите или да заборавите. Убаво исплачете се. Зборувајте двајцата, комуницирајте. Не се воздржувајте од емоции. Но, бидете силни и бидете тука еден за друг. Животот на жалост продолжува понатаму, и воопшто не нѐ прашува дали сме ние спремни за тоа или не. Затоа - не заборавајте дека сепак ве чека иднина. Со многу можности во неа. Само треба да соберете сила да ја реализирате. Но, без брзање. Прво дајте си време да се соочите со ситуацијата. Тука сме за тебе сите - колку што можеме виртуелно да бидеме. И сите те гушкаме најмногу!!!
Добро вечер женички, како сте? Јас денес на работа , ваму- таму , па ќерка ми ајде да шетаме- мене се потешко ми е кога ќе легнам не ми кажувај да станам ама ајде ќејфот да и го направам И сега дури легнав , таа заспа јас ве читам Спиењето никако, се вртам те лево те десно, немам таква перница за трудници поготово сега при крај не ми ни текнало да купам , па си викам ќе издржам и така уште малку имам до крајот. Бебе клоца ли клоца , утре ќе видиме како е и што ќе каже докторот уффф жениии се плашам од тој прегледот , секогаш при преглед вагинален имам траги крв , и сега ми е страв ама ме интересира што се дешава со цервикс и сл Денес нешто правиме муабет до свекрва ми и ми вика штом првото го роди 37 недела сигурно и ова така ќе го родиш точно ли е ова којзнае, демек вторите побрзо излегувале од првите бебиња или нејзини претпоставки се тоа Добра ноќ женски , утре ќе пишам како ќе поминамм
Женски случајно некој да не знае распоред на докторите по денови од понеделник до петок во амбуланта број 36 на ГАК? И да прашам да не е многу долг период, кај матичната бев на 34+3 на ГАК ќе одам на 36+2, 11 дена да не се долг период,да не треба порано да отидам?
Добро утро мешиња најубави. Сношти во село наше по повод гроздоберот пееше Здравко Чолиќ. Најдов позиција, ставив Утрогестан, си отворив прозор од спална за да слушам и пеам дека живееме близу центар... Првите две песни ги ислушав, помешан звук со "врвчењето" на колите и за кратко-кома. Ме разбуди огнометот во 00:00 Ни се најавија гости од Скопје и покрај мојата состојба, дојдоа луѓето, па мм ги пречека и директ на плоштад. Јас така не би постапила. Неважно... Инаку, на скала од 1 до 10, апетитот ми е 15. Постојано ми се јаде, буквално постојано. Штом осетам глад, веднаш јадам. Да не трпат душите внатре. Кажете поискусните, колку шишенца ќе ми требаат во старт? Дали на новороденче се дава чајче, водичка?
@newyear2015 многу ми е жал за Вашата загуба... нема утеха но барем потрудете се да најдете нњшто што ќе Ви ги оттурне мислите малку од загубата .. Господ е Голем, чудни се неговите патишта, некогаш радост носат некогаш тага.. верувај дека повторно ќе чекорите по неговиот пат на среќа, кога тогаш пак ќе бидете родители... само верба во него и не се предавабте.. знам дека немате сила но потрудете се... Вашата болка е голема но поголема е желбата да се биде родител и во иднина Господ ќе Ви ја услиши.. ќе се оствариш и ти како мајка.. ќе гушкаш пак ангелче, но тогаш ќе биде здраво и слатко ангелче... до тебе , побргу опорави се и наскоро ти посакувам пак да ги видиш двете цртки на тестот и да имаш успешна и здрава бременост.. со здравоо бебе...
Со лесно мајка... рани душа да те слуша.. и да напредуваат бебушките... па доколку си имаш млеко да ги доиш нема потреба да даваш вода.. чајче да .. против грчеви има едно шо јас го користам за синко мој... но доколку го потхрануваш со адаптирано ќе ти требаат шишенца.. за секој случај земи си две и тоа оние што се антиколики.. од томи типи или од нип има едни .. убави се и двете марки.. било кое земи си...
Добро утро.. Јас повторно си се разбудив со мен.болки, не се јаки тапи се...Престануваат кога ќе испијам магнезиум, ако бебе расте тоа е добро но се плашам да не е друго..утре сум на последен преглед па ќе видиме...барем 36 да фатам полесно ќе ми биде..
Леле бе мајка не би требало да е така, јас како што сум со две и на нозе да станувам па да се завртам ако некоја мама прави така нека се јави
Ох јас кизне како се вртам, некогаш на стомак се најдувам се штрекам ко ке се видам хаха на грб десно ретко лево ,а не пак да станувам па за да се завртам уште тоа ни фали
Имам едно прашање, а не знам баш кај да го поставам, не најдов тема доење :/ Прочитав дека за да има млеко било убаво да се пие сок од јаболка без шеќер. Каков е поточно тој сок дали знаете, купечки обичен бистар само да пишува без додаден шеќер или сама да правам дома во соковник?
и јас дома сум по маица и по гаќи. Со царски не можев ништо долу да облечам ми правеше жештина и дополнително печење на раната. Плус и се ме стегаше а спаваќи да носам кога горниот дел треба 24/7 да ми е на располагање ... Фала ама не. Па уште гости... Едино кумовите дојдоа. Еве 4та недела и фала богу никој не рекол дека ќе иде. Јас до продавница не можам да појдам едвај да заметам и да измијам а не па да спремам за гости. А и што ќе видат ко ќе дојдат ко бебе спие скоро цело време.
мене вака ми се случуваше кога одев на работа и тоа во прва смена. Притисок стандард низок а плус станата во 5 сајтот... Време за кафе мазала! И очекував промена во притисокот. Во такви случаи само излегував надвор на воздух и легнував на клупа. За кратко поминуваше. ме би рекла дека е депресија,хормони се во прашање и бременоста таква е, психички комплицирана. И јас бев таква. Цели 9 месеци. Реков ќе одам да се лечам штом се породам ама еве ништо не ми е сега
Има на Вива и Битолски сок од јаболка без шеќер. Мене Битолскиот ми е по убав. Имам братучетка е дијабетичар само таков пие
Се надевам дека откако ќе родам ќе помине тоа.. Ништо не ми е.. и оддеднаш дигам џева, ми смета, се нервирам, викам.. како лудача некоја.. Детево во стомак ќе помисли леле која ненормална ќе ми биде мајка хахаха
Женски, појава на темен кафен исцедок на почеток во 6та недела? Мојава докторка утре не работи, дури во среда а мене ова ми се случи утрово и сум преплашена...Во теков на денов не знам како ќе се одвива со исцедоков, не е да течи туку не знам, на бришење го имаше....Дали одма да барам некаде да одам на преглед или да почекам? Читав за ваков исцедок, но ова ми е прв пат и многу се плашам а и мислењата за него се поделени...Некои искуства, нешто?