Добро утро, На запад ништо новолежење, мирување, болки во стомак, апетит 100ка, нервоза 1000кадепресија и анксиозност 1000000 Бев претходната недела на гинеколог, фала богу се е во ред и со бебе и со цервикс. Бев на ЕМГ - подобрување има. А мене пак ме боли стомак, овие 2 дена и кичма почна да ме боли. Не знам веќе што да мислам. Мм ме теши, вика пораснат ти е стомакот тежина има и затоа те боли кичма. Осеќам како и кожата ми се растегнува. @lavinija28 мој совет ти е да отидеш на дежурен. Јас во рана бременост 4 пати имав кафеав и светло розев исцедок и одма ми дадоа терапија, ме боцкаа и Прогестерон 4 инекции и мирував. Може е нормално, ама мора да провери доктор и да ти даде терапија. Овие неколку недели ми минат ко години. И уште не сум влезена во 7ми. Овој шестиов месец ми трае ко 16
@lavinija28 и јас те советувам да не ја чекаш матичната и да одиш на дежурен. Можеби ќе треба да примаш прогестерон за поддршка на плодот. Оди и не чекај.
Кулирај, не се замарај, не размислувај премногу. И мене ме боли кичма, имам чести стврднувања, на моменти ме боли стомак како мускулно како упорно да расте и да се шири - веќе сфатив дека најголем дел од работиве се нормални и не се потресувам толку, си лежам и гледам тв, си читам за бебе
Ме изнасмеа ќерка ми сега. Ме прашува за бебето и каде било и ми вика "мамо како успеа да имаш бебе во стомак" И сега мислам како да одговорам на 3, 5 годишно дете кое инаку на сите прераскажува што се збори дома @EvieBabe се трудам да не паничам и да не се нервирам, затоа што пред 10 дена бев на гинеколог, пред неполна недела за контракциите, а во меѓувреме лежам 95% од времето. И си викам се беше ок. Ај за кичмата од плодот, ама ме нервира оваа болкава во стомак. Нема раат за мене оваа бременост. Фала ти, ќе се трудам да бидам посмирена
Докторот со кој се советувам ми рече немало место за паника се дури е крв како валкана како талог од кафе. Тоа било некоја претходна крв што сега се чисти, а докколку се појавело црвена, свежа крв тогаш да одам....
Ти си знаеш драга. Многу рани бремености така се одвиваат. Сепак, мене не би ме држело кожа. Нема штета од преглед и од прогестерон сега. Како ќе со одлучиш-така. Ти посакувам се најубаво.
@lavinija28 а примаш нешто од терапија? Се согласувам со @bela.m. Ок јас и голем паничар сум, и мене др. ми рече се додека не е свежа крв не е страшно, ама сепак да бидеме покриени со терапија за секој случај. Да не се правам поголем доктор од гинеколозите, ова е од мое искуство и она што го имам читано од многу трудници во темава. Секако, ќе си одлучиш ти
Девојки, исцедок имате ли? Јас секогаш сум имала по малку, ама од неодамна (25+ сум) забележувам зголемена количина, како вода буквално..
Мене ми рекоа нормално е. Јас сум 26+. Ми се зголеми исцедокот пред 3-4 недели. Како поминуваат неделите така ќе се зголемува исцедокот. Така пишува и во апликацијата за бременост. Само да нема сменета боја или непријатен мирис.
И јас имав на почеток на 2 - 3 пати кафен исцедок али одма ми дадоа добростон кој сеуште си го пијам.. консултација и поддршка со некакви апчиња обавезно мислам..
Девојки, од форумов разбрав дека брежените жени еднаш месечно ги следувало на фондот бесплатна проверка на крв и уринокултура. И цело време мислев да одам оваа недела кај матичната во Дијагностички центар Ск, и оп од другарка дознав дека сепак се плаќало. Кај другите како е? Какви искуства имате? Колку е во Авицена, и дали можеби има некаде каде резултати би ми дале на англиски - кога веќе плаќам, да си побарам...и дали од истото земање крв можат да ми проверат и крвна група. Поздрав и убав ден мешиња
Во авицена не плаќам ништо со упат од гинеколог матичен. Крвна група проверував на транфузиологија клиника не се плаќа...јас знаев која сум но барале лист кај што ќе се пораѓаш.
Крвна слика е бесплатна со упат од матичен гинеколог во бременост. А за уринокултура не сум сигурна. Баш пред некој ден правев, ми дадоа упат само за крвна слика а уринокултура си платив приватно, околу 350ден во Авицена.
А за на трансфузиологија со упат од матичен гинеколог (или општ доктор?) се оди, така? Има термини или се чека многу? Да, и јас си ја знам групата, ама лувчето ми е загубено. Исто кало тебе А ништо, ни за крв ни за уринокултура не плаќаше?
Со упат од матичен гинеколог ништо не платив во Центар за јавно здравје, брисеви, хепатитите, хив и уринокултура.
За обична крва слика и мокрача не се плаќа. За уринокултура околу 350 ден. За крвна група земав од матичната упат (има термини мене од денес за утре ми беше ) искрено пребрзо ми се погоди да завршам може дека одмори беа и немаше гужви...
Можно ли е да имам толку многу зголемен исцедок? Некогаш е бел, некогаш е жолтеникав. И мириса, чудно мириса. Брисевите уредни. Уринокултура уредна. Се измивам со камилица, дури и малку на влошка оставав.. ама џабе. Кажувајте чаре...