Да ви кажам јазикот и грлото ми се партал од магнезиумот. Дека прашок, ми се имаат разрането дур се стопи. Дури едно време мислев дека настинав, после сфатив од шо ми е. Вчера пак цтг. На почеток мирно, после едно време кога почна бебе да мрда, абе центрифуга, па застана на едно место и турка. Цтг-то 100. Леле кога се вознемирив, реков готово. Дојде сестрата вика шо пишти олку ова, испаничи и таа ко ја виде линијата. Ајде ги помести малку тие (не знам како се викаат), бебе се смири. 40 минути лежев, ништо немаше. Ама се здрвив. Ајде на ехо, бебе конечно свртено надолу, до вчера карлично беше. Мали лакуни на постелката. Ме прати за димери и хемостаза. Отворена не сум фала Богу, ама омекнато е. Ми вика има должина, не се секирај, ама мирувај. Се смирив малку. И ко за инает денес пак почесто ми се здрвува стомакот и имам боцкања па и болка најдолу, ко да ме турка. А да ви кажам утре кај се треба да одам, цел ден по лекари ќе го поминам. Од сабајле ќе носам за уринокултура, па боцкања на 2 места за димерите, од тука на цтг и за брисеви кај матичен и пак назад да ги однесам. Кога ќе одморам не знам. А да и боледувањето да го однесам. После си се тешам дека во 1 ден се ќе завршам и готово. Одам да ја сушам косата и да пробам да заспијам, ако фатам удобна позиција. Вечерва маж е на работа па цел кревет си е мој, ќе наредам куп перници. Добра ноќ мешиња
Браво генерацијо, баш ми е мило што се е во ред Ти пред мене ќе одиш на цтг, јас сум следниот четврток, па во понеделник те чекаме со нови вести. Туку ме замисли за магнезиумот. Мене докторката ми имаше пишано утрогестан до 35та,магнезиум до 36та. Според ова што го кажуваш ти изгледа мислела обратно, магнезиум до 35та,утрогестан до 36та. Како и да е,јас сама одлучив да ставам утрогестан до 36та, таман додека отидам на преглед на ГАК,а од магнезиумот имам уште 3-4 кесички ќе ги допијам деновиве. Уште една ампула за железо, во среда крвна слика Нозеве ми се отечени како да ме искасале 200 комарци Вчера вечерта цела ноќ се превртував,де на десно,де на лево, на секое вртење будење, па ај во вц, па стомак ми тежи,па топло ми е,па испотена.... Денес бевме на свадба, се надевам ќе спијам мирно,дека изморена.
Добро утро од мене у ова ниедно време. Морав да станам, ме фатија некои киселини, па некое гадење, не знам што ми е. Еве дремам на тераса ко ненормална. Има ли крај овој 9ти месец??
Dobro utro ,ne si sama eve me ista sum i jas na tarasa (ako sme blisku ela na kafe)Inaku ako imas pri raka blago ladno mleko malku napij se ,i neznam koi apcinja bea dozvoleni za kiselina? Ne treniraat bebusive da si bideme budni poveke ..
eve me i mene mnogu nisko mi kloca i jas sum 9ti mesec...se drzam da ne izleze cekam nekoja bolka, ama slabo...
Добро утро мешиња, Утрово се разбудив со отоци во дланките едвај си го извадив прстенот дури иначе отоци немав до сеа а немам ни на нозе.. дури како тешки ги чуатвувам дланкиве.. има некој сл искуство.. ? нормално е или не..
https://forum.femina.mk/threads/Доење.800/ Ќе ти треба темава Тој сок што ти го препорачале барај го во голема кутија од 3 литра, со славинче исто како што има вина вакви. На фирмата не ми текнува, можно е и да беше Јаболчело едната фирма, ги има во Кам и Стокомак. Сокчево ќе си го пиеш веднаш штом ќе се породиш. А и да не е баш ова, земи било каков од јаболка.
Женски, еве ме пак околу проверката на крв и урина. Се јавив кај матичната, и сестрата таму ми рече да отидам накај 10:30 и јас реков: леле како ќе издржам гладна, и ми вика "не мора на гладно". А другарка ми додека беше кај истава докторка секогаш на гладно проверувала. Вие што мислите?
Ако ти проверуваат шеќер, нема да ти покаже реална слика ако јадеш :/ Јас секогаш правам на гладно и со прва урина.
Нз што се проверува, првпат ќе одам, од овде дознав дека лабаротприите/докторите знаат кои се проверките за бремени...многу чудно ми беше, ни ми спомна за прва урина, сама прашав...нешто во смисла ако сакаш донеси. Ќе морам пак да ѕвонам, може ќе се смени сестрата.
Примерок од прва урина ти е неопходно за уринокултура. За обична проверка на урина не мора да е првата но, битно е да си гладна за да не ти покаже покачени вредности.
Добро утро мамички, многу си ја сакам темава, ептен уживам наутро додека си го пијам утринското кафе и во меѓувреме си читам тука денес втор пат откако останав бремена правам анализа на крв некако многу малку проверки ми се гледаат, 18 недела а ова е само втора проверка, најверојатно од сега панатаму почесто ќе бите, т.е. еднаш месечно, едвај чекам да викам какви ќе бидат резултатите, малку сум под стрес
1190 ми се, а на извештајот пишува дека е нормално за таа недела ама сепак ми кажаа да се боцкам со клексан нека се отечени само да не ме болат за да можам да се движам
Досега не сум сретнала трудница што е "без гајле". Некои само не го покажуваат тоа, а нијанси се во прашање, сѐ е комбинација на карактер, степен на лудило од хормони и искуство. Јас со вторава бременост сум малку посмирена зошто многу работи за кои се паничев во првата знам дека се нормални, ама да кажам дека не мислам на пораѓајот и дали сѐ ќе биде ок, не можам да кажам. Не си сама, сите со мислите сме со страв од најлошо и надеж за најдобро.
Добро утро мешиња. Незнам што се случува со мене ... Ноќеска во 2 се разбудив, наспиена, одморена... Осетив малку глад станав каснав грозје.. Во рок од 20 минути повратив се. Заспав накај 3:30 Сабајле се разбудив намачкав две мали кришки маргарин и неколку парчиња салата патлиџан и оние чоколадни ролери, неколку такви изедов и сега пак ги повратив. Зошто така се случува? Досега немав проблем со повраќање... Незнам ни веќе што да јадам ни како да јадам. Закажав преглед кај докторот за 10 дена, до тогаш и мажето ќе се врати,едвај чекам да го видиме бебуш.
Јас имам оток и на прсти на раце и на стапала и глуждови. Отекување во бременост е показател на покачени д димери? Ова не сум знаела..