мене прв пат ми се појавија утрово отоци на прстите на дланките(едвај го извадив и прстенот) и некако се исплашив пошо др отоци до сеа сум немала обично велат се има на глуждови или не сум добро информирана па нормално следи паниката пребарување читаш и уште толку паника мислам.. тука ми ја смирувате душата стварно .. иначе и јас не сум знаела за д димерите.. ги правев на почеток ок ми беа, али сеа нз треба да се прават редовно или не..?
Немаат врска отоците со д димери , јас имав уредни д димири цела бременост , раце дланки на ниво отечени ми беа си бев поправена и не пазев мн на исхрана што внесувам , велат сол мн кисело тие некои раб придонесуваат за отоци нз точно ама мн фактори влијаат , а д димери не се причина
и јас не бев покусо и столче ми обезбедија божем толку е морално да го слушам хаха,затоа уште неможам да ги вратам во нормала нозите и половината хахах
Ист случај со мене. Со првата бременост, ќерка ми многу преташе и клоцаше, ама цело време беше со главчето надоле. Вторава бременост - рингишпил. Бебево си плива како сака, се врти ко тркалото на среќата и најчесто завршува хоризонтално, што за мене е доста болно и ми го има растегнато стомакот дупло, изгледам ко да сум 9-ти месец. Ај да се здрави и живи, па како ќе ги извадат, така, ние ќе си трпиме. Се надевам ќе поминеш како штопосакуваш. Те . За жал, нормално е. И непредвидливо е. И не е една причина од која се случува. Уствари има една главна причина - трудни сме. А инаку може да е од топло, од ладно, од притисок, од тежина, од стоење/одење долго време, од лежење во една позиција или лежење со нозете надоле (во смисла ако ти висат од кревет) и сл. Нема бегање од отоци, само кај некои се многу благи па не се забележуваат, а кај некои изгледаат ко да шинале глужд (читај јас ). Мене дури и хематоми ми се појавуаат откако ќе ми помине отокот. Јас ги решавам со облоги од борна киселина или едноставно ладна крпа и кревање на нозете нагоре. Рацете ми беа нон-стоп течени, за нив немам лек. Бурма немам ставено од кога затруднев прв пат. Прво ради отоци, после поради тоа што си останав буцка од доењето, па пак затруднев. Али ај, се тешам дека после второто доење ќе се фрлам на вежбање. Малку се расплинив. Те и тебе. Нема поента ако не е на гладно. Сѐ што ќе изедеш/исшиеш ќе ги зголеми/намали вредностите и нема да биде реалната слика и џабе си правела испитувања. Бар мене така цел живот докотори ми објаснуваат. и за тебе . Инаку со денови барав зборови за @newyear2015 ама не најдов. Затоа само ќе ти пратам многу . Сите сме тука за тебе ако ти треба да си се искажеш, и во лп слободно кога сакаш, и се надевам дека ден по ден ќе ти биде полесно.
Да не си јадела нешто мн солено вчера? Јас 33 недела, ни еднаш не ми отекоа нозе, стапала тенки најнормални ама една вечер со цел памет изедов огромен казан со пуканки и сол и вегета и сабајлето не можев да ги извадам прстените - од тогаш пуканки не сум јадела Денес сум на контрола, едвај чекам да видам што ќе ни кажат, колку сме пораснале, дали сме смениле позиција - мислам дека уште е карлично или трансверз ама ја осеќам дека од 5 сабајле прави некои акробации, не е застаната, па се мислам пробува да се сврти душата. Денес ќе ми кажат дали ќе примам втора доза Флостерон и само од тоа се плашам, од тие 4-5 дена кога пак ќе биде успана и нема да мрда...
Во последно време си јадам сончоглед повеќе а стапалата исти ми се тенки може и помалку течности испив вчера нз.. ајде со лесно тебе на преглед и те чекаме со убави вести..
Мами само што се вративме од преглед...Болките што ги имав овие 5-6 дена се пожалив погоре во форумов биле затоа што омекнала матката, цервикс добар ама мека матка..ми појача магнезиум и лежење за да истерам барем 37 недела.. Бебе 2500 тешко, но стомаче заостанувало за една недела. Др.вели не е страшно ама мене светов ми се скрши... Си претерав дома со чистење и генералки, сега две недели одмор поише плус ме плаши и тоа што др не е да крева паника, ама неколку пати сум приметила дека не кажува се и ги ублажува работите...
Немој да се нервираш непотребно. Неколку трудници пишаа овде баш за разлика во неделите според мерките на стомачето. Заборавив која беше(мислам @Presrekna) извини ако грешам, се породи со ист таков "проблем" со здраво и живо бебче. Докторите си знаат, многу пати така реагираат оти за нив се нормални тие работи, а ние сме неупатени па паничиме. Ако не дај боже било нешто страшно или сериозно, сигурно немало така да изреагира. Послушај го, одмарај си и спремај си за бебе. Уживај сега, ќе биде се добро
@flower30 не грешиш, јас многу пати пишав за ова. Од 30 недела до 39 бебе ми заостана дури 3 недели. Прогнозираа 3000 гр. Се роди во 39+ недела, 2520 гр, а се водеше како за 36 недела како прематурче. Еве ја машала напредува одпојќе по 250-300 гр неделно. Палчо мој буцко стана. Многу е жилава лакома и упорна. Затоа не се секирајте 1 недела не е ништо.
Кај мене во секој извештај ми пишува за глава, стомак различна недела од таа што сум,па никој др до сега не обрнал внимание на тоа. Без нервози одмарај повеќе оваа недела, од следен вторник влегуваме во 36та ,па веќе ќе се ситни и 37мата Изигравај си кралица во кревет,нека ти носат храна на послужавник, да си качи бебе килажа Кај никого не е совршено, и мене матичната ме исплаши (иако не ми е многу за верување) и сега на секоја ситуација во стомак се притресувам, почесто одам во тоалет се бришам,правам анализи на тоалетната да не не дај боже видам нешто. Еве сега поинаку ме мавна од претходно бебе,па одма ме загрижи. Мислам дека треба да се опуштиме
Мојот зостануваше две недели со стомачето. На крај не може точно да се измери, па тие отстапки не се некој голем проблем.
Мене не ми е јасно што значи тоа добро грло, а мека матка - не сум чула до сега. Инаку ова другово, кај секоја втора демек заостанува нешто. Штом докторите не се загрижени, мислам не треба ни ние...
Во врска со мерење на грло, се прави ли тоа со обично ехо? Ниту на скрининг кога бев, ниту матичниот ми има спомнато нешто за таа мерка. Само последниов пат ми спомна затворено дека е грлото и толку.
Женски мене сварно нешто не ми е јасно термин ми беше на 2.09 од тогаш секој ден одам ма цтг омекнато грло се во ред плодова вода има ама главчето на бебето ме било спуштено долу и за тоа не се отварам .. и сега цела недела чекаме да се случи чудо да слези бебето подолу . Докторот ми рече утре последен ден демек мора да се породиш ама ако не се отворош и немаш болки ќе мора царски . Сакам да знам значи утре прво ке проба со провокации или нез што ме чека знам дека спомнуваше некакво апче валда за отварање и сега се ми е измешано ми иди сабајле ко ке појдам да му речам одма царски и готово .
Се што ќе кажам сега е само од читање туѓи искуства од форумов, значи не ме земај здраво за готово зашто и мене ме чека прв пораѓај така да немам лично искуство. Штом не се спушта бебето, а е со глава надоле, можно е да е тесна карлицата - како ти стои вака визуелно, крупна ли си, имаш ли широки колкови? Ако е малечка, тесна карлица, може џабе да те мачат со провокации и на крај пак да мора царски. Ама ако има шанси да се спушти бебе, тогаш сигурно подобро природно да се породиш. Мислам дека треба денес да се движиш колку можеш повеќе, да пешачиш, на пилатес топка да седиш малку, освен ако доктор не ти рекол нешто друго. Јас имам уште неколку недели па ме убива неизвесност што бебе не е свртено уште и не знам што ме чека, а можам да замислам како ти е тебе со надносено. Ама не се секирај, мојот доктор вика, Што ти е тебе гајле како ќе излезе, битно е само да има хепи енд Ајде, утре ќе гушкаш бебче
Матичната уште во 6ти ми рече демек ти царски ке бидиш не е свртено а и да се сврти големо ке биди , па до терминот се сврте и не е големо многу ,но докторот на болница ми вика нема врска имаш широка карлица , сето ова чекање и чекање упорно е само дека немам никакво болки и несум отворена а имам плодова вода и водењакот не ми е пукнат нез зошто чекаме воопшто барем повекето ми викаат дека кога ке пукни водењакот тогаш почнува со отварање ... како и да е утре мора да биди само мислата што ја имам во моменто и паниките дали се ке биди во ред тоа ме мачи.. Со лесно да ми ти е и тебе пиле ке се сврти знај тоа кога треба...