Воопшто не си отворена? Една другарка беше 2 прста, пропешачи, попладнето се врати во болница ,се отворила уште 2, почнаа болки и го пукнаа водењакот па и ставија провокација, постепено се отвори и се породи природно. Првородка е.
Воопшто несум оти главчето било високо и не притискало за да се отворам ... секој ден пешачам и се движам колку можам не дека можам премногу ама се движам .. и мене ми е прво на моменто ме фајка шубе да не е вака високо бидејки имав претходно спонтан ама мислам дека тоа нема врска сега.. умот ми е попара посебно навечер ко ке легнам да спијам 500 филмој си прам
леле мајки па кај мене крвта се супер со исклучок на холестеролот 7ца ми е, утре ќе ги види доктор, ама малку се исплашив,некоја да ималавакво искуство?
Еве читам дека не се проверувало ни холестерол ниту пак седиментација (нормално било да се покачени) но јас упатот го земав од кај матичниот доктор, не од гинекологот, како и да е ќе започнам да внимавам секако на исхраната, знаев да си каснам пица, хамбургер, сувомеснато....тестенини со сос.....ќе избришам се тоа од исхрана па се надевам дека ќе се среди и дека не е ништо страшно.
Апчето е за омекнување на грлото на матката. Ќе убрза процес. И ако те советува доктор за провокации,значи има причина за тоа. Јас од оваа гледна точка пак би раѓала со провакации,никаква мака не видов ниту болка,екстремно брзо се отворив. Секако ако имаш индикации и царски мора тоа е тоа.Верувај му на својот доктор и се ќе биде во ред. Бај д веј бебе може да се сврти и намести во било кој момент.
Незнам ке видам утре што ме чека и јас сум за колку можи природно и за тоа се чудам оти одма не ме прими и дај провокација туки чекаме веке една недела и повеќе ..
Докторите чекаат најмногу до 14 дена над надминат термин за да почне природно сам процесот. После тоа или ги употребуваат сите можни провокации или се прави царски. Биди храбра мајка, па за некој ден да ни дадеш утеха и сила на нас другите што за некоја недела не чека истово, да кажеш дека лесно си поминала
Се надевам дека се ке биде во ред како што ја поминав цела бременост како да несум бремена без никакви тешкотии сите така да поминваат ... повеке се оптеретвам психички што мислам цело време посебно кога сум сама дома.. и знам дека се ке биди во ред дека нема зошто да се плашам ама то е... мажот ми е голем оптимист и цела поддршка цело време ја имам од него тој ме теши секој момент бидејки сум голема плачка... Бацки до сите мамички и бидете позитивни .. јас сум сигурна дека деновиве ке ви кажам убави зборави и сите ке помините најлесно
Фала за утехата, закажавме прво ЦТГ, завршив со брисеви и пак кај матичната за две недели.. Сакавме денес да купиме лустерче за во соба кај бебе, некако ми се скрши и кејф и се.. Тоа е сите да мислиме само позитивно. Сакав да прашам во 36 недела дише веќе само?
Да, ич не се секирај, не се плаши - па мене од сам старт 36 недела ми е премија, џекпот, врв. Молам Бога до таму да стигнеме, а докторот ми рече дека он се олабавува веќе и после 34 Инаку, само што бевме да купиме количка... не ми се верува дека после 4.5 години солзи дочекав да купам количка за бебе Фала ти Господе и само чувај не да биде добро се до крај...
Quinny Modd од Бебе Хоум. Со корпа и транспортер плус Мислев мислев и на крај сепак се решив и за корпата наместо за гнездо. Сите што купиле корпи по темиве имаа пишувано дека многу ги користеле па ме кандисаа...
@EvieBabe со здравје да си ја користите количката, да биде умно бебче да си седи во неа. И ние корпата ја користевме од количката. Посебно па ако заапиеше додека беше во неа. Ајде после сите нервози Господ ќе ве израдува со живо и здраво бебче И да биде умно @Larahappy на другарка малото се роди во 35 недела и ако не грешам, кај неа немаше ни време да прима инекции за зреење. Еве го дечко и пол од 3,5 години е.
@EvieBabe многу е убава количката со здравје да си ја користите Еве и јас да дадам рапорт од мојот денешен преглед. Се е во ред, бебка си расте 1340 гр соодветно на 29 та недела. Сите мерки и параметри си одговараат. Што се однесува до мене, др ме олабави малку, лесни прошетки и да не се плашам толку многу, нема промени во должината на цервиксот продолжувам со терапија клексан, почесто мерње на крвниот притисок и од сега почести контроли на 2 недели На искачање од болница од ќеф купивме неколку цуцлички за бебка и сум многу многу среќна