Дали ќе ти излезе во пресрет зависи од докторот. Мене секогаш ми креираше интерен упот дирекно на трансфузиологиј. Не барав од матичен оти немаат некаде термини. Не лажат.
Ќе видам до после пак да ср чујам со докторката, па ако не мм ќе го пратам на Трансфузиологија да праша. Јас морам да лежам и не можам да шетам навака натака и за тоа не ми се ризикува без упат.
Мене на трансфузиологија ме води Јани, а бидејќи сите се тепаат за кај него, дури и со упат кога одам има ред за чекање саат време. Еднаш отидов бев упат пошто он заборави да ми закаже термин за контрола, и тоа беше хорор филм, едвај влегов. Никако не си... се надевам само дека во воена болница нема такви гужви како во државна.
Лани бев за д димери, ќе се потепаа кој прв да влезе. Трудница не ја пуштија. Зборам за 8ми Септември. Затоа не ми се оди така. Сега и пишав на докторката, ми врати дека немало ни на Клиника ни во 8ми Септември. И сега ако нема термини ќе треба на приватно да одам. Се утепав од пари давање оваа бременост. Ама тоа е
Добар ден труднички , како сте денес? Ние од сабајле рано станати , ќерка ми од денес почнаа со школо , трето одделение годинава , два нови предмети (историја и веронаука) , јас со бебе, ме фаќа страв дали ќе стасам и дали ќе успеам нешто да и помогнам (со оглед на тоа што сум странец па не се разбирам многу многу со школството овде )али ајде се надевам ќе си учи Ја запишав уште од самиот старт целодневна , па среќа барем таму домашно ќе си напише. Сега ќе одиме да ја запишеме и на курс по англиски Вчера испитував к.слика со уринокултура. Уринокултурата и шеќерот - се си е во ред , туку ми паднале др вредности железото , хемоглобин итн , свекрва ми ме исплаши како ќе раѓам со толку ниски вредности ,и јас му се јавив на гинекологов ми рече е не е нешто многу симнато ама пиј место два пати дневно , три пати железо.. Се надевам до пораѓај ќе немам проблем со крвта , со првото дете не беше така Ве поздравувам друштво , имајте убав ден
Za zelezoto imase eden naroden lek zolva mi go piese,neznam tocno kako e receptot ama znam deka kopriva suva i madzun se mesaa i vo toa se dodavese limon i portokal e sega tocno soodnosot kako e neznam ako nekoj znae neka pise .Jas jadam aronija sekoj den i sega za sega mi e ok zelezoto malku namaleno sto e normalno ...
И кај мене има стрептокока пиев антиобиотик панцеф со полигинакс и пробиотик исто имав и ешерихија, на следните брисеви контролни пак стрептокока ми појави и тоа на двата бриса па сеа сумамед ми даде пробиотик и вагиналети вагинакс така нешо беа.. и да одам два пати неделно на тоалета(промивка) со плавата течност и се надевам ке помине овај пат..
Здраво девојки, ете ме и мене после прв скрининг и прва проверка на крв/мокрача. Скринингот е добар, носна коска и нухинален набор во ред, само сакав да се консултирам со вас за крвната слика. Ми рече докторката низок ми бил хемоглобинот - таа препорача фермоглобин, приватниот доктор рече нема потреба, рано е и нз што да правам. Дали знаете кои вредности се за шеќер и масти? Поздрав до сите
Јас вчера го прашав докторот дали да внимавам на исхраната ми рече што ми се јаде тоа да си јадам дека не е страшно, но прв пат ми се појавуваат досега никогаш не сум имала ни кандида ни стрептокока не знам од кај ми дојдоа.. само да не си раат
А за во Синлаб дава матичен гинеколог? Јас па прочитав за д димери(веројатно со хемостаза) дека било 2000д. Ќе се распрашам, фала ти За кандида намалете благо (мене така ми кажа гинекологот)
И јас пиев пробиотик и сега одвреме навреме пак се напивам иако не пијам антибиотик. Мене кога ми земаше брисеви тогаш правевме премивка со сината течност пошто имав и чешење, сега не чувствувам ништо, не ми ни чеша, ниту пак имам некој си исцедок, без симптоми сум
Во синлаб е 2000 денари а во авицена 800 за д димери и прашав зошто ми рекоа дека тие си биле застапници за реагенсите. А за синлаб да матичниот гинеколог дава упат.Резултати на мејл
имам прочитано дека чаша вода со две лажички сол и многу лимон помага. одвратно е,ако успееш да го испиеш...
Мене медот со коприва минатиот месец не ми помогна за железото. Сега пиев 20 дена ампули Тотхема од 4.2 ми рипна на 9.3. Бидејќи е во граници на нормала нема да пијам повеќе,следна недела кога ќе одам на клиника ќе прашам дали е во ред. Не знам што ќе се прави со отоков на нозеве...вчера на роденден, 3-4 саати седење ќе ми испукаа од оток мислам дека. Пијам и течности и мокрам по 100 пати ама џабе..ме утеши една пријателка сега, што си отечена во фаца,околу очи..значи цела сум деформисана Ставав вчера облоги борова вода,освен што ми дојде убаво ладно во моментот,друго ништо не се промени. Ги кренав сега на перници,аман веќе
Јас нема кај да си се пожалам па тука ќе си пишам да ми олесни. Ме ставија на инсулин поради скриениот шеќер и дома паники се кренаа, се плаче, се покажува со прсти, се обвинува. Наместо мене како трудница да ме тешат јас ги тешам другите и се објаснувам. Мислев свекрвата повеќе ќе мрчи ама не очекував мајка ми. Значи од кога се научи прави планови како да сме криеле, како под тајно на лекар да сме оделе, како не дај боже од лепра да сум болна. И објаснувам цело време дека ова е од хормоните на постелката што ми го блокираат инсулинот, она само си прави филмови еве од што се нервираш еве од што јадеш домати еве од што јадеш леб. Од кога ми открија скриен шеќер имам ослабнато 2 кг од што страв ми е да јадам, па докторката ме караше зошто излезе дека не е до јадењето дека е до хормони врз кои немам контрола, а не смеам да губам килажа зошто не е здраво за бебето. Ми доаѓа се да отерам у пм зошто многу попуштам за да има мир и дома и кај моите ама претеруваат. Единствена подршка и разбирање имам од мм, ама другите ме гледаат како да сум некоја јалова. Што ќе се случеше ако имав патолошка бременост јас не знам. Ептен за никаде ќе бев изгледа според двете фамилии.
Три пати почнувам да пишувам, па го бришам напишаното, оти прво не можеш да ги смениш луѓето преку ноќ. И кај мене во првата бременост имаше "не кажувај точно кој месец си, не кажувај термин"... и ред други "правила". Ама вака не е убаво што прават затоа што прво ти намерно не правиш за да примаш лекови. Друго не си единствена трудница која примала инсулин. Така да, слушај ги советите од докторите, и настојувај ако можеш да се дистанцираш малку од нив. И ете јас да не ги навредам сите што си земаа право да ми делат совети во бременост и после пораѓај, па најубавите периоди ги поминав во објаснувања, правдања и нервози. Затоа, одмарај, примај си терапија и не се замарај со никој