Луѓево стварно немаат осет некогаш. И мене ми слабее крвта, што е нормално во бременост, уште немам паднато под граници, но ми се запнале ништо не јадеш. Како со ова "нејадење" во 25 недела имам +12 кила и како цел живот имам одлична крв да ги прашам. И што и да ти биде, по дифолт сама си го правиш. Многу сакаме ние да се стресираме, што да ти кажам. Ова да знаеш дека не си сама, нема спас иначе. Треба да си ептен да се испокараш со сите да си гледаат работа, ама и тоа не бива..
Врска немаат ни доматите, ни лебот, ништо. Цела бременост на сила каснувам месо колку да се каже, одбивно ми е, а јадам многу повеќе бел леб, благо, овошје и зеленчук од претходно, тоа ми бара душа, па шеќерот ми е нормален. Од друга страна, ни крива ни должна, ја поминав цела бременост во кревет како некоја казнета, како неспособна - па што треба да ми речат, ќути не кажувај на луѓе, срамота е. Ништо од ова не сме одбрале сами и многу трудници имаат разни проблеми, не е трагедија. Не е фер, не ти требаат такви нервози сега, треба да се има малку осет, особено мајка.
Мамички, околу облека за време на бременост и доење, колку пара градници имате и од каде ги набавивте (мислам на градници за доење), друго колку пара хеланки имате и од каде ги купивте (јас купив еден пар од бутик во Бисер, 750 ден и многу се удобни амс ова времево никако да залади па да ги облечам)
За некој ден влегувам во 7 месец. Се оставам само на парацетамлот.. Некако како бебуш да почнува целата енергија да ми ја зема.. Така чувствувам.. Само нека е живо и здраво... Нека расте како треба. Мајка ќе трпи...
Градник за доење уште не сум купила, мислев деновиве, го поминав цело лето во меки беби доли зашто и така не одам на работа Хеланки имам труднички 3 пара и ги убив од носење (од Ваикики и од интернет нарачани од Асос), мм ми се смее сум била како да немам друга гардероба ама најудобни ми се со патичиња и маички. Плус ме собираат и голем дел од нетрудничките стари хеланки што ги имам, само ги спуштам подоле да не ми го стегаат стомакот. Имам и неколку убави памучни фустани ама ги облекувам апла за дотерување негде ако мора
Баш пред некоја страна пишувавме за граднициве за доење , јас купив од Ред стар кај Рампа градници за 135 денари , многу евтини и удобни хеланки 3/4 имав купено од Лидл , ама не ги ни облеков цело лето во фустани и шорцеви го пројдов види во Ваикики , имаш поевтина облека за трудници таму Благодарам за советите околу железото , ама докторов мој е крив , што убаво си пиев по три пати железо (а да не кажам дека треба може и 4 пати да пијам на ден бидејќи има помалку внатре мг одколку првото што го пиев и ми беше супер крвта) тој ми го намали на два пати дневно , ама викам ајде сигурно знае Се изнервирав , не сакам сега баш пред пораѓање (што се вика не знам ни кога ќе се породам ) а крвта да ми е слаба Инаку да ви кажам , деновиве многу многу тешко се чувствувам , се ме боли , брзо се замарам , веќе одвај чекам да се породам , се надевам беба нема да тера внатре до 40 недела. Се нервирам што не можам нешто да фатам , да почистам повеќе , да раскренам , во детската соба е се пренатрупано буквално како бомба да паднала и се нервирам што не можам да потсредам нешто
Женски,станате малку себични вие кои сте на мета на најблиските,и кажете им во лице дека ако не се спремни да ви помогнат,нека не ви одмагаат.Се ежам кога жена која родила има 0 емпатија према ќерка/снаа.Насочете си ја цела енергија кон бебенцата кои ги носите,чим имате такви луѓе покрај себе,научете да ги игнорирате оти и кога ке родите ке ви се качуваат на глава со примитивни муабети. Јас арна.Сега се вратив од преглед.Брисеви чисти,уринокултира исто,бебе одговара совршено на неделите(10+3).Пак преткаше со раце и нозе.Д-рот ме успокои за наборот на вратот,рече дека е рано,сега беше околу 2,а се толерира до 2.4 мислам.Следен Четврток прв скрининг. Постелката ми е доле иначе,го покрива целиот канал,рече се менувала(се шетала),во најлош случај ако останела така,ке мора царски,иначе не пречела на развој на бебе.Односи никако,а функционирање нормално,без екстремности се разбира.
@dunika ако не сум грешка, оти заборавам сега многу(ама мислам не сум) и кај мене постелката беше долу, ама докторката ми кажа дека како расте бебе она ќе се крева нагоре. Сега кога бев на контрола, кога спомнуваше што како рече постелка супер. Така да, има време да се качи нагоре, ти уште си на почеток. И супер што се е добро. Сега уживај
@dunika и мене на последниот преглед (12та недела) ми кажаа дека постелката е доле,иако е рано било што да се прогнозира рече дека како што ке расте матката и таа ке се качува нагоре. А поради тоа што сум патолошка бременост ми рече да лежам со перница под газот,чисто како превенција и помош за да се качела. Така да супер е и кај тебе , дај Боже така и да продолжиме само со убави работи
Еве ме мене. Денес конечно бев на преглед и го видовме малото гравче Срценцете лупаше дали лупаше Сум 6недела и 3 дена. Е сега, малку плодов е подолу а и грлото на матката ми било како помеко/помлитаво па ми даде утрогестан од 200мг вагинално да ги ставам 2 пати на ден. Следно ми рече а е се во ред да појдам дури во 13 недела. Тоа кафенкото го имав во понеделникот беше мноооогу малку, на бришење како валкано само, во вторникот беше значително намалено а денес веќе и немав (немаше ништо посебно ни кога на ехо ме виде). Сепак ми рече да се пазам, да одморам , не да лежам цело време ама не да тресам, не да правам подолги прошетки-де умерено. Можно било нешто аспирин да ми даде следно ко ќе појдам ама не разбрав за што баш. Фемибион 1 ми биле засега доволни од страна на витамини. И така, сега со Господ напред, ќе чекаме до 12 недела да е се во ред
Здраво друштво! Да се пожалам и јас сега се враќам од од забар па од испитувања, правев крвна слика, скриен шеќер, димери... Еритроцити, хемоглобин и хематокрит ми се под реф. вредности, железото е ок сега за сега. Димерите ок, на терапија сум со аспирин од трансфер навака Глукоза на гладно 5.3,по 1 час 7.1 а по 120 мин. 8.7,а за трудници е до 8.6Инаку растворот го испив одеднаш, но ми се згади животов после тоа. За среќа брзо помина,мм со мене цело време го изморив денеска Утре консултации со гинекологов, но во меѓувреме да прашам што ќе ме советувате за хемоглобинов и за глукозава!? Од утре стартуваме 27 недела
Да ви пишам и јас еве, бев во плодност на преглед, 36 недела а бебе одговара на 38. Ме провери др. сум почнала да се отварам (не ми кажа колку) сега ми рече една недела строго мирување и во среда пак на преглед и тогаш ке ми каже дали ке ме остави во болница за да ме пораѓа. Малку ме фати паника ама стигнав дома и помина, сега ќе си лежам и ќе си чекам до среда
Ајде и јас да пишам, да се пофалам, си ги видов бебињата, сонцињата од мама, растат машала, супер си се, исти се и двете и си одговараат на неделите Ок е се и совет од докторката да не одам на работа уште долго
Незнам колку ти е под граница хемоглобинот најверојатно ќе ти дадат да пиеш нешто. За Глукозата мојата на гладно беше 3.5 по 1 час 9.6 по 2 часа 8.1 ми рекоа дека е во ред
Јас да си се пофалам си купивме количка за нашето синче чекано 4 години со мм неможеме сеуште да си поверуваме а за 2 дена влегувам во 8 месец
Грб како ме боли, уште 8 саата на стол на работа, едвај чекам да пројдат уште овие 2-3 недели да почнам породилно. И зошто малку ми е седење на работа, бев и на кино на Медена земја, и освен што изедов кофа пуканку, се утепав од плачење. И така. Труднички во 8 месец се тркалам.
Здраво мамички имам прашање до вас.. Од задутре веќе тераме 16та недела,но од вечерва чувствувам како притисок и боцкање од левата страна на стомакот кај папокот,читав дека е нормално да имам такви болки овој период но сепак да си прашам..Имајте убава вечер