Хаха морав да пишам,ептен ме насмеа и со спејс шипот и посебно со хорни соновите кои мислам дека секоја од тука ги има Луди женски глави..
Денес ги земав резултатите од уринокултура и на нив ешерихија а веќе 37 недела . Сега и пишав на докторката па чекам одговор. Кај ме најде баш на крајот
Мајка кај не ќе сонуваме еротики, еве ние 5 месеци не сме се допреле никој ништо не ми забранил ама ептен ми е страв
Е баш во овој сон се погоди да биде присутен, не гарантирам дека во секој сон го има. Треба изгледа посебна тема за лудите хормонски соништа да отовриме. Инаку многу сум храбра во моментов. На работа сум. Ми се пријаде ајвар. Си купив и сега јадам, а облечена сум во бело фустанче. Инаку секој ден се флекам, колку и да пазам. Во меѓувреме ми стигнаа резултати од крв. Малку сум го поправила железото, се' друго сум расипала. И резултативе од урина не ветуваат добар резултат од урино култура. уфффффф... ќе си пукнам..... ај бар ајвар си јадам....
На здравје да ти е ајварчето ми се пријаде кога сме кај јадењево дали внимавате што јадите и колку течност внесувате? Мене на почетокот уста не ми се отвараше за овошје и зеленчук, ниту вода пиев, ништо, само некои глупости, арно ама сега мислам по килограм овошје и зеленчук јадам....вода, чај и цедени сокови.....се вкупно сигурнопо 2л денот.... некако мислам ако го правам ова дека ќе се спасам од бактерии, ниско железо и сл.....ама па и вкусно ми е бе
Здраво и од мене, Прво @kockichka не мора да значи ако има покачени вредности на урина дека ќе има бактерија на уринокултурата. Кај мене беше така и така ми кажа и матичната. Друго, пак ме боли стомакот. Овие 2 дена некако имам тврда столица, па си викам од тоа да не е. И кај шо ме боли, синко го осеќам ко точак да вози во стомак. Мава со ритам Малку ме фати паника прееска, ама нели си реков помалку ќе паничам, па сега лежам од прееска и чекам да помине. П. С. Од денес 7 ми месец. Конечно
Секако дека ако си продолжиш така ке имаш само добар ефект. Јас од почетокот сум со по 2 литри вода,цеден сок и гоолема желба за кисело.. какао пијам без трошка шеќер,значи желбата за шеќер ми е 0. Незнам што трудница ке бев А само сакав да ве прашам дали трудници смеат да зимаат концетриран сок од аронија со капина и црна рибизла??
Ах бре ме изнасмеа на сета мака И јас веќе почнувам да го мислам тоа породување, којзнае како ќе биде, а за чудо уште не ме фаќа толку страв од тој дел. Дали дека уште не е свртена па претпоставувам ќе мора да е царски, што знам. Само едно знам, ако е царски, одма ќе станам од кревет и ќе извадам катетар па колку сака нека боли. Хистеро лапаро кога правев лани, Трајковски ми се јави после 5 саати од операција со муабет: Да не ти ставија катетар? Ми ставија, викам. Кажи им под итно да ти го извадат, излажи дека те пече и одма да си станала. И ги напнав сестрите одма да го извадат, тие вакви и станав да шетам сама. Другите пациентки што беа оперирани дента и претходниот ден па дури и пред два дена, ме гледаат сите Нели ти е страв дека ќе паднеш од општата анестезија, нели те болат дупките Јас шетам бате и сабајлето одма после визита правец дома, а сите други со лапаро лежеа по два дена, такви биле правилата Само она нека се роди жива и здрава, јас ќе летам. Синоќа инаку примив втора доза Флостерон и еве почнаа нанките, од сабајле дали еднаш е онака млитаво мрдната ама ајде се тешам дека овој пат знам што ме чека и дека е нормално. Само нека пројдат побрзо овие пет дена...
Соков од аронија со капина и црна рибизла незнам зошто да не би се земал, баш супер сокче, витаминска бомба јас така ги јадам капините, а па во смути си ставам боровинки наместо аронија.... и стварно се јадам со апетит
Сакав да ве прашам прееска. Што јадете благо? Јас не проверував скриен шеќер, ама едната докторка ми рече да внимавам на исхрана, меѓу другото и благо да исфрлам. А многу ми се јаде благо и не знам што би можела замена некоја да најдам
@flower30 @bela.m имате некои проблеми со шеќерот или? Мене ми е шеќерот во ред и не се устручавам толку - јадам овошје ама си јадам и сладолед, чоколадо, палачинки... Ниеден доктор до сега не ми го спомнал благото, дури ни за време на ивф, а ич па сега во бременост.
Искрено од пола од овошјето ме болеше стомаки имав проблемиЈас и онака не јадам овошје, може ова потсвесно ми бешеДури и од јаболки-сите трудници наоѓаат спас во јаболките за киселини, мене од една изедена ми идеа киселини многу. А пустото толку ми се јаде блахо, во живот не сум имала толку желба за благо. @EvieBabe скриен шеќер не сум испитувала, сега ми беше супер на к. с. Никогаш не сум имала проблеми сп шеќер. Ама докторката спомна да повнимавам на исхрана, во смисла и да е малку покачено прво викаат да се внимава на исхрана. И затоа сакав да најдам алтернатива за благото. А си каснувам јас се и од благо и од солено
Се шо ми се јаде. Сеа не многу количински ама коа ми се јаде каснувам. Јас имам многу низок шеќер, па на моменти дури и кризи ме фаќаат за благо и морам да апнам нешто.
До скоро речиси и никој да не проверуваше, освен тие со индикации, сеа ми рекоа дека е задолжително околу 27ма недела па проверив. Ма да и сега не праќаат сите доктори на проверка.
Еве ме исто ) јас повеќе на овошје сум фрлена а со водава и сокчинава послабо некако .. битно цело време мелам нешто викам кизне шо ке се направам али се држам некако за сеа.. колку си поправена до сеа?
Јас како што напишав и погоре јадам многу овошје, денот ОБАВЕЗНО ми започнува со лажица мед, периодов најчесто јадам бананаи, круши, сливи, цедени портокали, цитрони, лимони....сето ова обавезно секој ден, може и нешто плус...и незнам некако ме заситува и многу ретко ми се пријадува благо (а пред да забременам бев голем обожавател), ако веќе ми се јаде нешто си имам дома залихи црна чоколада и си апнувам