Па поправена сум право да ти кажам 6кг сигурно, а тек сум 18та недела, ама дупло е кај мене,стомак имам како за 7ми 8 ми месец
Јас кога бев кај докторкава на приватно ми рече да не проверувам, затоа што на крвната слика бил добар, сум немала индикации, а во првата бременост проверував и беше добро. И плус мислам спомна стомачето(или беше друг орган) на бебето ќе било поголемо на ехо ако имало скриен шеќер. После на Клиника кога бев за проверка за контракциите, докторката таму ми рече ако немам во фамилија наследно да не проверувам. И исто кога испитивам урина ако имало ќе покажело повисока вредност на глукоза во урина. И дека двете ми рекоа, си реков ок. Ама сега некако шубе ми е. Денес сум 27 +0.ќе видам ако не во понеделник ќе идам до Авицена да си проверам @lejlla @Miss.N фала ви. Овошје ич не можам да јадам, суво овошје немам навика ама ќе морам нешто замена да земам
Јас мислев дека нема да проверувам, 24 години имам, ама ме прати сега треба да проверам. И за ддимери немав индикации, проверував. Изгледа зависи од докторот..
Не оди. Немав ни јас индикации ама ете ми дадоа упат, пукнав од течноста цел ден лошо ми беше. Многу гадна ствар. Земи црно чоколадо, од оние житните барови како Витанова на пример...
@flower30 сега еве се сетив да ти кажам уште две поздрави варијанти за благо што често ги јадам кога имам криза, лажица таан со лажица мед-измешано, ги мачкам на крекери и му ставам банана, префкусно ми е барем мене и уште еден рецепт... ставам во блендер една банана и лажица какао (го купувам од ДМ, демек поздрава варијанта) а на страна во сад ставам грчки јогурт со лажица чиа семе и ова со бананва одозгора, има прекрасен освежителен вкус, можеш да го испробаш и за ќеркичката...
За Д димери ми рекоа не мора, ама ќе си направам. А за шеќеров веројатно нема да одам За црно чоколадо заборавив, ќе купам тоа и плус житарици. Фала ви
Здраво мешиња, денеска преглед кај матичниот, ехо, консултации Бебе е супер, мерките се ок според неделите, од утре 27+ Совет за хемоглобинот повеќе месо, јајца, така и некој суплемент плус ќе ни треба во последново тромесечие(не ми се верува дека јас го зборам ова) За глукозата рече не е страшно, за 0.1 е плус, нема терапија. Е сега за бактериите во урина чај од камилица, брусница и цефалексин една доза Синко е високо поставен, главче доле, рбетот лево, ножиња горе високо(затоа имам киселини), а осеќам ме мава се појако и појако околу папокот на мајка!
Таан со мед и какао + банана ми е едно од омилени здрави благи, особено за во пост, ама прочитав дека не смеело во бременост сусам, особено во комбинација со мед, дека можело да направи контракции, па цела бременост немам јадено таан со мед и банана.
За сусамот дека не смее во бременост, првпат слушам. А јас си го јадам. Леле па некој кога ќе ми рече "де што се жалиш, не си болна трудна си", под влијание на хормоните моими иде да го задавам. Не смееме да јадеме и пиеме се, не смееме во базен, не смееме да мрдаме(некои од нас), не смеам да патувам, не смеам да спијам како сакам, морам да пијам еден куп лекови.. .. И на крај не смеам да се жалам, оти за убаво било. Епа ок, не сум болна, ама тогаш се осеќам ко во логор да сум Пак ќе кажам, сево ова под влијание на хормоните е
Драга мене шеќерот ми е дури низок ама јас не внесувам глутен па со тоа и шеќерот го избегнувам. Речиси секое благичко има и глутен...
Здраво жени, 34та недела,последните неколку дена болки во рацете и отекување, беба одговара на тежина за 35та недела. Докторката вели од следна недела може да излегува ако сака, се е развиено. Ја осеќам се подолу.. Како изгледаат тие почетни симптоми ден-два-три пред порагај? ден-два приметував веќе некаков исцедок.. Како им изгледало тоа течење на водењак на некои кое траело повеќе време?
И јас јадам сусам ама онака во граници на нормала, а таанот е нели мелен сусам и веројатно дека поголема количина, во комбинација со мед не било океј. Не дека знам за сигурно, така прочитав на интернет и се сецнав, мада веќе и по тој интернет се пишува што им текне - којзнае колку е вистина. Во чисто млечните чоколади нема глутен Другарка ми цел живот од бебе има целијакија и не внесува никаков глутен ама си јаде млечно Милка секогаш
можеш во тегла мед да здробиш по една рака јаткасти плодови неколку сорти, ем блачко ем здраво, добро за имунитет
Едно глупаво прашање ама морам - медот дека содржи природен шеќер може да се јаде нели?! Не е како другите благи(колачи, торти)
може и препорачливо е Медот е одличен антиоксиданс. Трудниците кои во текот на својата бременост конзумирале мед раѓале поздрави и повитални деца. Кај малите деца се препорачува мед по втората година. https://acibademsistina.mk/health/i...ana-nitricionizam/45-site-tajni-na-medot.html
Така е @Kaetana , уште малку остана поготово ти ситно броиш па и киселиниве ме убија , денес скоро цел ден ги имам , не само кога спијам. Туку од прееска како некоја болка околу папокот имам , чувствувам дека цел стомак ми се се мрда лево десно. Ваљда нема да и текне на беба да се зврти пак наопаку , м во понеделникот кога бев на ехо видовме дека си е ок свртена со глава надоле , се надевам нема да ме снајде таква беља и чувствувам некое ``сечење `` доле како со нож кога сум исправена и кога се движам. Само нека издржи уште малку, се молам барем до 37ма недела па потоа нека излегува кога сака
Јас многу внимавам кога се работи за исхрана,на за линија,едноставно ми е важно што внесувам во организмот.Ама,не забегувам премногу,ако 80% сум внела нутритивно хранливи оброци,20% останати ми се не толку важни.Ако ми текне на сладолед јадам,ама едно топче или 80гр,не пола канче. Овошје сакам многу ама не претерувам,сепак е шеќер,освен малини капини и боровинки,тие се ептен здрави и полни со антиоксиданси. Проблем ми е што не јадам речиси ич месо,па гледам да надоместам со протеини од млечно и јајца. Скриен шеќер ке видам што ке каже докторот,и д-димери исто кога се испитуваат? Од денес на неколку пати ме заболува доле,почнуваат лигаментите да се тегнат ваљда дека ке расте стомак.Приметив деновиве почна да се заоблува. Да се напијам магнезиум вечер нема да штети нели?