Планирам да отворам боледување кај обичен матичен доктор. Таму ќе ми земат и крв, дали ќе ми ја наплатат крвната слика? Обично ја плаќав 300 ден. да знам кај да одам.
Само прегледите со упат од матичен гинеколог не се наплаќаат. Се друго се наплаќа. Прашај ако можеш да направиш крвна слика со упат од гинеколог па да ја приложиш кај матичниот.
Тогаш кај матичниот гинеколог ќе извадам боледување, полесно ми беше кај обичниов, поради причината зошто вадам. Ваљда ќе ми даде и гинекологов.. Фала ти.
Ооо, Нина, значи ти прва ќе ја отвориш нашата крај септемвриска - почеток октомвриска тура на пораѓање Ајде нека пушти нога некој од следна недела. Јас за три дена 34 недела и се пуштам исто во потрага по аутфит за излегување од болница зашто конечно ќе смеам да потпрошетувам. Планирам да почнам со барање во Сити Мол ама немам замисла дали сакам малата госпоѓица во фустанче да ја облечам за таа пригода или нешто поприродно, сетче некое, шпихозни слатки, којзнае и колкацка ќе биде на што ќе личи такво бубаче мало Ако најдеш некаде некои убави фустанчиња или други работи за дотерување девојче баш пиши, сликни @Sofi.ja и мене ми е движењето веќе тешко, а бебе тек е околу 2 кила. Дали дека и јас сум ситна па имам чувство дека ќе ми пукне стомакот, како и да се наместам во кревет некако неудобно ми е, ми се дрви стомакот. За одење да не збориме, забревтана желка. На толку спортување до пред девет месеци, не ми е јасно како може да сум толку зарѓана. Абе доволно е да отидам од спална до кујна дур зборам на телефон и готово не можам здив да земам Синоќа ја монтиравме количката и ја возев малку низ дневна
Добро утро женски и од мене Си направив топло какао и седнав да ве читам. Маж спие , ќерка во школо Јас да ви кажам денес ќе седнам полека полека да си ја местам торбицата за во клиника , на страната на клиниката најдов што треба да имам со себе за мене и за бебето , па ќе наместам нешто. Го прашав докторот кога да почнам да ја спремам , ми рече па за едно 2 недели почни - си викам дај не зезај , кои две недели ако излегува како првата ќерка 37 недела , кај маж ќе може да се снајде ниту знае каде што има низ шкафовите @Nina1985 5 дена си пред мене со терминот , ти изгледа ќе го скршиш мразот ајде со лесно нека е туку се согласувам со тебе , многу многууу претерале со цените , баш кога бев во Мк и кога шетав , си викав нешто ќе земам за беба некое фустанче за излегувањето од клиника ама ништо не ми се допадна , а дека нови колекции цените качени до плафон , па некои комплети по бутицине од 50 евра.. Сакав да земам играчка за количка/креветче , што е тоа бре една за закачување 800 денари , па претеруваат. Златен Алиекспрес , ако нешто треба ќе си порачам од тука. А ете и се мислам дали да купам нешто , ако верувате женски сите фиоки се до горе полни со алишта од поголемата ќерка , немам веќе место ништо да ставам а не ни знам дали се ќе облече од неа што има зошто таа се роди март , ова сега октомвриско бебе ќе е. Плус којзнае колку подароци ќе соберам од луѓево овде - ама што и да донесат ќе го сменам за поголемо Размрдана е бебка од рано сабајле леле мајко , јас не знам што прави внатре , дали се превртува, ама боли што да ви кажам
Добро утро мешковци, читам сте збореле за слатките маки. Ги имам и јас, а 28+ сум. Може дека се близначиња... Стомакот голем како за 9 месец, бебињата напредни, некои трудници со таа килажа раѓаат, а јас имам уште многу додека стигнам до таму. Офкам и јас на секое станување од кревет, на секое вртење во кревет и менување позиција, колковите ми се соронаа мислам. Желудникот качен во грло, киселини горат, дишам на цел глас. Вчера едното бебе ребра ми сокрши, другото претање мислиш низ стомак ќе излезе. И ништо не ми е тешко бре, на глава да ми речат да стојам до 9 месец ќе прифатам. Кога ќе ми текне што се минавме за да стигниме до тука, од ништо не се жалам и уживам во секоја болка во телото бидејќи знам дека некој расте во мене и моето тело го манифестира тоа. Околу 10 килограми имам ставено досега, се е заминато во бебињата, јас делувам прилично слабо. Телото не ми е здебелено, како пораснато делува. Отоци немам воопшто фала богу, ама кога ќе ме виде човек во фаца, се познава дека сум бремена, имам некоја убава боја и сјај. Хормоните ме лупаат многу често, нервозна не сум воопшто ама плачка за ништо сум. Цела бременост сум како на седативи , тивко и смирено, како без душа зборам, се контролирам за многу работи, ама ако отворам уста да плачам, се правам во фаца како црвена пиперка и не ја губам бојата саат-два. Минатата недела кај моите два саати плачев оти брат ми ги удари внуците заради претерани будалаштини... Вчера бев да депилирам веѓи, козметичарката знае дека сум дома цела бременост бидејќи одма спроти нас и е салонот, ме гледа и вика "Бело, тебе тенот веќе не ти е бел, ами ти си проѕирна станата, без пигмент". Не ми текнало да се загледам така, ама во право беше. Само вените имаат боја по телото мое. Ааа, и модринките од клексаните Постојано во затворен простор, без активност.. И тоа е тоа. Многу се изнапишав, а ништо не кажав знам. Палавковци тропаат во меше, да одам да лапнам нешто. Се читаме идни мајкички
Ако се сомневаат на инфекција повтори ги брисевите. Каде ги правеше минатиот пат? Јас имам многу лошо искуство со државна микробиологија и ГАК за брисеви, упорно негативни за приватно од 4ти пат да се открие инфекцијата
Доброутро мешковци сакам да прашам дали некоја од вас во последните денови од 9ти месец се соочила со кандида 39та недела сум а ова не стопира незнам што да правам др ми рече ке ти дадам вагиналети а јас за некој ден треба да се породам. Дали ако е природно може да се префрли на бебето или да си одам на царски
Добро утро од мене додека синче ме части да испијам кафее раат со вас. Го почнав 6ти месец, болки од страна на стомакот во тетиви или што и да има таму некогаш имам и по цел ден, магнезиум ми зголемија што за болките, што за тоа што многу често имам лажни контракции, особено кога ќе се размрда бебе, а многу мрда. Другото се е во граници на нормала, што е многу добар знак за мене, ама пак со душа чекам да надминам 28-30недела, до тогаш страв ми е пореално да зборам за бебево што иде, така што избегнувам многу муабети со луѓе каков пол е, му кажувате ли на поголемото, име имате ли, им одговарам кратко и неодредено па малку се чудат, ама сеедно. Маж де го сакам најмногу на свет, де му избувнувам како најголем непријател, а и на детево ми се случува да му избувнам и после ми е мноху криво, ама стварно е многу, многу захтевно дете + 100 бељи праи дневно. Се мачкам секој ден со масла и креми против стрии, пак мислам дека овој пат ќе пукам како географска карта, минатиот пат добро поминав без стрии на стомак, сега се сомневам. Малку стагнирам со јадење деновиве па се надевам и вагата ќе подзастане некој период ама стомакот ми прилично пораснат
Добро утро мешиња и од мене Се надевам дека се наспавте, ноќта ми помина без ниедна посета на wc Сега чекам мм да стане и да пиеме кафе...од денес си почнува на работа, па сега ми е жал што толку го нервирав хормони лоша работа Од денес почнувам подготовка на торби за болница
Добро утро мешки-смешки, Ме нервира опасно. Со првата бременост повеќе ме нервираше, со вторава помалку, ама мислам дека е до мене, јас се приметувам кога избувнувам и побргу се повлекувам. А дека не разбира, не разбира. Дали дека не може да си претстави како е во моја кожа, не знам. Се' уште мисли дека можам да ги контролирам хормоните. Да можев, ќе се напунев пари откако ќе го продадев решението. Мислам дека неколку пати пишав за ова, се надевам не сум досадна. Со претходната бременост имав досадна кандида низ цела бременост. И се паничев за бебето. Пред пораѓај на ГАК ми кажаа дека на сите трудници и на бебињата им даваат антибиотик превентивно, е сега не знам дали и на оние кои немале бактерии низ бременоста, ама на оние кои барем еднаш во текот на бременоста им се појавила бактерија, им даваат. Доколку си алергична на пеницилин, како што сум јас, инсистирај да ти дадат антибиотик со кој можеш да доиш. И да не ме мислите, не се исфлекав со ајварот, ама се исфлекав подоцна со чоколадо. #тежокживоттруднички
Na zdravje kafence Ic da ne se sekiras za nerviranje na maz ti ova e se opravdano.Jas za ovie 9 meseci dusata mu ja izvadiv za se sto nekogas sum prekutela ,vo princip jas sum taa sto sekogas popusta za bilo sto samo za mir vo kuka e ovoj pat se smenia ulogite neli plus od opravdani pricini hormoni bas ubavo mi dojde na dusickata da bide se po moe.A za placka sum epten placka ,placam na se zivo,se nadevam nema bebka da e takva placka ko jas ...
Добро утро, Кога ја читам @bela.m како смирено пишува и како ги прифаќа тежините и болките од бременоста, се срамам. Јас цела бременост се жалам И мм доста често го нервирам. Немам живци и трпение за ништо. Доста често избувнувам и знам да викнам и на малата. После си плачам оти не можам да се воздржам. Ама ете многу ситуации што се случија се "виновни" за ова мое расположение и не можам да издржам. Плус секојдневни болки во бременост и толку ми треба. Мм и јас исто, де многу го сакам, де ми иде да го задавам. Ама си го сакам. И ќерка ми ја обожавам и бебето што треба да пристигне. Само да е се ок. Инаку ме боли пак стомакот. Не знам, болката е де ко менструална, де ко да ме жеже внатрешноста на стомакот со кркорење на цревата, низ цел стомак осеќам така. Се сетив дека пред некое време така ми беше кога имав стомачен вирус, па се надевам дека не е нешто страшно. За килажа сега не сум се мерела, скоро 2 месеци, ама дефинитивно сум поправена. Лежам цело време, а ужасно многу ми се јаде. Јадев вчера благо-црно чоколадо(да не ме мислите).
Кога сме кај оваа тема јас морам да се пофалам, мислам дека откако дознав дека сум бремена сопругот уште повеќе си го засакав, па кога ќе го видам како се труди да ми угоди, да ми помогне.....немам коментар, само таков да си остане и да помага со бебињата, не дека се сомневам нормално е некогаш да имаме и несогласувања, но многу, многу ретко.....сепак мислам дека тука игра улога што живееме сами и никој не ни се меша! И јас како @bela.m многу сум смирена, како на седативи да сум, претходно паничарка бр.1, хормони, кај секој различно, знае некогаш да се исплашам, незмам уште што е нормално во бременост, а што не е, но сепак до сега добро поднесувам се и сум изненадена од самата себе
Душо, немој да се обвинуваш за ништо! Хормоните се опасно нешто! Таман работа, секако дека најмногу на свет си го сакаш мт, ќеркичката и мешето. Тоа што некогаш се чувствуваш при крај со нерви НЕ Е ДО ТЕБЕ! Стресните ситуации поврзани со бременоста со го прават своето. Еден период немаше ден да не си на доктор, не може мајката да е рамнодушна на тоа и да не стравува за бебето. Стравот си го прави своето, тоа е факт. Тебе и на сите нас се ни е дозволено сега во бременоста, се "вадиме" на хормоните, туку другите околу нас на што ќе се вадат? Уживај и немај гајле, ти си една од многуте мајки-борци! Те гушкам, ако можеме од мешињава
Да да ке ги повторам секако.Минатиот пат овде во државна болница,немаше ништо.И пред да почнам со инвитро правев пак беа стерилни
Си се пронајдов во многу работи од твојот коментар... И јас исто за мм, уште повеќе го сакам сега, кога ќе видам колку се труди, дома да е средено, фрижидерот да е полн испазарено, овошје зеленчук да имам, со мене на секој преглед, бизнисот го тера за јас да сум порелаксирана да не се нервирам... Нормално дека има хормонски моменти кога ќе ме извади од такт со некоја глупост ама кога ќе ми текне што све имаме поминато заедно, ме преплавуваат емоции. А и јас исто како тебе мислев дека ќе бидам поголема паничарка, особено по сите трауми претходно, ама баш сум чил, смирена, не се замарам за работа, за луѓе, за ништо. Единствено Флостеронов што ме вади од колосек кога бебе не мрда по 5 дена, ама од читање по интернет сфатив дека ниедна мајка не би останала рамнодушна на тоа и сите реагирале со ист страв и паника. Инаку, @flower30 не се нервирај и не се споредувај со други - немаме сите иста бременост, исти маки и иста историја. Пример, нормално дека некоја што има крварење цела бременост нема да биде подеднакво мирна како некоја што има школска бременост без никакви проблеми. Особено страшен фактор е претходен спонтан - дури и по долга неплодност, нема шанси да се спореди бременост на жена што имала спонтан со бременост на жена што немала. Има жени на форумов што војуваа и по 4-5-6 години, но немаа спонтан и кога останаа трудни од прв момент беа пресреќни и безгрижни. Има жени што брзо останаа трудни, па по спонтан 300 блокади и стравови. Никој не знае колку боли тоа и какви лузни остава дур не го помине. А и возраста, приметувам на форумов колку се посмирени тие што се околу 25, под 30, наспроти тие над 30, над 35 Едит: Аааа, и заборавив да спомнам, кој фактор плус е строгото мирување, да си 24 часа во кревет. Кога ќе видам како си шетаат сите, си одат по кафичи, по гости, шопинг за бебе, а ти врзана за кревет со месеци - нормално дека и тоа си го прави своето...
Мене ми беше предходниот на 13+5 и е нешто што стварно никако не се заборава. Сега сум 13+4 и кога го прочитав ова некако се сецнав, зошто се обидувам колку можам да не мислам ама се е во Божји раце,со голема верба дека овој пат ке биде се добро. Не посакувам на ниедна да помине низ тоа..
Фала ти мила Јас поминав и 5 годишен период борба за дете(иако без инсеменации и инвитро, природно останав трудна), поминав и еден спонтан. Претходно болест на мајка, која едвај се спаси, се врати од мртвите. Сето тоа кај мене остави многу тешки последици. Од страв од спонтаниот првите 3 месеци не се радував и на секој кафеав исцедок и крварење јас велев "леле готово, крај е". Ама имам борец во мешето кој е појак од мене. Плус, од пред 3,5 год. седнав дома, напуштив работа. Сега секакви перипетии во бременост и капак на се строго мирување. И толку, некако се распаднав психички. Плус коментари и потези од околината кои ме вадат од такт. Криво ми е што домашниве, што ги сакам највеќе ги трпат моите испади. И бебево во стомак трпи нервоза од мене. И "пукам" доста често и затоа се срамам и се нервирам. Се надевам само и го молам Господ се да биде добро, да се породам на време, а не порано и малку да "спласнат" хормониве А едвај чекам да се породам. На почеток од страв и нервози, не можев да покажам љубов спрема ова бебе. Сега кога го гледам на ехо ми иде топлина на душа. И си ја замислувам сликата сите 4ца заедно дома. Само да биде добро кај сите нас, да имаме полесен пораѓај и да ни се живи и здрави бебенцата