Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Следам, пред 2 дена мерев стандард ми е 100 со 50.
    Ќе видиме како ќе се одвиваат работиве, не сакам да трпи бебето ако нешто се случува:x

    За искашлување пишуваа овде дека пиеле сирупи на природна база што се.
    Да видиш некој бабин лек што би помогнал ептен ако не ти се пие лек...
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nora.A

    Nora.A Популарен член

    Се зачлени на:
    17 април 2018
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    1.018
    Пол:
    Женски
    @Adams, јас ќе правам 3 скрининг во 32 недела, така ми пишала Елена Петрова.
    Мислам дека од 28 до 32 е третиот.
    Инаку за полот, ние сме среќни со оглед на тоа што се поминавме што воопшто ќе станеме родители па тоа ни беше апсолутно неважно.
    Ако зборуваме за симпатии, мм секогаш бил за девојче, јас за машко.
    Сега па обратно јас сакав девојка за него, тој машко за мене
    Тоа е љубов:l:
    Нека се живи и здрави тоа само ќе кажам, Господ да смеша секого што викаат старите, сите да се радуваат.
     
    На Vanessa9li, flower30, Adams и 13 други им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.970
    Девојки добро утро, како сте? Јас бев на контрола кај докторот во петокот и ми кажа дека за 2 недели треба да почнам со цтг зошто очекува да се породам пред термин и некако паника ме фати, брзо ми дојде :) Јас си мислам имам уште 2 меееца. :| И вчера во поход да докупиме работи, зошто само количка и неколку бодиња имавме земено, па купивме креветче, постелнини, бањарчиња, тетра пелени... Рамки за слики да ставам убави сликички во собата на бебето :D Цел ден натака, навака, се преморив. Ама среќна сум дека многу работи земавме.

    Туку сакав да ги прашам тие што имаат веќе детенце. Која е функцијата на тие оградичките за кревет?
     
    На Lorins, Sexybaby86, bela.m и 6 други им се допаѓа ова.
  4. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.384
    Ако си така со многу отоци пак да го измериш, ова не за да те заплаши, туку чисто да си сигурна дека не е од притисокот :)
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.987
    Допаѓања:
    108.482
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене :) како сте ? Јас на работа , се освестувам со какао , алармот од маркетот милион пати ме разбуди и немаше што да правам, па станав. Среќа не беше ништо сериозно, паднала вреќа со ќумур и алармот го регистрира ко крадец :D

    @KuklickaSk со здравје се да си користите :) според мене овие оградичките се нова мода, порано кога сме биле ние мали ете пред 30 години, мислам не се ставало вакво нешто.. :?:
    Убаво изгледа во креветчето, така наместено плус со перничиња во вид на облачиња , ѕвезди :lol: јас пред некој ден прочитав негде дека овие работи биле опасни за бебето , демек од задушување ете од СИДС (синдром на ненајдена смрт кај бебе) :wasntme: сега колку е точно стварно не знам , јас имам две оградички од ќерка ми дома , и што знам, би ставила пак за бебето додека е помало секако без перничиња наоколу :)

    Инаку да прашам , мене термин ми е 15.10 значи од денес влегувам во 9ти? Или од 37ма недела се рачуна :lol:?
     
    Последна измена: 15 септември 2019
    На Larahappy, Sesil, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    По моја логика од слушање од други, освен естетскиот момент, целта на оградицата е бебе да е позаштитено, да не се удри во дрвото, другарка една се жалеше дека на син и ноџињата му искачале меѓу “решетките” па се плашела да не се повреди и сл.

    А инаку да @koritsaki, и јас го знам тоа за сидс дека не треба во креветчето ништо освен постелнина и добро фиксирана оградица, никакви перници и играчки за не дај Боже да не се задуши. Јас нарачав многу убав комплет постелнина со оградица и перничиња такви ама планирам да ги вадам перничињата кога ќе спие бебе внатре, ќе стојат само кога не е она во креветче и после кога ќе потпорасне малку здравје Боже, после 3 месеци можда. Читав дури и јорган дека не треба, или ептен ниско до струкче само или ич, подобро подебели пижамки :/

    А во деветти месец се влегува од 36+0 колку што знам јас, ти си две недели пред мене, значи сега влегуваш :)
     
    На Sexybaby86, bela.m, Mini90 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.970
    Фала, ќе размислам дали да докупам и тоа, иако тоа за заглавување на ноџињата не ми текнало.

    Инаку @EvieBabe ептен сме исто со термин, ептен врсници ќе ни бидат бебиве, па зсравје може ќе се гледаме по родителски понатака:D:)
     
    На Sexybaby86, EvieBabe и koritsaki им се допаѓа ова.
  8. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Леле цела ноќ имам болки во кичмата и менструални, на 10-15 мин. И како да ми се оди во вц, но страв ми беше да напнам. До кај 8 и 30 така беше станав, се спремив, оиев кафе, бев во вц и сега ништо ни б од болки. Од утре 39та недела. Не знам дали да паничам да одам на доктор...
     
    На Sofi.ja, Sexybaby86, Mini90 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.987
    Допаѓања:
    108.482
    Пол:
    Женски
    @EvieBabe да , каков страв имав се сеќавам со првото дете, да не заспие на страната што не треба ,дури станував ноќе ја слушав дали дише :?: разни филмови си правев во глава ама ептен страв ми беше.. дури перниче имам слушнато дека не треба да се става за спиење, ама јас тогаш на ќерка ми и ставав.. :?:
    Инаку од вчера повеќето работи ги спремив за мене и бебето за во клиника. Е сега ако притреба нешто друго , маж ќе ми носи :D не ми се верува дека готово веќе влегувам во 9ти :) утре имам први ЦТГ и се надевам дека конечно ќе ме прегледа во врска со цервикс.. :sweat:
    Приметувам дека стомакот ми е по- спуштен, одам многу често во вц , а бебе маваа дурии болни се ударите , цел стомак лево десно "шета" :D
    Очекувам да излезе бебе негде почеток на октомври :wasntme: ма да не мора да значи тоа се мои претпоставки :rofl:

    @Darija* со лесно женска :party::*
     
    На Larahappy, Sofi.ja, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Bonnie Top

    Bonnie Top Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    698
    Пол:
    Женски
    Добро утро мешковци, полека полека на сите ни се ближи терминот. Како ве читам вас почнува и мене да ме фаќа таа породилна еуфорија. :)

    Јас од утре почнувам 30та недела иако имам уште доста време веќе почнувам да размислувам се повеќе на таа тема :) не верувам дека ќе терам до краен термин ради цервикс, ама тоа се мои претпоставки :)

    Инаку се чвствувам релативно добро, освен што понекогаш имам некои буби во главата во врска со покачените д димери, ниски тромбоцити и сл... сепак се трудам да останам позитивна и да уживам во преостанатиот период :)
     
    На Sofi.ja, Sexybaby86, bela.m и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.200
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене срцки :hug:
    Си ја терам ја 38ма недела, вчера бев на цтг и контрола, се океј, ама со тој муабет дека е мало бебето ми ја пукнаа главата. Околу 2500 гр било, е ако де, и ја не сум огромна па што? :emo:
    Следен преглед ми е тек во петок, до тогаш ќе уживам, од утре си користам денови од одмор^_^
    За во болница ми е скоро се спремно, едино уште некои ситници можда.
    Тоа што ме мачи е дека немам најдено нешто за мене за искачање од болница, не знам ни што да земам ни кој број, јер нели нема веќе толкав стомак да имаме после пораѓај или? :?:

    Убав ден на сите, одмарајте си колку можете повеќе :sun::l:
     
    На Kaetana, Sexybaby86, Marmarin и 4 други им се допаѓа ова.
  12. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.846
    Допаѓања:
    95.209
    Пол:
    Женски
    Каде бе сите на пораѓај,јас уште меше немам:smirk:
    Шала,само со лесно да ви мине на сите,да ви биде убаво искуство:hug:
    Ај,Секси ке ме дружи цела зима.
    Сега за сега ми изгледа толку далеку,ехее до година:D

    Оградици овде кај мене нема,ни на работа немаме,ама нон стоп некој ги надгледува бебињата.
    За новороденче не ми ни прави смисла,до 5-6 мес секако само глава мрда лево-десно,не се вртат сами.

    Јас арна,супер енергична и позитивна,дури на моменти се прашувам оти не чувствувам ништо.
    Уште да не сонувам глупости,од хормоните и забранава нон-стоп сонувам нешто со секс:rofl:.
    На маж ми му викам,извини,во сон партал те направив од варање8)
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, Lostinparadise и 12 други им се допаѓа ова.
  13. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    И мене ми е тоа многу страв, мислам дека се ќе висам над креветчето да ја гледам дали дише :worried: А перниче планирав деновиве да купам од оние минијатурните само за под главче што се со 3Д вдлабнатина за правилно оформување на главчето за да не и се сплеска.

    Нова мисла ми стави сега во глава, јас воопшто не размислував за мене јас што ќе носам за излегување од болница, само за неа :D Ни на крај памет тоа не ми падна ама следно одење во Сити Мол ќе ѕирнам нешто и за мене во Зара :D А за бројче не знам ни јас, толкав стомак нема да имаме, но сепак има стомак, не спласнува одма. Братучетка ми кога излезе од болница стомакот уште и беше како 7 месец ако не повеќе :/

    Инаку фала му на Бога и јас супер се осеќам, со исклучок на киселини на моменти, не се осеќам како при крај 8ми месец, нит па како да ќе се пораѓам за 2-3 недели :wasntme:
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Оградица ти треба реално откако ќе почне бебе да се врти на стомаче и обратно. Тогаш ќе почне да “забегува” низ кревет и ќе се удира во решетките од дрвото. Мојава партал се правеше и покрај оградичката, a тек па да ја немав :D Само да е убаво зацврстена и нема опасност ни од сидс, ни ништо. Перници и играчки никако во креветче, дури ни ќебенце/јорган ако имаш вреќичка за спиење. Мојава нејќеше во вреќа, па јорганче и ставав, ама рачињата обавезно над него додека спие, јорганот негде до половина да дојде. Рацете мора да се слободни. Првите месеци е лесно пошто не мрдаат, како ќе го легнеш, така ќе го најдеш :D ама после мора пазење да нема непотребни работи во креветчето :)
     
    На Kaetana, KuklickaSk, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Значи, теоретски, добра сум, сум читала, знам генерално што како... ама ќе видиме кога ќе дојде моментот во пракса да се покажам :D Леле каква фуфка ме фаќа луѓе!! Новороденче не сум пипнала до сега, тек таму после 30-40 дена ја имам држено внука ми во раце :D
     
    На Girl-Rabbit, *malenavolena*87, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ти барем си држела новороденче, јас се немав ни приближено, немав ни видено тукушто родено бебе :) Кога се породив и ми ја донесоа првпат, ми ја намести сестрата на града, ми покажа како да ја држам, и толку беше. Потоа беше како да сум го правела тоа цел живот. Не му се секирај, ќе знаеш како треба. Мајка е нешто посебно, ќе се чудиш како се’ ќе ти доаѓа природно :l:
     
    На Girl-Rabbit, Mini90, Kaetana и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Јас сум во голема дилема :?:
    Сакам да се породам во Плодност таму правев ивф си ги правев и контролите и скрининзите.
    Матичната ми вика не подобро да одиш на Гак поради тоа што примаш крв. Сега другата недела ќе одам на скрининг па ќе видам:^)
     
  18. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    1.907
    Пол:
    Женски
    @Darija* Имав иста таква ноќ и нареден ден ми беше контролата на 39+1 и докторот ми рече бебе се местело со главчето во канал затоа толку болки цела ноќ и на наредни појаки болки да се јавам у чаир.

    39+3 сум денес синоќа пак со некои но слаби болки бев, и сега неможам да проценам на кои болки да идам до чаир Контракции немам. Помош од поискусни на што да реагирам
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Имата ли искуство со Премама таблетите,толку ли се неопходни во бременост??
     
  20. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Мешиња ми треба мислење. Би купиле ли пумпа за измолзување second hand? Женава неколку пати ја искористила во првиот месец и после се откажала преминале на АД. Се гледа дека е нова. Што мислите?