Да ве прашам од кога забележавте колострум да ви се појави. Еве јас имам веќе по некоја капка а и стриите од првата бременост убаво си се оцртаа ама баш и не се секирам мн за тоа.
Јас ништо не купив од лекарства за бебе,ќе чекам совет од болница што ќе кажат. Нели треба пробиотик, за грчеви, капки за коски... Ако сте упатени кои чаеви за доилки се добри пишете, јас наидов на добри коментари за чајот Лакталис од Алкалоид. Да знам по кој да го праќам мм кога ќе се породам Дај боже да имаме млекце за бебките
Добро утро женски.. Ноќта ме фати пролив два пати, дури прбиот пат не осетив дека сум пуштила во сон (извинете на деталното објаснување) ама додека станам од кревет.. Сабајлево пак и бев во дежурна аптека да ми дадат нешто , ми даде пробиотик еднаш на ден , а ко за беља во 12 сум на лекар, ЦТГ ќе правам и барем тогаш да не ме фати негде на сред улица.. уфф зошто баш денес ова да ми се случи Сега земав да каснам банана и јогурт малку ќе пијам..
Јогурт не пиј тој уште толку ќе придонесе. Свари ориз претходно убаво измиен и испи една чаша од водата што се варел оризот ќе ти помине можиш солени стапчиња да грицкаш варен компир двопек
Добро утро труднички. Од денес 14та недела и морав да напишам дека се осеќам многу подобро за разлика од целото прво тромесечие. Ми поминаа боцкањата во стомак,ми помина малаксаност- по расположена сум,можеби и психички се подолабавив . Како и да е да потрае вака малку барем, да може и маж ми покрај мене да се орасположи и опушти.. Се надевам дека второто тромесечие ке донесе убави моменти ве поздравувам П.с незнам кај вас какво било второто тромесечие,пишете искуства да знам што ме чека
Добро утро трудни мешиња... Како сте? Од утре 36 Почнуваме да броиме @koritsaki @Sofi.ja Искрено ќе ми фали мешко синоќа незнам колку удари добив, многу пати станав да и сменам положба ама без резултат ама затоа утрово е мирна и нигде ја нема.... Сега си напраив кафе и дремам сама, ај на кафе! @Sofi.ja и јас на крај сепак ништо не купувам од тие работи (лекарства) ќе го праќам мм да се снаоѓа...
Мешиња како сте? Сакам да ве прашам тие што сте биле во Чарли во Тетово. Убава ли им е робата, се исплати ли да одам? Сакам јас да си видам за креветче и транспортери, количка малку понатаму планираме. Сакам одењето на скрининг во петок здравје, да го искористам и за одење до таму. Што ми предлагате, да не ми е за џабе акањето до таму? Инаку, конкретно за ова креветче сум заинтересирана
Внимавај со ова креветче ако ти е битно оградата да се спушта, мислам дека е фиксна. Иначе јас ова си го нарачав, бидејќи се спушта оградата. Треба да ми стигне до среда работат и со достава. Количката ни е од енци менци но истите модели ги има и во Чарли.
Секој различно гледа на работите, за мој вкус Чарли не ми се допаѓа. Од причина што се многу лоша изработка креветчињата, некаде не дофарбани,фушерајски направени. И мене ми се свиѓаше ова креветче со фиокарот, кога отидов во живо да го видам се разочарав. Над фиокарот нели е место за пресоблекување на бебе, нема соодветна подлога да ставиш за да биде меко. Подлогите од сунѓер и мушама не ги собира затоа што е потесно и пократко. Сепак имаат многу добра реклама и мене тоа ме привлече да отидам. И нема кај да се паркираш,мм кружеше со колата додека јас разгледував. @Larahappy не ми се верува колку брзо ми летна времето откако ги видов двете цртки За пораѓај воопшто не размислувам од аспект на тоа како ќе биде,колку ќе боли во глава ми се врти само што побрзо дека ќе го запознаам фудбалеров од меше Си мислев дека којзнае колкав ќе ми биде стомакот, па едвај чекам во четврток да го измерат бебко дали си напредува како што треба. Ми се смири малце трнењето и болката во раце,па се надевам нема порано да одам на клиника. Ох боже,можно е за една недела со бебиња во раце да бидеме
Второто тромесечие ми беше најлесниот и најубав дел од бременоста (сега ја терам 39та недела) Ќе бидеш најенергична и расположена па искористи го за шетање, дружење, купување, остави муабети како рано е, во 9ти месец не се шета.
Фала ти малку ме разведри, иако сум сега сеуште со лежење се надевам понатака ке можам да потпрошетувам. Ти си ептен на крај,со лесно нека ти е ,уште малку ке се гушкатеhug:
Околу шишенцата што сте збореле дека нема да се искористат, еве и да не се искористат првите месеци додека е на доење ама после? Нема да се најдат истите шишенца коа ќе почне и водичка, и сокче и чајче да пие? Јас купив 3 па ако е на доење ќе почекаат во кутијата, ако не ќе се користат. За спиење на бебето една патронажна сестра, нејзиното внуче го ставаше да спие странично, без перниче, додека не почна само да се врти, побезбедно било. Не се спушта, слично видов на друго место и димензиите му се помали на тие што се спуштаат, пример споредено со тоа на @Larahappy e помало малце, вака на прв поглед не се приметува ама коа е изложено до друго креветче има разлика и те како. Баш ќе ја почекам Лара за мислење дека го меркам истото. А за колички ако си од тој крај, види во Либерта во Неготино има многу избор по различни цени, плус во продавница некои производи се поефтини од цените објавени на нет. Ние таа количка што ја земавме беше 2000ден поефтина во продавницата него на нет.
Јас бев во Чарли, тргната по вакво креветче но таму веднаш се премислив. Оградата не се спушта, душекот е многу ниско поставен (под нивото на спалната) и фиокарот не е практичен. Го земавме другото креветче а фиокар си купив посебно. За транспортер мој совет ти е да не купуваш посебно бидејки нема да можеш да го користиш на количката, туку да си почекаш и да си купиш количка што оди со транспортер а такви имаш од 9990 ден па нагоре Во меѓувреме прати си акции и попусти.
Во право си за шишенцата... А како го ставала странично да спие? Зарем не се превртува само, што го држи во странична положба? Или го потпира со нешто зад грбчето?