@Sesil Либерта продавниците ми се до г**. Дефинитивно не одиме во Чарли, а изборот падна на креветче од Либерта. Гледавме слики со мм на нет, бендисавме и тој летоса да го виде во живо. Одам после да бендисам и транспортери и да сум раат. Неможам да купам количка на која се местат транспортерите бидејќи за близначиња таквите се екстремно скапи (50, 60.000) Исто во Либерта бендисавме и количка, Tvix Chipolino, од прифатливи 16.000 (намалена од 20.000 заради ограничениот избор на бои). Охх,каква возбуда ме дрма
не потпрено, само рачето што е одоздола му го извлекуваш испружено напред, ко повреден коа легнуваат странично (со испружена рака и свиткана нога, само кај бебе не се витка ногичката) и не се превртува вака
Од болница одма го препорачуваат БИОГаја птобиотикот и капките к1 има и едни што се со омега 3 но тие се даваат доколку го дохранувате бебето со ад млеко (повеќе од 3 оброка) .. нас педијатарот ни ги препорача еспумисал л капките и дефинитивно бебушко ги одбегна грчевите со нив.. а му давав и чајче на хип од коморача.. без шеќер е не сакаше да го пие но јас трпелливо му го давав и тој ну помогна да испушта гасови.. по препорака од педијатарот земав и бекутан чајче кое многу сакаше да го пие но мене ми беше страв да му го давам почесто зошто е со шеќер.. па повремено давам од него а почесто му давам од хип.. и еве 3 месеци за некој ден полниме и да не чуе ѓавол речиси ич немавме грчеви (само на почетокот дур семејниот педијатар не ни препорача што да користиме против грчеви) ..ќе избегнеш грчеви кај малото доколку внимаваш на исхраната, има некои производи кои не се препорачуваат да се јадат дур се дои.. исто мене ме советуваа се што јадам да лупам... патлиџан, јаболки,смокви,круши,модри сливи..
Од истата причуна и јас не бев во Чарли слаб квалитет како од иверица направено му кажа другарка а и јас бев залетана. Имам бендисано креветче од Либерта Неготино бев го видов супер од медијапан страницата се спушта душекот убав изнесува 10990 креветче душек и постелнина ние сега во Октомври ќр си го земиме
И јас бев во Чарли Бејби и ништо не ми се бендиса. @bela.m ако сакаш да ги видиш во Скопје креветчињата од Чарли Бејби ги има на пластичарската улица, турски се. Ние го купивме ова креветче од Икеа, се крева на неколку нивоа.
Фала ти многу на информацијата кукличка, веќе падна изборот во Либерта. Ние сме брзи и едногласни Инаку, креветчето многу ви е убаво. Со здравје да се користи!
Жени, јас бев на преглед..ЦТГ-то покажа контракции , ме пратија веднаш кај докторот ме прегледа 2 прста отворена сум.. ми рече поручек пак да отидам на ЦТГ.. Ми рече денес-утре ќе се породам.. леле многу се плашам и многу неочекувано излезе ова.. сега бебето е 2800.. од утре сум 36 недела Ќе ви пишам пак поручек..
Опааа, значи ти ќе ја отпочнеш оваа тура А ги чувствуваш ли контракциите, некаква болка нешто? И чудно прашање сега ама прворотка сум па не сум упатена - како проверуваат тоа колку прсти? Стандард преглед со спекулум? Да знам што ме чека; и јас сум на цтг и преглед неделава Епа ајде со лесно @koritsaki!
Чувствувам некои здрвувања, ама дали се навикнав нормално ми изгледаат Со прсти ме прегледа уфф само се во ред да биде , убаво ќе беше да издржи уште некоја недела ама ништо
@koritsaki со лесно нека тече процедурата! Ти посакувам за брзо да си се гушкате. Не мисли тоа сега, ете беба била нестрплива да ве запознае. Убавини...
Јас цело време чувствувам здрвувања Се ќе биде добро, немој ич да се плашиш. Таман си 36 недела, нели и за второ дете викаат нормално е порано и полесен пораѓај. Утре ќе гушкаш беба
мешиња каснав солено со газирана вода и некако пулсов ко да ми се забрза мерам притисок 118 со 65 и 95 пулс дури како задишена сум ми смета.. од тоа може да е? до колку е во нормала пулсот во бременост?
Пулс до 100 е нормален кај трудница и притисокот ти е добар. Леле зарем веќе иде бебе Со лесно женска,што побрзо да се олесниш кога ќе почнат болките. Немаш гајле веќе во безбедна зона сме
@koritsaki ајде со лесно. Ти посакувам брз и лесен пораѓај Да ве прашам на Трансфузиологија во државна има многу гужва?! Пуштаат трудници или ќе скапам чекајќи?! Во 10.40ч ми закажала докторката. И дали треба на гладно за д димери, крвна група и хемостаза?
@koritsaki Леле излеа ќе го скршиш мразот на 15 окт. Со лесно веќе безбедна зона како што кажа @Sofi.ja