@koritsaki Ајде со лесно нека е, не се секирај, ќе го збумбариш бебчо бргу, тоа надобро си знае кога треба да излегува. Не е важно колку ќе се роди, важно веќе се' му е развиено, па дали во тебе ќе расте или надвор... Ајде па да не израдуваш бргу со убави вести и мекици! @EvieBabe Прегледот со прсти е малку непријатен, не толку во однос на болка (наспроти се' што трпиме низ бременост или пораѓај) колку што е буквално буткање прсти директно и длабоко. Јас секогаш се осеќав како да треба да кажам - "Докторе, да не треба прво да ме частите вечера, ко што викаат Американцине по серии, па после да продолжиме со толкава интимност"
@koritsaki со лесно, не се секирај ако дошол денот, само со лесно и убаво да се заврши. Другарка ми со 2 прсти уште 2 недели истурка, го роди во 37-ма, трето дете. Знам не се сите исти ама си се тешиме. Кај мене еве 3 недели покажува контракции, 1-2 дена слаби, па пак појаки до кај 50-60. Некогаш се нервирам ама тоа е си викам шо треба ќе биде. Еве после 5 пак ќе одам, трето цтг денес. Ми се смачи ама мора да се следи. Бебе многу мрда кога ќе ме уклучат и не може убаво да ги регистрира откуцаите, па контракциите одат нагоре и така, јас не осеќам ама тоа си покажува. Ептен во неизвесност нѐ држат бебињава.
И тој ли срам ќе го јадам со докторот бе, уште така ме немаше фатено да му се сневиди, ќе пропаднам во земја...
Со лесно. Ќе не претекнеш сите Ајде во безбедна зона си. И кај мене пред една недела покажа 2 контракции, една посилна и една мала. Сестрата ми рече да одам за 1 недела ако немам болки на правилни интервали. Е сега јас имав одвреме навреме, ама не нешто јаки и плус не знам какви се вистинските ако второродка сум. Денес сум на контрола, ако не сум и јас отворена
Еве слободно теши се со мене кога ќе дојде тој момент. На последните прегледи се погоди да ме прегледува другар на муж ми, генерација... Она буквално, кај си бе брат, добар, што има ново, ај дај жена ти да ја изнапипам. За волја на вистината ми рече ако ми е непријатно да викне некоја женска особа (ама сигурно понеискусна) да ме прегледува ако сакам, ама си реков ќе се пресрамам, битно најстручниот да ме прегледа, башка чим познат, сигурно реално ќе ми каже што е и како е во моментот. И така.... што нема да истрпиме за бебушите. Голтнав кнедла, се поклонив, и раширив нозе, што да се праи.
Со лесно јас утре сум на цтг и се надевам дека истото ке ми го речат и мене ја сум недела ао термин порано од тебе.имам цела недела слаби менструални болки ќе видиме утре шо ке речат Со лесно
Ааа, ти ептен си имала непријатна ситуација Баш си за да се тешиме со тебе Инаку, леле луѓе ме убија киселини последниве 3-4 дена. Прво си мислев дека е само од потешка храна ама не бре брате, од све живо веќе почнаа и скоро по цел ден ги имам. Три ноќи ме буди оган во градиве, мислам ќе повратам, ќе се задушам. Пиете ли нешто за киселини или трпите? Јас трпам најмногу што можам преку ден, пијам млеко, грицкам непечени бадеми ама ноќе мислам ако не ги смирам со нешто не можам око да склопам, па кога не се трпи пивнувам сода Во Систина ми рекоа дека може сода или гастал ама мене гасталот не ми ги смирува тие најлошите киселини.
Мешиња како стее.. Јас од шетање само што се прибрав. Го рашетував цел бит пазар со мајка ми. Се преморив. Да одморам па ќе правам нешто за јадење. Шетајќи видов мајка како си го гушка мачечкото, ама беше многу мало незнам дали месец дена имаше, беше ептен срцкасто. Ми идеше да одам јас да го изручкам Не можам да го дочекам моментот кога ќе го земам моето малечко во раце. Едвај чекам да дојде тој момент. Веќе сум нестрплива @koritsaki Мила со лесно нека ми ти е. Побрзо да се гушкате
Перниче не земам. За ќерката имаше во комплет со постелнината, ама не го употребивме. Како поголема па почна да не сака да спие на перница. Тек после 3.5 години некаде почна да се навикнува. Инаку само на рамно. Ортопедот ни кажа пак што порано толку поубаво. И ако ѝ било нејзе поудобно, тогаш супер. Оградица дојде исто со постелнината (за ќерката). Ама и јас се зачитав за СИДС па иако ми беше преубава за гледање, ја извадивме. Сепак треба да има циркулација на воздух, па си рековме подобро мирно да спиеме отколку и најмали шанси да има за нешто безвезе (таква сум си малку јас, хипохондрик и на најмали шанси). Затоа сега ништо од тоа не земавме. Само креветче. Душече имавме. Чаршав со непропусно долу исто имавме. И имаме вреќички за спиење, многу интересни. И за преку рамо што се, и за само долу како торба. Една играчка од оние што се горе на креветот и што вртат животинки со музика. И тоа е тоа. Цуцли, шишиња ништо нема да купувам. Така за ќерката купивме и цуцли, и шишиња, и што не. На крај од болница кога излегувавме нѐ советуваа за некои медицински лажливки, за шише на медела калма, па од болница поминувавме во аптека да купуваме такви работи. И на крај, ништо, ама буквално ништо не употребивме. @Sesil после доењето не ти ни требаат шишиња за вода / чај. Можеш бебето да го учиш на чашка со клунче или обична чашка. Не мора веќе да е со цуцла. - ова го почнав вчера да го пишувам. Сега апдејт од денес. ----- Инаку и јас сум во болница. Кажав дека имам болки кај царскиот и заради тоа решија да не ме пуштат дома. Бидејќи сум веќе 39 недела (38+2) доволно било. А на такви болки не пуштале веќе дома. Бебе карлично па дали сум сакала природно да раѓам. Многу е тешко да е тоа моја одлука. Стварно ме фаќа нервоза. Како јас да одлучам? Плачам и сум скроз нервозна. Не сум ни издепилирана, нит куќа досредив, со ќерката имав обврски оваа недела. Ќе ви пишам после апдејт. Сега сум скроз нервозна. И паника. И сѐ.
Не можам да замислам како ти е. Само немој да се нервираш, да плачеш и да паничиш. Ако веќе плачеш тоа нека бидат солзи радосници. Може овие денови се тие денови кога треба да го гушкаш своето малечко. Биди јака.
@Kaetana со лесно. Ѕе ставиле на маки, да одлучиш. Ама како и да е, од овде ти пуштаме среќа да решат докторите и да се избере полесниот пат па да ни пишеш еден убав пост како си поминала лесно и брзо. Ти праќам Истото важи и за @koritsaki
И јас сум задржана денеска плачам цел ден не знам што ми е, многу ми е страв кога ги гледам девојките со огромни болки како одат на пораѓај , колку викаат. Јас сега немам болки. Т е многу малку, а примив и провокација. Дома имав и затоа дојдов меѓутоа прерано 1 прст сум отворена и умирам од страв...
^ Се соживувам со сите вас! Со лесно нека ви биде. Од душа го мислам ова. И јас би била со измешани емоции и превозбудена. Господ нека е со вас и нека ви даде сила!
Здраво девојки, на сите што сте за пораѓај ви посакувам мнооогу среќа и со лесно да си поминете! Издржете женски! Инаку, имам едно малку правно прашање. Вработена сум на определено, на секоја година-две ми го продолжуваат договорот. Од пред некое време... како да се изразам најдобро секретарката ме мобингува (нека биде така)...и минатата година меѓу едниот и другиот договор ми направи 2 дена пауза. Ми се прекина осигурањето... Сега пак треба да се продолжи договорот и страв ми е ако ми го прекине осигурувањето дали ќе имам право да пријавам породилно. Сега сум точно 3 месец, нормално немам кажано дека сум бремена оти ми е страв дека воопшто нема да ми го продолжат договорот. Има шанси во фондот да не можам да пријавам породилно отсуство ми направи неколку дена прекин? Читав на нет дека треба да имам 6 месеци непрекинато осигурување, ама нз колку е актуелно тоа.
Веројатно ти е прво детенце(претпоставувам). Што вика другарка ми, заб кога вадиш се плашиш и офкаш, а не пораѓај. Секој различно поминува. Плус па и стравот има голема улога. Ти, пробај малку смири се, не плачи. Чувај си сила здравје за пораѓај. Знам дека не може да не се плашиш, ти пишува најголемиот страшливецШтом имаш провокација ќе се отвориш брзо. Јас од провокација до пораѓај имав околу 2 саати. Слушај и пробај да соработуваш со сестри и докторки. Мене ми викаа таму правилното дишење е многу битно, прочачкај на нет за тоа. Имав на ум многу работи да пишам, ама заборавив. А и некако заборавив да се изразувам ко што треба. Ајде, со лесно. Ти посакувам за брзо да ни пишеш и ти дека се поминало ко песна
Само полека и смирено, кај прворотки поспоро оди процесот. Се’ ќе биде супер, само стисни заби и чувај енергија, немој да паничиш. Ни прва ни последна не си, штом сите можеле, можеш и ти
@Kaetana @Darija* @Magic13 и ако заборавив некоја и на вас со лесно.. Вака да ви кажам , отидов јас пак на ЦТГ - контракции постојат , но нешто послаби. Три прсти отворена сум. Водењак супер , доволно плодова вода. Докторот ми рече дека нема да ме задржи (јас инаку си ја однесов торбата во клиника) и ми рече утре да дојдам во 9 саат , па ќе видиме. Ми рече може да ме стави да шетам и да правам некои вежби за поелсно отварање , барем така разбрав. Страв ми е женски да не е рано ,барем една недела да почекаше првата ќерка барем 37+5 беше кога се роди. Иако тежината ми рече добра е , околу 2800 , пак имам страв да не е помала и да не ја задржат во инкубатор.. Болки сега за сега немам. Е ќе видиме како ќе ја поминам ноќта , можно е и при спиење да ми пукне водењакот ми рече.. уфф ај ако има новости ќе ви пишам