@Kaetana @koritsaki @Darija* мајки со лесно на сите Само храбро, вака или онака, бебуши мора да излезат. Чекаме вести
Кај мене од вчера после прегледот со рака, кој многу ми беше болен, се појави крв. Ме предупреди докторката дека можно е да се појави, ама не само вчера еве и сабајле и сега имам по малку розево кафеав исцедок. Можно ли е да чепот да е паднат? Немам никакви болки. И од кога ќе падни чепот по колку време следи породувањето? Не знам дали да одам на лекар
@Kaetana, @Darija*, @koritsaki со лесно женски Ајде дојде крајот веќе, изгуравме Јас во петок сум на цтг и преглед, којзнае што ќе биде, да не ме задржат и мене, да си ја спакувам торбицата не е лошо Бебушка си мрда, јас слабо болки некако, а едвај чекам да се олеснам Ве гушкам сите
Со лесно девојки @koritsaki таман си е бебчето,мојава 2700 се роди. Мора и манекенчина да има. Јас следна недела сум на контрола.Таков немир имам пред секое одењени спијам ни јадам. Бебка си претка,се поактивна е,а мене уште во сон ми е дека сум бремена. Поздрав девојки
Се вратив од цтг нишо болки,малава си нанаше Само шо стигнав дома се размрда,синоќа ме фати пролив и повраќање, денес притисокот ми е блиску и едвај дишам Се надевав ќе покаже болки ама нишо Контрола ми закажа за наредна недела Се надевам малата нема да чека.
Направив и второ цтг сега, ова веќе беше добро, си мрдаше малата и матичната вели супер е нема потреба да те праќам за битола. Утре имам закажано во плодност ќе видам таму што ќе мо кажат и дали ќе ме задржат
Јас повивам бебе нон стоп. Како што е ситна ќе немаше кај да ја Фатам. Без повој ми бегаше под мишка кога ја доев. Плус женско е и ми рекоа до 3 месеци. Здрав мешиња! Само да ве пооздравам и да видам како сте. Со обврски со бебе ретко отварам. Важно мирни сме, напредуваме, освен грчеви друго не се жалиме. Ве гушкам и со лесно на сите што ближите до средба со бебе.
А бе една на рака дури переше оти и рекле дека ќе повраќа бебето ако ги пере во перална алиштенцата Мене од вакви празноверија ми се повраќа и бес ме фаќа. 21век сме побогу. Троа од троа едуцирани. Која реакција ја предизвикува недостатокот на светлина на облеката па и на бебето? Никоја!
Исто и јас минатата недела се мислев дали да одам да направам ехо или екг. Забрзано ми чукаше срцето, уште да ми излезе а плучата едвај со воздух ја полнев, многу ми беше тешко и тоа ми се случи 3-4 пати, се напив б6 и излегов на свеж воздух,поминав од кај матичниот општи ама до таму ми се смири дали од апчето дали од воздухот не знам, а не знам дали е и до неделите јас некаде 19 сум
И мене ми кажаа стомак ќе го болело и викам да да и ставам се во машина. Сигорно поубаво таа ќе ги испере поготово кога ќе ми текне се чувано по разни магацини.
еве баш тоа читав нормално било бидејќи растел плодот и со тоа ја притиста матката на белите дробови..
Мене ми ставија епидурална. 5 прсти отворена. Само шетам сега пак на цтг ме ставија. Уффф ајде чекам ми се здосади веќе