мамички сакам да прашам на што греете со вашите новороденчиња, мене терминот ми е почеток на јануари и сеуште се мислиме што да правиме, живеем во стан до минатата зима се греевме на клима само во дневна, е сега се мислиме да ставиме уште една клима во спалната ама некако не предомислуваат дека климите биле штетни за мали деца, а јас воопшто не сакам да затоплуваме на дрва и незнам што да правиме, па некој да сподели искуство.
Добро на рака знам дека се пере првите неколку месеци.. Заради алиштенцата, не ради некои празноверија.. И јас така планирам да перам, на раце.
Зошто заради алиштата на рака перење? @koritsaki ајде со лесно ,на пола пат си, повлечи не со тебе и другиве што чекаме И кога ќе можеш пиши некој симптом,дали го осети отварањето,некоја промена што асоцира на породување, бебе дали е активно... Јас бев до пошта,па до маркет. Да ви кажам дека луѓево се без осет,што има врска што чека во ред трудница со стомак како балон,ништо не и е "не е болна" само трудна е. И тоа ме чудат и жениве,што поминале низ тоа, една да се најдеше да рече ај девојчево нека оди,греота е да дреме со една сметка (во пошта на пр)... Додека се изначекав ми се слоши,снемав сила,па после седнав на една клупа надвор,пауза 10тина мин,па ново чекање во маркет. И после одам накај дома поспора од желка, се клатам како пијаница де лево де десно. Едвај стигнав преморена,а дали 10мин пешачев.. Со @Larahappy од денес ќе си броиме денови и ќе се тркаме кој прв до целта Вистина бременоста брзо помина(до сега) ама од сега ќе оди споро секој де во исчекување. Ајде, кога и да е ќе си дојдат бебушки на свет само да се здрави живи,нека поклоцаат уште малку во стомак
@koritsaki со лесно мила До вечер да се гушкате. Јас на бебе не би облекла нешто што не е претходно на 60ц испрано. Баш заради сегашните алишта кои проаѓаат низ 300 нечистотии дур стигнат од Кина.
Ами ако имаш и мислиш дека со бебе ќе имаш вишок време за перење на рака, ете пери си, занимвај се @koritsaki со лесно @Kaetana честитки, живо и здраво голем да расте
Секаде е исто луѓето немаат осет никаде ни во продавница ни на пешачки незнам што да кажам... И јас пред една недела бев во пошта ами редица огромна почекав малку и ми се смачи стари луѓе се заборавиле колку лук изеле абе ужас... И реков нема ли предност за трудници и таа од шалтер се продвика а има ли и такви викам има епа ајде вила дојди И си поминав набрзина
Девојки, денес добив позитивен резултат на тестот за бременост преку крв. Утре ќе отидам на гинеколог. Во меѓувреме само да ве прашам кафе дали смеам да пијам во оваа рана фаза од бременоста?
Мене ме заборавивте и јас сакам со вас да се тркам. Мене утре ке ми кажат дали ке ме задржат или ке ме остават уште некој ден. И јас алиштенцата ги исправ во перална на 30, на рака перев само стегачиња за на главата од страв да не се оштетат
А од кога почнавте со перење на алиштенцата? Јас сега го почнав 8-ми 31+3 си викам рано е а и треба и да докупам уште некои работи
Работам во јасли,со бебиња од 3+ мес.Кај нас е правило бебешката облека да се пушта на 60,не е дека е страшно на 40,повеќе ради сигурност.До сега 100% памук не сум приметила да се собере. Не е грешка што си испрала на 40,секако ке ги пеглаш,тоа е плус дезинфекција.И без омекнувач,бар на почеток,да не се јави реакција @Филотеа честитки за двете цртки. За трудници не е препорачливо повеќе од 200мг кофеин на ден.Тоа се две-три шољи, зависи од количината.Јас пијам само по едно,за да се расонам,иначе ми се гади од кафе,како и на повеќето трудници во 1во тромесечие.
ако ти носи душата да си се напиеш, искрено мене првите три месеци кафето ми беше одвратно, неможев да го смислам ама еве сега по едно денот редовно си пијам
Мене пред некој ден ќе ме согазеше еден постар човек за да застане пред мене на другата каса во Стокомак; секоја му чест на годините, мислам дека стариве се најнекултурни станати. Инаку, последниве два дена нешто апетит ми се отворил, сега ли најде во 34 недела бре, што ми беше убаво до сега Од сабајле шака бадеми, па кафе со млеко, па едно јаболко, па чаша цеден сок, па доручек во 11.30 и од пред пола саат веќе ми се јаде пак, а инаку ручам кај 17.30-18.00 обично и после некое парче лубеница и толку до утредента
Јас пиев, но не повеќе од едно дневно и не нормални шољи како претходно туку во едни малечки филџанчиња, колку да отидам во веце
Јас почнав со перење во 33та недела. Па после како докупував пак перев и така. Испрано,испеглано. Колку беа досадни за пеглање дека минијатурни а секое го превртував од внатре. Дури и јорганчињата и оградицата ги испеглав,не знаев дали треба или не И само со прашак, Ариел течен бебешки по едно капаче ,без омекнувач.