Па јас негде 34 од што ми беше кејф реално празна вртеше машината од што немав многу. Само во машина планирам посебно да му ги перам не со нашите. Со персил бебешкиот перев и со фрош омекшувач.
Ќе перам на рака за да не се упропастат во машина, без ралика што на нив пишува дека можат да се перат на 30,40 степени. Нешто од тоа што купив не ми личи дека е 100% памук иако пишува. Едноставно пренежни ми се за во машина.
Јас од најголем кафепијач, во двете бремености првите 5 месеци кафе не можев да смислам. Колегите ги молев да не ми доаѓаат наутро со кафето кај мене во канцеларија, цел ден ми стоеше после миризбата во нос . Сега пијам по.едно-две во ден, повеќе од навика, не дека ми е убаво, но сепак не ми се повраќа како на почетокот. Без лутење, ама се изнасмеав со перењето на рака. Тоа значи да се преселите во купатило, во буквална смисла ама. И тоа течните каки тешко дека ќе се исперат на рака. Од почетокот перам на 60 на беби програм. Тетрите и крпи гледам да се бели и нив ги перам на 95 степени. На почетокот и пеглав, сега не пеглам, ретко нешто за шетање само . А за бебево пак ќе пеглам . @koritsaki Со лесно! Ти завидувам, секако @Kaetana Не пролистав наназад, што одлучи? Непристојно е да се замешам, но јас би одбрала царски во овој случај.Да не се мачите и двајцата, па пак да заврши на ист начин-царски. Не дека не сум слушала и карлично да се роди бебе природно, но помачно е. А плус веќе и еден царски имаш. Ич не би се двоумела. За пораѓајот вака така ќе помине, не ме плаши тоа, јас се плашам само од доењето, од ништо друго . Ми се купува за бебе, пари само повеќе да имав. Имам купено само едни шпикозни, шарени тетри и шишенце . Во октомври се пуштам да купувам, алишта и постелнини, друго ќе биде од големата ќерка крупни работи. Козметика ќе купам исто. Веќе почнаа киселините да ми ги уништуваат деновите, пијам сода, од апчиња ми се лоши . Иако и таа слабо помага. Сакам дома, не ми се иди на работа, најубаво ми е дома со ќерка. Ајде уште 3 месеци и ќе се дружиме тројцата, а на почетокот и четворица оти и мм ќе си земе одмор. Надвор ладно, ние дома на купче едвај чекам
@BirMelek се породи @Kaetana. Пиша сабајле дека за царски ја спремале. Кафе не пиев само неколку дена кога имав јака тахикардија. Инаку пијам по едно на сабајле-толку ми сака душата
Како ја пиете содата за киселиниве и каква сода, од каде ја купувате? Вчера ме мачеа скоро цел ден и за мирно да спијам се напив 1/4 гастрогард, еве денес пак ме измачуваат, несакам да пијам апчиња, ама не се издржува веќе
Ставам вода,лимон малце или сок за растворање од лимон земам пола лажиче сода,ствам промешувам додека шушти пијам мнг ми олеснува Вчера повраќав и тоа ме спаси.
Јас пијам четврт лажичка со вода, ја ставам лажичката со содата во уста, па пивнувам вода, ја мучкам во уста 2-3 пати наваму натаму да се стопи малку и голтам. Не треба само одма да се легне, една минута шетање низ дома, наведни се исправи се и кога ќе подждригнам ми излегува огнот од гради. Само сода ми помага
Мешиња пристигна креветчето за палавковци Мм од радост и постелнината ја намести дури. Се расплакав од среќа. Едвај чекав во домот да имам вакво нешто. Господ да не исчува до крај само. Нека спијат кај мама во меше, нека не им се брза за во креветчето.
8 прсти отворена уште малку ќе бидеее ми се јаде жени ми се плаче ау како да не сум јадела со денови. Инаку ми го пукнаа водењакот
@bela.m честито, со здравје да си го користите. Преубаво е. И постелината е од Либерта? Може да ми кажеш цена? @koritsaki ајдеее со лесно. Охо уште едно бебче денес што честење ќе имаме овде
Благодарам многу мила @flower30. Се комплет е од Либерта. Всушност со креветчето одеше друга постелнина ама мајка ми си доплатила за оваа. Оваа е 3000 денари, а таа што следеше со креветчето 1800. За уште 1200 барем убава да е и памучна. Од 13 часот не сум мрднала од собата, лежам и ненаситно "зјапам" во Теди
тнх @butterfly.mk @EvieBabe сеуште сум на работа, ако преживеам додека си отидам дома ќе испробам зошто не се трпи ова веќе
Многу е слатко, со здравје да си го користите, мислам дека за брзо ќе притеба и другуго креветче, времето ќе пролета а бебките ќе си растат
@bela.m фала. Преубава е постелината, многу ми се свиѓа. Ајде здравје уште малку, сега нека растат во меше, после здравје да растат спиејќи во креветче
Ако ти е лошо, оди си порано дома. Немој да трпиш поради работа. Здравјето на прво место. Нели си со близначиња, не ти даваат боледување?