Видов отпосле, касно палам не прочитав наназад За сода пијам едно лажиче во уста и после вода една чаша. Лошо ми е и од неа, ама после ме смирува, минимално . Поучена од искуството знам дека единствено решение е да трпиш @bela.m Лесно сонче да си имаат во креветчето малишаните, за некое време
@Kaetana Честитки за бебуш, бубни го од нас. Со лесно опоравување и доење. Па пиши како пројде кога ќе можеш. @koritsaki ти гушкаш бебе веќе? Ти се дивам што можеше да пишуваш додека си 8 прсти отворена. Јас тогаш не знаев како се викам.
И си отидов денес порано, содата многу ми помогна, супер сум сега наредна контрола ќе отвориме и боледување, доста беше работа
Девојки денес бев на втор скрининг 22 недела,докторката рече дека плодовата вода е на границата на минимум,рече дека не е страшно и за 2 недели сум на контрола.Како може да се зголеми плодовата вода и дали е тоа за загрижување?
како што имам читано со земање на повеќе течности (вода, некој природни сокчиња, чаеви) но сепак нека кажат поискусните мешиња..
Фала ви срцки многу за поддршката , и јас ви посакувам на сите овде со лесно куклата цицаше и сега спие , среќа имам млеко , многу е лакома пупупу @kockichka да ти кажам среќа што беше анестезијава епидурална , осеќав болки не дека не ама беа издржливи
Девојки дали осекате повеќе нагон за мокрење?Јас сум 32 недела и нон стоп сум во вц исти симптоми како некоја уринарна инфекција.Правев уринокултура,излезе стерилна.Незнам дали бебе притиска на бешика?
Леле па вие и до јадење стигнавте Честитки,да е здраво и живо бебчето да си расте среќно со мама тато и даде Дали ја погодија тежината докторите? Колку брзо се се одвиваше, баш ми е драго,посакувам и кај мене така Ти посакувам побрзо закрепнување Јас денес осеќам почесто здрвување на стомакот, претпоставувам дека се лажните контракции,ама кога ќе мавне бебе со некој удар ме боли Го осеќам дека му е тесно,дека веќе нема место за мрдање и тешко се преветува...ме болат и ребрата од него ајде уште малку @Kaetana да сте здрави и живи и вие,уживајте во прегратка
@koritsaki @Kaetana живи здрави бебушите, радувајте се и уживајте. @Kukle1 Овде за плодова вода варат чај од косата на пченката, знаеш тие влакната што ги има на врвот. Не знам колку е ефективно ама тоа применуваат. Јас ја привршувам 28ма, ми рекоа да бројам и забележувам движење, ама па не е толку регуларно и на интервали како што пишува на памфлетот што ми го дадоа, бебло некогаш по цело сабајле го нема. Задутре сум на контрола па ќе си се секирам до тогаш
Женски ја да ви се пријавам од болница, ми пукна водењакот во спиење. Ме примија во Чаир на патолошка, ако има некоја да се дружиме
Мајки живи и здрави да ви се бебушките @Mini90 со лесно штом пукнал ке биде брзо. Јас вчера бев на прво цтг, бебе се наместило со главче доле, 2800 тежина добро е. Ми рече докторката има малку повеќе вода, да исклучам скроз шекер овие недели. Има ли некоја вакво искуство? И пишав на матичната ми вика сигурно е од шекерот, на испитувањето за скриен шекер по два часа ми беше 8,90. Правев крвна слика железото рипнало од 5 на 28 ама ми рече да продолжам со Хеферолот до крај. Во вторник сум пак на контрола. Од денес официјално во деветти
Честитки на @koritsaki и @Kaetana, здрави и живи бебушките, сега гушкајте се и секогаш да Ве радуваат А јас имам едно прашање, од неделата влегов во 7ма недела. Наутро некако ми е полесно во стомаков ама наодручек и најмногу навечер се случува да осеќам како ми тежи во јајнициве баш долу и не можам многу долго да стојам или да одам. Точно под папукот долу и странично значи како да имам некој притисок внатрешен. Дали е до тоа што док. Ми рече дека е пониско имплантирано, не знам. Денес ќе одам со рез. Од крвна слика и ќе прашам бидејќи не знам колку е нормално а рано е мислам за вака да ми тежи. Вас како ви било во 7ма недела?
Добро утро мешковци и нови мамички, Вчера ми беше тежок ден со многу болки, ама новиве бебуши, а и моето ѕверче дома ме држеа расположена. Бев до матичната, се испостави дека ѕверката во меше се свртела скоро 360 степени, и се' што успеала да дофати исклоцала и избоксала за да се избутка во таа позиција. Изгледа имам и некое воспалување, согласно болките, а и зголемените леукоцити и на к.с. и на урино културата. Мора нешто да ја замени ешерихијата, да не биде досадно. Во петок ми закажа за брисови, да видиме што ново се крие во мене. Нејсе, ќе трпам, важно бебушка е супер, 1660 гр., очигледно силна и пргава. Вие како сте? Како ви почна денот?
@Kaetana @koritsaki cestitki za bebusite da vi se zdravi i zivi. Добро утро од мене се вратив од скрининг се е супер како што треба да биде. 20+4 сум си почнав да терам 6 месец супер возбидена. Инаку женско е Возбудена сум како лета брзо времето сега да му потврдам на мм дека што си посееш тоа ќе ти никне си кажа тој од почеток дека е женско дури и имиња мисли ама пак скриено во него си посакува машко. Нека е здраво и живо најважно е тоа. Вие како сте ми?? Прочитав дека и @Darija* се спремаше за пораѓај, се породи ли?