Здраво девојки. Имам прашање до тие што сте на диети за шеќер, дали вредностите на гладно ви се исто покачени, или само на тестот за толеранција на глукоза? Мене ми излезе покачен шеќер 2 часа по оптоварување со растворот (9.3), а претходниот ден навистина не внимавав што јадам. Вредностите цела бременост на гладно не ми биле над 4.5, сега покажа 5.1. Докторот не ми изгледаше претерано загрижен, вика немаш никакви индикации, не си пазела што јадеш, ако сакаш повтори си го тестот за да бидеш мирна, но јас во секој случај ќе си подржам некоја диета. Па планирам да го повторам следен месец бидејќи е одвратно. Само тоа не ми е јасно, дали и терапија се дава за скриенот шеќер, или само за покачен на гладно? Пишувам тука бидејќи поактивна е темава, ако има некој паталец пишете, бидејќи сум избезумена. Поздрав
Денот ми почнува такс што се будам и чекам да сум со пукнат водењак ... ама нишо После идам у вц и чекам да видам црвено на тоалетната и тоа нишшо Хаха мислев дека со трето само што ке влезам 9ти ке се породам ама и тоа нишо. Малава си кулира Помалиот син се искака машки сабајлево па го капев Ама веќе не можам ни да се наведнувам ни нишо ја осеќам малата долу.
Јас исто имам скриен шеќер. Го открив во 32ра недела и од тогаш сум на диета и терапија сиофор таблети. Наутро обичниот шеќер секогаш ми беше во нормала, дури низок и немав никакви други стигмати дека имам шеќер. Бебето со нормална големина, плодова вода во нормална количина, јас со нормална тежина. Ама испадна дека имам шеќер. Веднаш ме пратија кај ендокринолог во Скопје, ми даде посебна диета за трудници и терапија. Секојдневно го мерам по 4 пати. Нема шала со шеќерот, побарај си да те прати кај специјалист да ти каже што треба да конзумураш за да биде во граница на нормала. Мислам дека касно ти е да чекаш цел месец.
Да, ќе видам како ќе направам може и побрзо да отидам на повторна проверка. Сега сум истрауматизирана од вчера и од боцкањата и растворот, ракава ми е џигер, малку да ми се нормализира. Колку ти беше тебе шеќерот? И кога го мериш, после оброк некое време? Имам дома апаратче, сакам да го следам баш деновиве.
Многу слично ми беше на почетокот, се случуваше јајник да ми изгледа потечено, се плашев да не се цисти ама немаше ништо, па од време на време тежина во јајници и чувства како во овулација а неретко и менструални болки... Ама испадна дека ништо не било. Одмарај првите недели колку можеш, не кревај тешко нели тоа веројатно и сама го знаеш, и опушти се, се' ќе биде ок. Истото важи и за @Melek4e Рано си, а штом и ти рекле мирување, запазувај. Повеќето сме биле со Утрогестани или сл во рана бременост, нема зошто да се секираш. Според мене во рана бременост најважно е да не се преморуваш и да бидеш што поопуштена. Знам дека има трудници на кои првите три месеци им поминуваат како од шала, активни се, вежбаат, џогираат итн ама јас решив да си дадам пауза и да си се посветам убаво на себе и на зрнцето што почнуваше да расте во мене. Ви посакувам лесна бременост.
Ако го повиваш само рачињата ќе му ги стегнеш, ноџињата, карлица никако повиени, тоa треба да се слободно. На првата асална контрола педијатарот се ни објасни зашто мрда отсечно, зашто да се повијат рачиња а нозе не, дека штета се прави на карлицата ако се стега. Може одиме офф топик, ама најтопло ти препорачувам ако повиваш тоа да се само рачиња. Во ниедни бабини деветини не верував иако пробаа да ми наметнат некои, за пружање алишта и нешто за спиењето имаше
Добар ден мешенца, како сте? Деновиве многу позитива на темава, доста бебенца се изродија, па се ослободија места за нови идни мамички. Нека се пополнат празниве места што побрзо, а богами и нови и удобни ќе донесиме во случај (дај боже) да се створи гужва. За сите ќе има место! Еуфорија некоја ме дрма и мене, дали оти веќе почнавме со интензивно спремање... Нешто посебно немам да кажам, 90% од времето сум во хоризонтала, јадам како ламја, сонувам еротски соништа и така. Секој ден се канам да напишам збор-два за труднава состојба во дневникот ама пустиот во најдолната фиока ми е и не можам да си го земам. Убав ден имајте, галите мешиња и ширете насмевки
Може мила да ни споделиш од што ти се состои диетата? Јас уште не сум испитувала скриен шеќер, но некако мн ми е страв од него. До скоро бев на сиофор од 1000 еднаш на ден и повеќе не го пијам, така ме советуваше ендокринологот и да испитам скриен шеќер 24-28 недела. Па сакам да се ставам на некој режим, до тогаш. Ти благодарам многу
Мешиња едно прашање.. Сипаници во инкубација кај дете си се дружел, и кај трудница доколку е прележана трудницата дали е можно нешо да се деси? Дерман немам од шо слушам со сипанициве .. прележана сум се, но стравот е голем веќе.. сите деца мислам фатија сипаници од градинкиве, а неможам ни дома да се затворам..
Да варичела имам прележано.. претпоставувам и овие се такви најчесто тие ги факаат децава во градинка... ми беше страв за бебушот нешо да не може да се пренесе за тоа ме факаат паники.. @Sexybaby86
Не може бебето ништо да фати “однадвор”, само преку тебе. А ти ги имаш прележано, така да... Варичела и да се фати во бременост не е опасна, освен ептен во ран почеток и непосредно пред пораѓај, кога може да се пренесе на бебето. Имаше една членка на форумов што ги прележа трудна, па се’ се заврши во најдобар ред, роди здрава права ќеркичка. Не мисли и не се замарај со сипаници штом си прележала
@Miss.N ти го разбирам стравот, јас бев во рана бременост во екот на епидемијата на морбили. Коски ми се тресеа на секое одење во Скопје на контрола. Без маска не мрдав. Тој период мајка ми ме боцкаше секој ден, некој од внуците ќе и се закачеше и идеше и тоа кај нас. Јас се лутев кога идеа бидејќи се деца што одат во градинка. Ама, неосновано се лутев, во нашиот регион немаше регистрирани случаи. Со прележана варичела си заштитена, нема зошто да се секираш.
Немој да се плашите, само опуштено, знам дека треба да се внимава колку што се може, ама пред се Господ треба да не чува.....еве јас уште знам да си се качам во автобус со 100 луѓе внатре и да стојам 15-20 мин додека стигнам, и фала богу никој не станува на трудница
Конечно сум депилирана,треба да частам Какво олеснување,после 2,5 месеци.Се надевам нема да закачам некоја инфекција,откако заврши козметичарката одма го избришав тоа маслото и се поминв со антисептик.Пржеше тоа дека со алкохол,ама поарно така него мрсна и во стреч џинс до дома. Сега измив пак убаво,дури и со пилинг за лице се поминав,да не ни се направи некое поткожно. Забегана сум,знам Уште утре се молам скринингот да пројде добро,ке ми падне голем товар. Поздрав мешки
Шо убаво сега ,освежена Јас не се осудив да отидам,чекав 12та недела,па после почна некој исцедок,па почнав утрогестан...и си фатив со машинката за бричење на мм. Можам да замислам колку ќе ме боли прво депилирање по породување Него млечен бел исцедок нормално е да се појави на крај? Цело време ставав утрогестан па немав забележано,а еве од неделата веќе не ставам верувам дека тоа е исчистено
Денес ми е нешто емотивен ден... Пак си поминав без везе со втора доза Флостерон бебка 5-6 дена пасивна, плус утре сум на контрола едвај чекам да чујам што ќе кажат. Де нешто работа на лаптоп, де гледај тв, де читај книга ама пусто време не поминува, се истенчи трпението за мирување до 34 недела; горам да излезам да шетам, какво е убаво ветровито надвор, низ прозор само гледам како затвореник Ме јаде и неизвесноста, беба уште не е свртена, доктор не спомнува ништо дали ќе биде царски, дали има шанси да се сврти, дали планира да ја вади одма ако издржиме 36+1 или ќе не остави да си тераме и натаму... и најнајважно, ме тепаат емоции дали ќе биде се добро. Дај Боже само да биде, мислам дека кога ќе ми ја дадат во раце нема да престанам да плачам 3 дена од олеснување.