Здраво Мамички... И јас деновиве со никакво расположение..освен вчера толку многу се израдував три бебиња се родија на форумов. Денес бев да отворам трудничко и кажав дека уште имам болки, пак го гледаше бебе качило 100 грама. Болките биле од тоа што матката е во заоблена форма, но бебе било добро. Вејќе едвај чекам да се роди, толку се плашам сега на крај да не се напраи беља. Рече ако продолжат болки да идам на ЦТГ. Се пожалив јас ама тука најмногу се разбираме..
Па ако тука не си се пожалиме, каде на друго место И не викај така На крај да не направи беља, нема. Се плашам и јас Ах бе душа мајчинска, грашоче ми е стегната на моменти...
ее ... Да знаев дека имало "рецепт" за правење машки, женски деца ќе попрашав порано може ќе најдевме рецепт за женско (дал да плачам или да се смеам) а ко ќе ми речеа ајде третото женско ( бидејќи двете ми се машки) ми иде да ги треснам,синки јас цел живот ќе раѓам
И кај мене исто 35та недела, од пред неколку дена бел густ исцедок. Нека кажат поискусните веќе мами дали ова е почетен симптом . Прогестерон заради цервиксот ставав од 23та од кај 30та недела. Сега е 4 цм Туку беба ја осеќам се подолу и посилно. Уште малку остана.
јас првото го родив после термин некој ден, килажа 3400 сега второво цело време во мерки беше нешто поголемо од првото ама во тежина помалечко. Г-н беше 40 + 3 според циклус 39+4 според ехо ама ко се роди малечко ситно... 3020 килажа рекоа дека одговара за 37ма недела е јас од тоа ништо не разбрав. Должина исто двете ми беа 50 см. Само не знам ова многу мало ми изгледаше дали дека сум заборавила... Важно сега се е ок. Секако растат. Бидете здрави и живи па сега ние знаеме многу да се напнеме за ситници. јас ко се породив го ставија во инкубаторот. Мене ме изнесуваат да се видам со мм и синко гледам бебето во инкубатор. Коса ми се крена гледам мало е вистина ама бебе големо нема а не е дотолку за во инкубатор. За на крај да ми објаснат дека првите саати сите бебиња ги чувале во инкубатор
си се распишував јас на темава,одамна ја немав отворено да читам Јас исто бев во вторава бременост. Кафе пиев повеќе од вода кога првите 3 месеци од бременоста реков цревата ќе ги осѕавам па земав Нескафе капучино такве ствари. Кога помина тој "критичен" период си се вратив на кафето а сега од ко се породив... Посебно овие недела - две... Леб немам купено колку кафе што одам да купувам.
И јас имав само мачнини до кај 18 недела не повраќав дали 2 пати имав повратено не пиев ништо. Ми помагаше од кога ќе станам одма да касанам нешто барем залак два и ми минеше
Еве ме и мене, бев денес на преглед, бебето одговара за 39 недела и отворена сум 3 прста. Ми рекоа ако не ме фатат болки до вечер или утре, во петок ке ме задржат во болница за пораѓај . Со Господ напред изгледа и јас оваа недела ќе си станам мајка
Poz..me fati stomacen virus,crevata mi se bunat.Sho mozam da zemam?pijam caj od nane,dvopek jadam ,kompir varen...
Пробиотик и консуктирај се со гинеколог и општ лекар, мене и Ентерофурил ми имаа дадено да пијам @Poklonce со лесно. Да биде се како што треба
Јас двапати имав и докторот ми рече електролити и линекс форте. Исто пробај леб со сол и вода пиј уз тоа. Солта ќе ја задржи водата за да не дехидрираш.
Како сте мешиња? Јас денеска со прашања.. Мешево ми е стврднато во горниот дел нормално е тоа? приметив и вчера и вечерва така.. до душа изморена сум малку на нозе цело време..
Мене на последното мерење ми беше 11. На граница за да ми дадат инсулин, ама поминав само со таблети еднаш дневно, навечер и строга диета. Го мерам 4 пати дневно, на гладно не треба да е повисок од 5, после појадок 1h да не е повисок од 7.8, а 2h по јадење да не е повисок од 6.6. Исто и на ручек и навечер.