Да и во овој има анасон и е без шеќер. Чудно ми беше дека пиши може да се пие во бременост. А за бебе каков чај да земам? Гледам има од бекутан неколку врсти.
Девојки, Да ви се пофалам вчера ги купив моите први труднички алишта Си купив хеланки/панталони и блуза/фустан. Трети мсец сум и веќе нормалните хеланки почнуваат да ме стегаат, па решив да се подновам. Многу сум хепи И едно кратко прашање до оние кои имаат правено инвитро. Јас пред инвитрото (точно пред 3 месеци) правев поново микробиолошки тестови и добри испадна, како и секогаш. И после тоа инвитро, бета, забрана за секс и не сме имале односи. А на последниот пеглед (скринингот) докторот ми рече да си направам пак микробиолошки. Сега сум во странство и не знам дали стварно има потреба да правам и дали уопште имало шанса од некаде да фатам мукоплазма, кламидија и уреоолазма. Што мислите? Има потреба да правам?
Честитки за трудничката гардероба. Радост голема е. Исто и јас пред ивф правев брисеви и како и секогаш, чисти ми беа. Без разлика на тоа, во 12 недела правев нови. И ние немаме односи. Многу е важно во бременоста да се чисти. Многу. Мислам дека има инфекции кои не се пренесуваат само преку секс. Затоа, како ти велат, така прави. Со убаво и со лесно да е!
Се препорачува да се направат тие брисеви околу 13-14 недена ако не се лажам, така барем е тука кај нас, како задолжителни се од матичните гинеколози....
Јад пиев само анасон од билна аптека големо пакување си земав и пиев до 3-4 месеци. Чист анасон. Пиев и лактамикс на почеток. Највкусен ми беше на хумана, ама не знам дали имаше шеќер И бебе мое немаше никогаш грчеви, можеби од анасонот. За бебе чај на почеток не користев, почнав од 4 ти месец да и давам бекутан гуд најт. Шеќер-нешеќер многу работа ми бркаше за какањето, а и сега кога е настината.
Среќно на новите мамички, живи здрави и големи да растат бебушите!!! Јас денес прв ден на работа после одмор, да се вратам малце во нормала, нема веќе спиење до 11. Ко за прв ден добро ми оди. Иначе арни, луѓе ме прават 8ми а јас 6ти, ама веќе никој не ставам на ум. После тие стресови решив да не ги перципирам. Епа таква ми е носијата шо сега плус татко му е 2 метри, а јас едвај 1.6. Плус мајка ми била иста, прво мешето, па после 2 минути она. Важно живи здрави и полека се ќе се среди..
Аха, ама за овие мукоплазма, уреоплазма и кламидија мислам дека се сексуално преносливи...не знам, да си направам тогаш. За нив треба така? Мене во извештајот само му пишува "брисеви за микробиологија", а тука каде што сум има многу видови тестови и сама ќе треба да си одберам ) А кога одев кај матичната во мкд, само кажував микробиолошки и ми ги правеше тие три chlamydia spec.; ureoplasma urealytica; mycoplasma hominis. И вие тие ги испитувавте во 12-13 недела?
@Enci200 честито облека Јас уште пред еден месец купив,сма стомакот ми е даска,на пладне само се подувам,ваљда ке никне за некое време. Држете ми среќа во 2 сум на скрининг,ке ве апдејтирам одма. @Sexybaby86 брат ми е фармацевтски претставник,он работи со Биогаја,повремено држи и предавања за нив во Систина и Штип,ако сакаш ке го прашам каде со сигурност ги има.
Ќе проверам и ќе ти кажам во текот на денот. Треба да ја отворам папката и да го видам резултатот, а не ми е баш на дофатливо место. Ќе те известам важи?
Ние завршивме со преглед; цтг мирно, цервикс не ми ни мереше рече излеговме од опасна зона па сега терај. Бебка е малку помалечка, не ми ја измери докторот точно, рече само една недела е помало ама гледајќи ме мене ситна и дека матката ми е вродено малку помала, сепак беше презадоволен. Со главче во ребра уште напикана, рече ако се сврти до крај ќе пробаме природно, ако остане вака, царски не ми бега - не ми е ни битно веќе, само жива здрава да се роди Дури и прошетав малку после преглед и купив вреќичка за спиење од Картерс, пижамки од Зара и едни шмихознички исто од Картерс
Добар ден .... Ништо и денес ... ја чекаме цуцата ,помалце ми е активна деновиве,повеќе спие Маж ми запнал чекај жено термин на 9 октомври,ти гарант на 25 септември ке родиш Па здравје
Здраво и од мене, Деновиве ме боли глава, мерам притисокот, повеќе од 125/80 не оди. Не знам дали од нервози или од времето се главоболките. Инаку прееска бев на трансфузиологија, ми земаа крв. Едно 6-7 епруветички ми наполними рекоа едни резултати утре, другите за 2 недели. Вие сите одеднаш ги земавте или одевте 2 пати по резултати?! @EvieBabe супер што на прегледот е се добро. Ќе биде добро до крај сега спремај си за прцлето што треба да пристигне И @Sofi.ja и @dunika ги чекаме со извештај од денот Не го осеќав бебче многу од сабајле, па каснав благо и еве го тропка Ајде одам да лежам, ме пукна глава
Зависи од градба и генетика, јас до 24та недела си бев иста ко претходно да се чудиш кај беше пикнато бебето А и сега кога стојам до една другарка што сме тука некаде со недели изгледа ко она да е трудна јас онака со троа салце Д-димери и хемостаза испитуваше? За нив толку многу епруветки?
И мене ме боли глава денес, не знам дали од времево или од возбуда што не сум застаната од сабајле И моево беше заспано од сабајле па заради цтг рано морав да се напијам една чаша Кока Кола и почна да клоца. Инаку не знам што си испитувала за да чекаш толку долго резултати. Мене секогаш ми зимаат по 2-3 епруветки за хемостаза и ддимери и резултатот е готов истиот ден после 14.00. Две недели чекав само за генски мутации бидејќи ги групираат од повеќе жени па испитуваат наеднаш.
@Sesil @EvieBabe д димери, хемостаза, крвна група и уште некои параметри имаше испишано гинекологот. Изгледа се што и текнало нешто пишуваше антикоагуланти.... Не запамтив добро. А и реков само д димери, хемостаза и крвна група. Епа тогаш да го пратам мм утре по едните па другите накнадно
Честитки за гардеробата со здравје да си ја носиш. Јас една недела пред ивф пред да добијам направив беа чисти. Исто без односи сме во 13 недела пак правев имав уреаплазма ми дадебдокторот еритромицин повторив немаше ништо. Сега пак треба да правам кај 35 36 недела ми рекоа