А за микробиолошките брисеви, мене сега заради контракциите гинекологот само вагинален брис ми зема, за кандида. На ГАК пред неколку дена ме искара гинекологот зошто и другите не сум ги испитала (заради контракциите). Сега во 28+0 можам да испитам брисеви или не смееме?!?
Абе ви се дешава да ви оди ншо голема нужда а да не ви се оди? 3~4 дена ми се дешава ова осеќам баш притисок.
36+2 прв преглед на ГАК. Уште кога легнав го поздравив од друг доктор наш роднина со цел подобар третман да добијам. Прво ме праша дали сум имала некој проблем во бременоста. Реков да, скратено грло ама се среди. Потоа дали сум отворила породилно-да. Ме гледа на ехо, бебето е добро, околу 2850 грама е, контрола за 3 недели,а може во секое време ако пукне водењак,се намалат движења или добијам болки на 5мин. Гледам дека нема намера да ме прегледа вагинално, му викам матичната ми рече внатрешно сум била отворена. Нема тоа врска ми рече,ако добиеш болки на 5мин ќе дојдеш. Му кажувам дека повремено ми се стврднува стомакот. Ако тоа е нормално. Ниту спомна плодова вода,ниту зрелост на постелка,ниту положба на бебе (од претходно знам дека е со главче надолу и кога ика таму го осеќам) Ниту ме прегледа вагинално да види должина на грло,состојба на грло и дали сум случајно отворена. Си викам ај барем цтг ќе направам да видиме ситуација. Ми вика нема потреба да правиш цтг,тоа за 3 недели (во 39та) ако треба и тогаш Па добро,женски мои дали јас претерувам и барам премногу или налетувам на идиоти од доктори? Дали требаше да ми прегледа се горе што наведов а не ми прегледа,како за прв преглед во 9ти месец? Да не зборам дека прегледот траеше 5мин,мм се зачуде кога излегов како толку брзо сум завршила. Дали во последните недели се оди секоја недела на контрола? Еве кажете,тие што сте отишле прв пат на клиника што се ви правеле. Толку многу се изнервирав,разочарав и искрено исплашив за бебе. Му викам на мм следна недела (ако издржам до тогаш) ќе им отидам и ќе лажам дека имам болки, со цел детален преглед да направат. Сега ги сфаќам мајките што се пораѓаат во Систина и Ремедика,имаме катастрофа од здравство
@Sofi.ja мене првиот преглед во деветти ми беше во вторникот иако уште не бев влезена во деветти. Бев кај докторка Ива, цела бременост одам кај неа. Уште пред преглед ме праша за притисокот, шеќерот и дали имам болки. Ме гледаше на ехо, рече дека имам повеќе плодова вода, рачен преглед не ми направи бидејки немам болки. После прегледот бев на цтг и ми рече контрола нареден вторник кога е во амбуланта. Јас баш за Ќаев и немам некое конкретно мислење, многу ми е ладен некако неприступачен и избегнувам да одам кај него. Можеш да одиш кога сакаш и да кажеш дека имаш болки. Од влезна врата лево до собата за цтг секогаш има доктор што ке те види и ке ти направи цтг
Каде правеше ЦТГ и кај кој доктор одиш? Смееш,јас три пати правев, во 12та,21ва и 34та недела. Сите негативни. @лукајана во кој број амбуланта е др Ива? Кај овој на врата (во 36) имаше уште еден машки доктор и една докторка Николовска. Ниту ме праша за крвна слика,ниту за притисок. Заброавив да му спомнам дека до скоро имав отоци и пиев терапија за железото. Вторник влегувам во 37ма па ќе им отидам пак. Само не знам дали е подобро од сабајле или попладне. Ќе фаќам врски за доктор што ќе обрне внимание и ќе збори,да ме информира и мене а не само себе
Исто во 36 ама само во вторник е таму другите денови во родилна сала ја барам. И јас ке одам во вторник. Докторката околу девет доаѓа во амбуланта.
Имав прво цтг само што влегов ти по една недела,ме праша дали имам болки немав и вагинално не ме прегледа. Сега вторник сум на ехо. Некои на цтг одат на 4 дена,пет
Знам дека е многу битно цтг-то, нели ќе пишат овде членки опаѓале тонови на бебе па го ваделе со царски...битни се и контракциите да се следат, другарка моја на прво цтг во 36та недела имала контракции што не ги чуствувала... Овој како ме измаршира,два пати ми повтори кога ќе биле болките на 5мин да сум дошла,претходно никако гужва да им правам. Да сигурно дека ќе те послушам,на најмала промена ќе им се нацртам таму. А и Цтг-то во друга просторија се прави, не се малтретира он,не знам што му беше тешко да ме прати? Нервозна му се изнавикав на мм ми вика ајде те носам во Систина кај докторката па нека ти посвети внимание. Ама ко ќе ми текне 2500 само преглед плус цтг ако се плаќа, не сум за такви трошоци сега..како што сум на боледување а плата којзнае кога ќе земам...
Ако не ти е тешко Дуниче, прашај кај го има и зошто сегде викаат дека е повлечен. Најдобар е од сите, еве сега Линекс бејби давам, ама ко да не е тоа тоа. Биогајата од раѓање си ја теравме и супер си беше. И те чекам со вести од скринингот За чај за бебе не знам кој прашуваше. Не ви треба тоа. Не давајте такви работи, чајот само го залажува бебе дека благ, му го полни мешето, а не е храна. Само мајчино млеко (или ад ако дохранувате) е доволно. Секој педијатар ќе ви каже дека ни чај, ни вода е потребно додека не се почне со кашички. Чајот ни тогаш не ви треба, само шеќери да се полни дете. Пијте си вие чај за доење и ќе им помогнете на бебуши со грчевите, тие чаеви за бебе се само маркетинг. Немам дадено никогаш, па ко што пишав немаше воопшто грчеви бебка моја. И мене хеланките и облеката почнува да ме стега. Да земам да ги најдам деновиве трудничките ствари од првата бременост, да почнам да си ги носам. Овојпат малку побрзо ми рипна стомаче, типично за втора бременост. Ама пак ретко кој ме приметува ако не кажам Пс. @Sofi.ja не се нервирај. Ќе си отидеш и ќе кажеш дека си со болки. Цтг мора да се прави бар еднаш неделно од 36-та натаму. Оди ако не во вторник кај докторката што ти вика Батерфлај, што ќе ти го докторов, макар и со врски, кога така те измарширал. Со болки на 5 мин може да се породиш секој момент. Нездрав.
Од почеток на 8ми месец ме ставаа на цтг.Во 35недела ми се појавија контракции кои ги смиривме со чепчиња
Одам во Систина кај Ивановски од старт ама ако ти текнува со првиот Флостерон кога ме фати паника дека не мрдаше бебе, не сакав да гњавам никого и си отидов ненајавена директ доле во амбулантна во Систина на први кат. Ме ставија на цтг 15-20 мин, само околу 599 денари ми беше сметката ако сум запамтила добро. Може нешто како нивни пациент друга цена ама не ми спомнаа ништо, може и да си е толку цтг. Ми рекоа дека по еднаш неделно ќе правиме периодов, правев и пред 10 дена. Едит: Инаку ни мене сега не ми провери цервикс, баш ме зачуди ама рече не е важно веќе тоа. Ме виде на ехо, рече плодова вода има, ми рече утрогестан за пет дена да прекинам, и хемостаза да му однесам следна недела за да видиме дали ќе ми ги прекине клексаните. Како и да е, јас мислам дека цтг е мн важно веќе од 36 недела натаму, не смеел тој така да се понаша
Мој совет не чекај иди и лажи дека имаш болки. Страшно, толку ги чекаме прегледите и ни се битни за докторите за три минути да си го пројдат редот.
Welcome to the club. Еден гинеколог ми вика само 1 брис за да не е причина за контракција, друга ми вика требало сите. Една ми вика цервикс 3,5 друга 5см (во рок од 5 дена). Еден доктор ми вика треба да една терапија за ТСХ, друг ми вика не треба.... Да побудали човек. Ама не се нервирај, на нив им е битно бебето, како напредува. Видел тој плодова вода ама ете не кажал. Провери може пишал во извештајот А да, за болки можеш да речеш дека имаш не би требало да те вратат. Мене во 27ма недела ме ставија на ЦТГ а отидов сега без упат и им реков дека докторката така ми рекла
Бебето е битно, тоа секако, ама и мајката е битна. Јас имам чувство дека на нас забораваат докторите. Не зборам само за психичкиот аспект, туку и физички што се’ може да ни се деси како последица од бременоста. А и психата е битна, ти како доктор да ја утешиш мајката дека е се’ во ред, да и’ дадеш мир. А не прегледи од 3 мин, срамота.
@Sexybaby86 да се убацам во муабетот, по препорака на мој постар колега уште кога се роди внука ми, почнаа со биогаја. Имав најдено студија каде има докажано, дека давањето на пробиотик од самото раѓање спречува атописки дерматит во иднина. Кај внука ми до ден ден го дава сестра ми (6 месеци е веќе) и ниту грчеви осетивме досега, ниту ништо. Презадоволни сме од капкиве.
И јас сум презадоволна. Јас ги давам откако е родена и немам прекинато, многу поволно делуваат. Биогајата се малку поскапи од другиве пробиотици, ама и најдобри се. Сега со Линексов ок е, ама столицата и’ се смени некако од нив, не сум баш најзадоволна. Се надевам пак ќе почнат Биогаја да ги увезуваат, незаменливи се.