Вчера правев прв скрининг и бебче е супер и е машко, дури и е понапредно за недела дена Се мислев ќе биде женско Од хематоми, крварења, никакви шанси, успеавме да стигнеме до тука. Пресреќна сум!
Супер @RAK91 со лесно нека е бременоста. Инаку која точно недела го направи скринингот? И колку ти беше измерен нухален набор, ако знаеш? Инаку не е малку рано за полот да се види?
Добро утро, друшки. Пак јас го почнувам и денес денот рано. Ич не спиев убаво ноќеска, не знам зошто. Прво бев кома од уморот, возбуда, нагло шетање вчера, па заспав пред 22.00 ама бебе беше екстра активно и едвај заспав, едвај спиев, ме будеше цело време. Се вртеше, се тегнеше, дали пробуваше да се сврти, не знам, дали нешто од мојата возбуда во текот на денот, од движењето... Дури се исплашив едно време зошто толку прета. 3-4 пати станав да мочам, па киселини, па глупави соништа и еве ме од 6 саат ококорена, недоспана Ви посакувам убав ден на сите, се надевам понаспани сте од мене
Охо..од 5 сум станата и така секој ден незнам дали потсвеста ми работи дека иде пораѓај па може од тоа се овие несоници.. Епаа добро утро...убав ден Јас ќе гледам да презаспијам
Не можам да презаспијам во ова време, сработев нешто на компјутер па може после доручек ќе можам Туку, си размислувам сега, приметувате ли како новиве мами ни ги снемува тотално одма штом се породат? Гарант немаат време да прднат, не па форум да читаат, освен ако немаат некое прашање или мака. Си замислувам што не чека сите што сме при крај Да седнам денес со списоците да се преслушам што е купено, што ми остана за купување. До кај сте вие другите со набавки за бебе, уште што ви остана? Кај мене купено: креветче, душече, количка со корпа и транспортер, кадиче со термометар, сетче ножички, чешле и четка за косиче и корупки, постелнина нарачана комплет со оградица и украсни перничиња (треба уште една резервна да земам), два чаршафи со ластик, тврда подлога за пресоблекување + обична мека што не пропушта влага, 3-4 различни видови ќебенца, бањарче, пижамки, почетни алиштенца (бодиња куп, шпихозни, ѕиврички со стапалце, тетра пелени, капчиња, ракавички, чорапчиња...), вреќичка за спиење, дебело ќебе-вреќа за изнесување надвор зимово. Кога ќе видам вака, и добро сум била спремна веќе Сега ми фали: аутфит за излегување од болница, козметика за бебе, 2-3 цуцли и шишенца, релаксатор планирам деновиве, перница за доење, едно пакување пелени, прслук за доење уште не сум купила, лажички за капки и оној списокот од аптека наеднаш што планирам да земам: гази, д3, јекодерм, физиолошки итн. Од преостанатите работи најмногу ме мачи облеката за од болница; ем сакам да ја дотерам, ем знам дека ќе биде мн малечка и сакам да и е удобно, да не ја малтретираме - нешто меко, нејзин број да не виси како парталче. А тие па памучните обични премногу едноставно ми личат, боди и хеланчиња ништо посебно. Што планирате вие за овој момент? Знам дека мн навлегувам, не ми замерувајте ама мислев дека нема да го дочекам ова и сега ме пукаат страшни емоции.
Добро утро... Исто заспав ранонакај 11:30 за мочање станав 5 пати па шо ми текна сок се напив изгорев после од киселини па лижев Гастро Гард во 3 После бебе ме разбуди бубрезите ми ги извади и еве си дремам сега ко Вампир
Мамите сега се презафатени со бебушите За некое време и ное ќе бидиме изгледа така Списокот ти е супер само незнам чаршавите што ти се со ластик дали се со мушамка одоздола, ако не и такво може да земеш у случај да претоне или слично. Мојот список е уште мал Имаме земено количка со корпа транспортер и кога ќе е батко дел да седи да гледа што се слулува Фиокарчето ни е земено, почетни алиптенца боди зивриња со стапалца со без шпихозни комплетчиња лигавчиња чорапчиња. Татко ми купил Градинка ќе нинсе најде кога ќе почне да и бега на мама Овие денови ќе земиме и релаксатор креветчето ќе го купиме сега во Октомври и се пто оди со него
@EvieBabe кај вас беше прво и долго чекано бебенце, така? Некако како себе да се читам пред две години . Супер си спремна, комплет за излегување побарај во Carters, имаат бројчиња 0, и се многу штосни . Јас минатиот пат одбрав баш како што викаш обичен комплет ама сега здравје ќе сакам нешто за подотеранко да биде. Направи една посета до аптека, за гази, алкохол, јекодерм иако секој ден ќе праќаш некој да ти докупува. Моите и сопругот беа нон стоп во Зегин, влошки за гради се сеќавам дека искоритив купишта, а немав премногу млеко. Цуцлата зелена од Еурофарм набави си ја најмека е, и Авент гледам лесно ги прифаќаат а и џиџани се. И тема има “што се е потребно за новороденче” читни може ќе се инспирираш за некоја ситница
Од ова што ти треба јас би чкртнала јекпдерм, цуцли и шише за почеток доволно е по едно, лажичка за капки исто не мораш, капките се мрсни и најдобро е да се истураат директно во уста, дозата е многу важна, а на капките секогаш останува. Физиолошки исто до ден денес не сум употребила. Хидроген 3% за папоче ти треба. Комплети за од болница јас земав за ќерка ми памучен од енци Менци, обично долни хеланки со стапалца и блузенце. Многу го користев после. Сега за бебо од енци Менци или картерс ете некој го спомна.
Прво бебуле (изгубивме едно пред три години) и ако ја броиме бременоста, чекано четири ипол години, со многу попатни болки, разочарувања, солзи, лоши вести и прогнози... Уште не ми се верува дека беба е вистинска, дека е во мене, дека наскоро ќе се видиме. Вулкан од емоции имам во мене. Да, ги мислев и влошките за гради и водоотпорни чаршавчиња, ќе изумев! Ќе проверам и во таа тема, не сум ја знаела изгледа
И денес ништо,ќе се фатам денес со чистење белки ке и текне да излага хахахаха. Момциве двајца по дома џигерот ми го вадат,поголемиот вчера ме праша дали боли кога ке ми го вадат бебето Така да .... тоа е тоа ќе чекаме
Добро утро од нас ранобудници, од 6:30 се разбуди малово и плачеше зошто мачето надвор плачело. Да не го спомнувам ноќното станување по 2 пати за ништо. Ама треба веќе да се навикнувам за ко ќе стигне другово. Од денес официјално 9 месец, конечно го дочекавме. Е сега уште да се спремам и после кога сака нека излезе. За купување имам само ситници козметика и комплетче за од болница, друго сѐ имам. Само не знам шо сакам да му купам, ни пак имам идеја од каде. Некако немам сила да шетам многу по продавници. Бебе вчера ме испотепа, појќе од 1 сат се вртеше без престан, ме клоцаше де в ребра, де долу, од страниве абе буквално ко на центрифуга беше. Дури се загрижив си реков готово ова ќе излезе. И ноќеска на 2 пати осетив ко менструална болка. Па и сега, ако лежам не ми е ништо, ко ќе станам притиска и боли. Веќе се мрднав. Денес пак на цтг нормално, понеделник уште едно ехо и да видиме до кај е работава. Само да не се роди на 22. Се молам да издржи уште неколку дена. Поздрав мешиња
[QUOTE="Marmarin, post: 4608349, member: Само да не се роди на 22. Се молам да издржи уште неколку дена. Поздрав мешиња [/QUOTE] За да не е девица?
За да не е девица? [/QUOTE] Хаха не, тогаш свекор ми има роденден. После то има еден куп други родендени, нека си одбере од нив кој сака, само не овој. Смешки сум знам. Јас најмногу сакам да се роди на истиот ден со синчево, ама тешко дека ќе издржиме до тогаш.
Зошто не баш на 22? И јас имам еден датум што се молам да го рипне, дека веќе делат двајца во фамилија роденден на тој ден, па не сакам да го дели со никој, себична сум сакам да си има нејзин уникатен роденден Инаку, јас цело време рачунам влегување во 9 месец од 36+1, а вчера ми рекоа дека 35+1 се сметало за 36 недела веќе и фактички тогаш се влегува во 9ти. Дали е ова точно?