Точно е, сите доктори исто кажуваат. Ама пак една со мене шо се породи 35+5 и го рачунаа ко пред време родено. Зато 36 полни за мене е 9-ти месец. Немам против да си поседи уште.
И јас исто си сметам, сакам барем 36+1 да стигнеме па после како даде Господ. Нека поседи и повеќе ако сака, и така ми е малечка
леле па вие баш сте се спремиле за принцезата ..... ќе си препишувам од списоциве за кога ќе дојде време инаку ме интересира по колку боденца и шпикозни би биле доволнини за почетокот исто и лигавки мене се Х 2 ќе ми треба, така да изгледа доста ќе ми требаат
Здраво мешковци, најпрво да почнам од спиењето едвај заспав се превртував до 04:00 часот. Кога лежам на едната страна ми се укочи таа страна и колкот, па се превртам на другата страна исто и таа се вкочанува, маки мачев Во врска со купувањето искрено веќе се загубив и јас незнам додека сум, ќе мора да направам чек лист. Досега имаме купено: креветче, фиокари, кадичка со подлога за преоблекување. За бебе шпикозни, бодиња, вреќички, 3 ќебенца, 3 бањарки, кондурчиња, капчиња, лигавчиња и мислам дека во делот на облека сме опремени. Козметика немам купено ништо, а и незнам искрено што да купам... незнам дали да чекам од болница да ми посичат или да се спремам со време. Ќе ми требат сетчиња за средување (чешел, ножички и сл.) Од покрупните работи ни остана да нарачаме количка и транспортер, другото мислам дека лесно ќе го обезбедиме. Е сега и јас имам дилема за облека кога ќе си одиме од болница. Незнам дали да земаам нешти џиџано или пк практично што ќе му биде удобно на бебе... има време сеуште па ќе видам на крај за што ќе се одлучам...
рендан ѓумбир, лимон и мед. направи си една тегличка и јади по некое лажиче. мене само тоа ми помага за грло.
Јас се водев по списоци што ги најдов овде низ темиве и таму пишуваше 5-6 боди на кратки ракави, 5-6 на долги, 2-3 пара шпихозни, 5-6 пара долни (ѕиврички, хеланки). Ама имам и повеќе бодиња купено зашто сѐ ќе видам нешто слатко и не можам да одолеам, нарачував и од интернет мислам дека имам околу 10-12 пара со долги и исто толку кратки. 6-7 пара едноделни шпихозни и 2-3 сетчиња дводелни со бенкица и ѕиврички, плус посебни ѕиврички уште едно 4-5 пара. За козметика и јас читав со денови минатата недела, некако најзадоволни сите од Мустела, Еуцерин и Хип. Мислам дека ќе земам Мустела за старт; малку поскапа ама колку што гледам сите пишуваат дека многу долго трае. За пеленки поим немам, многу спротивставени мислења во темата за пелени...
Добар ден, И јас овие ноќи не спијам ко што треба. Плус и ме мачат многу работи. Денес пак ме боли стомакот. Наредната недела ќе одам за брисеви. Ќе бидам 29 +, ама морам да ги направам и другите 3 бриса. Плус ехо. На почеток на Октомври сум на ЕМГ да ми кажат за контракциите. За купување, си викам рано е(ме пореметуваат тие совети, рано е да се купува). Ама здравје мора по малку да се зема, после ќе дојде се оддеднаш. Треба и на ќерка ми да и се обнови гардеробата. Имам дома 2 пара шпикозни(на ќерка ми за повојница и ги донесоа, ама така по машки се), па да купам прашок и да ги исперам. Од ќерка ми се е розево. Викам нешто за по дома ќе користам кога ќе сме сами(уроци да не го фаќаат). Ајде одам, ќерка ми спрема "ручек" од играчките па да го пробам дали било сварено
Фловерче те читам неколку пати одиш за ЕМГ. Освен што ќе ти каже има/нема контракции нешто друго фајде имаш од тие прегледи? Ми изгледа како без потреба да се малтретираш, ако не ти даваат некаква терапија за смирување на контракции и ако не менуваш начин на живот, значи по мене немаш потреба да одиш.
Па освен првиот пат што ми рекоа да уклучам Утрогестан и Бедоксин(Дијазепам по потреба),и да не мрдам од кревет друго не. Ама и не знам што друго кажуваат. Јас, и да ми речат дека можам да се движам, испаѓа дека не можамјас таков баксуз сум, што ништо не ми делува. Еден период малку ми се смирија стврднувањата, а болките си ги имам. Малку, и тоа 20-30мин ако сум станата одма после тоа имам болки и ми се стврднува стомакот. А шубе ми е да не отидам
Девојки, истражувајки на интернет дознав дека во Хрватска, но и во други земји во ЕУ следува задолжително следење на бременоста од акушерка. Бремената жена си ја бира на почеток на бременоста, и со неа се советува за сите можни прашања во текот на бременоста, со неа е и на породувањето и по тоа. Кај нас како што гледам нема таква можност?
Кај нас и ќотек можеш да добиеш многу ако препрашуваш или како мене матичната што ми кажа "тебе уште малку и кафе ќе почнеме да ти вариме" Баш убаво ако има таква опција, но кај нас не ми се верува.....а јас па еве на пр. знам за во Шведска дека трудниците имаа едно или две еха и ништо повеќе, не прават вака како нас илјада испитувања....не пијат никакви медикаменти, ама баш никакви,ни фолна киселина.....е сега дали и ова е во ред незнам баш
Јас количка со транспортер имам купено, креветче уште не ама се одлучив за кое и ќе го купам некаде при прај на 8ми директ да ми го монтираат да не ми стои така, уште сега ми е рано некако да ми биде наместено. И коритцето тогаш. Ноктарица, чешелче и четкичка, 2 цуцли, 3 шишенца, 3 ќебенца едно ептен дебело и две потенки, 3 бањарчиња, 4 пара пиџамки, 10 боди, 10 шпикозни, 10 лигавчиња, чорапчиња земав 10тина пара ма да сите шпикознички и комплетчиња ми се со стапалца ама ај ќе се најдат нараквички, капчиња. Ѕивриња и тетра пелени ми фалат. Oд аптекна уште ништо немам земено. За од болница и јас не знам што, сакам нешто штосно ама сакам и удобно да му е. Сега за сега овие две комплетчиња ги меркам https://wenice.mk/index.php?id_product=5732&controller=product https://wenice.mk/index.php?id_product=5726&controller=product Бебешки, а интересно ми изгледаат бар мене Ако има некоја друга ваква страна од дома да си разгледам и да не губам време во продавница давајте линкови
Леле бе сетовиве, хахаха... Ццц, не можам да ги гледам сликиве еј, колку е слатко се. Јас си гледам и на бугарскиот сајт на Окаиди, скоро истата роба е. Другиве немаат, Картерс од америчкиот сајт вчера видов кај нас дали 5% ги има работите тука. Добро си спремна и ти инаку
Да, јас имам на 02 октомври термин со бабица. Сите си имат ординации и одиш на јога на гимнастика за трудница, курс пред пораѓај за правилно дишење и снајдување со болките. Како за време на пораѓај може да биде присутна со тебе дури и да те породи дома ако сакаш. По пораѓај се врти околу бебето и пак одиш кај неа на вежби за повлекување на стомакот. Со неа можеш за се да разговараш прашања итн да не се замараш се со гинеколог. За ќерка ми имав само по пораѓај за бебето а сега за време на бременоста ако се договориме. Требаше уште пред одмор да се сретнеме ама па болна беше итн. Сакам на јога да одам па да видиме. @lejlla и во германија само три скринизи и толку. Здравството смета дека нема потреба пд повеќе ако е се во ред. Нормално можеш на приватно кај гинекологот секој месец. Значи ехо трипати, а контрола мерење мокрача крв секој месец и веќе од кај 8 редовно секој две недели на цтг. Јас имам напревено термини до декември здравје боже. Ама си зедов пакет на приватно за вела бременост на ехо да ме гледа. Неможам само три
За скриен шеќер, таман е 27+? Не можев оваа недела да отсуствувам од работа наутро. Ми е страв да не задоцнив, за првото правев недела порано
@EvieBabe пред првото и јас имам изгубено, инаку и мене ме чекаа секој момент да се породам, лежење, флостерони, ми викаа 36тасамо само влези ама јас 41ва се породив, нека поседи и твојата женска
Девојки, По консултации овде, и секако по препорака на докторот од мкд, решив да ги направам микробиолошките испитувања. Овде, во странство, каде што сум, не е задолжително и сама отидов во приватна лабараторија. Претходно во мкд имам правено 5-6 пати кај матичната во Ск. Ова денешново земање брис за кламидија и мукопл./уреопл. од цервикс беше тотално различно отколку во мкд. Сестрата ми најави дека ќе биде непријатно но не мислев до толку. Ми се чини како пчела да ме укаса внатре, многу болеше и тоа двапати! Сега и кога одам во вц ме пече, мн. е чудно. И сега се мислам дали матичната била премногу мека, или оти сум трудна па се зголемува чувствителноста... Какви се вашите искуства? Поздрав и убав ден
Јас многу се плашев кога бев за брисевите, докторката само ми кажа соработувај со мене и опуштисе....така и направив и ништо не осетив, знам дека многу брзо заврши ...
Може па јас многу се стегнав...ама што знам. Исто ми рече сестата земи воздух и не испуштај, па брцна, и ми рече сега издиши ))) процедури нови. Кај матичната ништо такво не сме правеле.