Уживај, одмарај не е ништо страшно, си ја знаат работата, тоа за нив е вообичаена процедура....кога ќе ми текне што се ме чека .... пораѓај, доење, гледање на две бебиња, непроспиени ноќи и што уште не си викам што е ова сега, поготово кога ми земаат крв, си викам зарем од ова треба да се плашам
Женички да ви кажам искрено поубав период во животов не сум имала, поубаво чувство од тоа кога ќе ги осетам и двете дека преткаат во мешето кај мама дефинитивно нема Како се осеќате вие?
Ми иде водењакот да си го пукнам хахахаах Се имам тапи болки ,болки од што гура малата ништо конкретно Додуша не гура пробува да буши
Денес имавме трет скрининг. Бебињата одлични. 1300 и 1200 се палавковци. Едното бебе спуштено малку надолу. Си ја сместило главата пред цервикс. Срце ми се скамени. Петрова рече нема индикации за предвремено породување. Истото ми го рече и Петановски на последниот преглед. Јас стравот си го имам ете... Последниве денови некако наеднаш пораснав, тешко се чувствувам. На 3 октомври сум на преглед кај Петановски, тогаш здравје ќе сум 31+. Ќе каже дали ќе ми треба Флостерон. Јас некако потсвесно сакам да ги примам. И така мешки. Сега се "валкам" кај мајка, кркам и наредувам
@bela.m и кај мене на последниот преглед главчето на бебето беше така наместено. Мене па не ми рече ништо докторката. Веројатно не е страшно толку. Ми се јави мм ми кажа зел дел од резултатите од трансфузиологија. Крвна група и еден лист со нешто шо пишува "ензимски", "селективен I".... Д димери и хемостаза веројатно не се готови. Леле некако се осеќам како тапкам во место и со прегледи и докторо и ситуацијава. Само ќе кажам Господ нека не чува, зошто ова докториве сите различно кажуваат.
Мајќички здраво.. Јас само што се враќам од преглед. Малечкава расте ли расте, 973 грама. И го видовме лицето, убавица на мама Нека е жива и здрава. Ми даде упат докторот за Трансфузиологија, да испитам Д-димери. Малку се уплашив. Страшно ли е? Читав на интернет за тоа,ама некако не сваќам Вие што сте испитувале, што ви кажале? Утре сме на регистрација, биднавме кумови, ќе се дотера мајка и ќе оди, кума да бидем Ве поздравувам сите. Убав ден.
Јас само да ве поздравам најубави трудници , бидете опуштени и не мислете само на негативности. Негативните мисли носат негативни работи , читајте нешто за бебиња , гледајте си бебешки работи . За болење нешто нормално ќе боли , во вашето тело се развива едно мало човече му треба место , простор да се развива .... Инаку јас ја терам 23 недела до пред 2 недели не се ни познаваше дека сум бремена , сега сум баш буцкаста . Уживајте со позитивни мисли
Не е страшно, скоро сите доктори препорачуваат проверка на ддимери. Ќе ти земат крв, резултати ист ден. Не се плаши ако се над 500 (толку е реферетна граница) затоа што кај трудници е нормално да се покачени и до 1500/2000. Ако се ептен покачени, се решава со терапија. Јас еднаш месечно ги проверувам.
Рамстор, Бисер и Сити Мол а зошто ти проверуваа крвна група, коа веќе имаш едно детенце, и да немаш друга интервенција во меѓувреме сигурно ти е испитано уште за првото?
Покрај локациите што ти ги пиша Сесил, Венис имаат продавница и во Ново Лисиче во Лиса центар и во Илинден,а вршат достава и до дома. И јас како @butterfly.mk ми иде да си пукнам водењак и само чекам да добијам некоја болка или при анализа на тоалетна да ми смени боја Не дека сум ептен на крај 36+3 сум ама толку многу сум загрижена за бебето што не направија цтг и не ми кажаа состојба. Дури ни на обичното ехо ни проток ни срце не пушти докторот. Убаво е да си поседи во мама уште недела,две да си порасне синко,ама да знам дека е се во ред,дека му е убаво
Мами отидов во Чаир на ЦТГ, фативме врски за Кировски. Искуство?? Докторот многу многу не збори...ниту ми ги објасни цтг, правев и бебе гледаше на ехо. Викам добро ли е бебе...вика да ама малечко.. Па добро мајки како можам да му помогнам да пркне? @Sofi.ja тоа е секаде многу многу не објаснуваат докториве. Дали некој знае што значи реактивно цтг, втор степен постелка на бебе?
Здраво мешиња, како сте денеска Со променава на времево следат главоболки, болки во кичма се со ред Вие имате мака од промената на време? Бебче си мрдка кога мирувам, некогаш е поактивно некогаш помалку .. едвај чекам да го видам на следна контрола.. завршивме вчера со антибиотикот се надевам на следни брисеви ке нема веке ништо..
За ќотек се докториве,да се молиме дека се стручни и знаат што гледаат,а ние мајки паничарки. Уште е 2500 кај тебе? И јас стварно не знам дали треба повеќе да јадеме за да качи килажа бебето? Како храната да ја транспортираме до него Снашката кога се пораѓаше дента на ехо извештајот пишуваше постелка од 3 степен зрелост. Ова што е 2 степен кај тебе е добро, значи може бебче уште да расте во мама. А за другото не знам да ти кажам ,не сум правела цтг
Јас сум 23та од вчера па кога како.. некогаш повеке некогаш два дена го нема да мрдне и си се чудам некогаш благо и кока кола го разбудува..