Јас денес бев во болница и нели требаше да ме остават за пораѓај, ме прегледа докторката и ми рече имаш уште време, само три прста отворена и вели ако те задржам ќе треба многу да те мачиме. И така си дојдовме дома, ќе си чекам да ме фатат болки ако не вп вторник пак треба да одам. Мм се смее и вели девојчето знае дека надвор е ладно, внатре и е потопло нека си поседе уште некој ден .
Го немам картончето, го изгубив од првиот пораѓај и јас и спомнав и рече ок. Оти ми рече др. дека ќе бараат за пораѓај па да имам црно на бело.
Колку ме фаќа пак некој страв. Денес пак ми се стврднува стомакот, ама имам така и некои нагони за мокрење. Претходната недела кога бев на ГАК кога да ме стават на ЦТГ сестрата ме прашуваше прашања и ме праша дали често ми се оди во вц. И сега ми влезе во глава, да не е тоа некој симптом и ме фаќа страв. А го осеќам и бебе како мрда долу ниско. Денес повеќе се движев, ја носев малата на лекар, па низ дома. Се надевам дека не е нешто, оти и јас се изморив од тоа "шетање" по болници
Веќе бебе е големо и притиска на мочниот меур, не се грижи сите го имаме тоа чувство и ќе отидеш во вц мислиш којзнае колку ќе мокриш , две капки ќе паднат
Па така ми е сега. Прво мислев дека некоја уринарна инфекција е, дека притиска долу ептен ниско. Пиев и една чаша брусница. Ама ми текна на зборовите на сестрата и "Миле Паника" тргнува во акција
Мене ми рекоа денес дека картончето веќе не го признавале, требало да се земе од трансфузиологија испечатено на лист и на него да има печат
Кажи им да ти удрат печат со крвната група и во здравствената книшка коа ќе одиш по резултат за д-димерите или мт коа ќе зема резултати нека им речи.
Многу се нежни на допир. Во Зегин кај мене сеуште се летните ствари само и бодиња само на кратки има. Ќе почекам зимно нешто да донесат. Во сите зегин има ама во секој е различно, што ќе начекаш тоа. Последниот пат во тоа Зегин што влегов само од чорапчињата имаше и тоа само од машките и бодиња на рамки.
Какво е тоа картонче? Јас ќе одам на трасфузиологија да испитувам д димери. Треба ли јас нешто да побарам од таму??
Ај да прашам тука, поактивна е темата. За излегување од болница зедов комплет од памучно фустанче, хулакопки, пелена има, боди со долг ракав. Се мислам така да не е ладно веќе. Пелената е памучна, не многу дебела. Што да носам дополнително, дали некоја јакна да барам, дали ќебе да носам или подебела пелена? И уште нешто за дома за спиење дали вреќа веднаш да користам или јорган?
Земи си подебело ќебенце. И јас барав и сакав многу памучно фустанче но никаде не најдов па си земав обично памучно комплетче.
Добро утроо трудни мешиња време е за будење...Ооо некако ладно веќе ептен е... Јас станав јадам праски, банани само да пркне бебе поготово после коментари дека јас слабо јадам и затоа е мало бебето им велам бебе зема колку му треба!!!! Си направив кафе ... Ајдее убав ден !
Обичен лист е со крвна група го бараат за пораѓање во болница, кажи им да ти испитаат можат сами да креираат упат.
Добро утро, ај помош девојки-за болки во желудник што е дозволено да се зема, што сте земале? Читав некаде дека се шмука рупурут....Мене баш навечер толку ми се дуја стомаков и често е пропратено тоа со болки во желудник (јас додуша и пред бременоства страдав од желудник)....
Dobro utro meskovci Kade kupuvavte bodinja na preklop onie sto se za pocetok,i onie zivrickite so nogavicki ? I da prasam tie sto se so carski porodeni vo sto izleguvaa od bolnica pantaloni ima sansi da se oblecat ili ke treba fustan da baram ?