Добро утро, Цела ноќ ми беше исто ко вчера. Нагон за мокрење и доле ниско ме стега. Ќе гледам во понеделник да направам пак уринокултура. Вака не ме стегал стомак до сега. И за брисеви од среда ќе одам. А осеќам и ме пече малку долу. "Се на куп, а задоволството на квадрат" @Sesil ми ги земале дел од резултатите, ама може кога ќе го пратам мм да ги земе другите да ја носи книшката и да им рече за печат за крвната група. И да ве прашам, овие резултати знаете што се?! @lavinija28 јас по препорака на гинеколог користам Гастрогард за киселини. Пробај и со ладно млеко, голтни 2-3 зрна жив ориз или некои трудници мислам пиеле сода бикарбона
Тие се викаат боди бенкица и обично се најмало бројче 50ка. Ги има по продавнициве за трикотажа, Ваикики и други бебешки продавници. А за излегување од болница, не знам како ќе се породам ама планирав да облечам еден фустан поширок што го имам купено пред бременост,од причина што ќе крварам па попрактично ми е со фустан. Го пробав пред некое време кнап ми беше, не очекувам стомакот да ми биде даска,ама ќе спласне колку толку, да се надеваме дека ќе ме собере Добро утро и од мене. Легнав во 2, до сабајлево 4 пати станав за во вц завчера вечерта само 1 станав си реков аа готово помина, не бе не... За бебе имам купено 3 со средна дебелина ќебенца, две бушави меки,едно памучно. Сите ми викаат дека се добри,ама кога ќе залади ќе ја пратиме баба да купи како тоа ние што се покриваме,малце подебелко за зимоска. Имаме две јорганчиња ама поубаво е со ќебенце да го завиткаш бебко. Се мислам за плик ќебенце не знам колку е искористено? Имајте убав ден мами
Јас имам дарувано крв пред некоја година, и го имам она црвено картонче, на него ми ја пишува крвната група. Вчера матичниот ме праша дали знам која крвна група сум. Му кажав, ништо не ми рече. Само упат ми даде за да испитам д димери. Дали ќе ми дадат таков картон или да побарам од матичниот да ми пише за да ми дадат на трансфузиологија??
Боди бенкици на тритекс ми се врв, материјалот преубав, дебелина таман и дезените нежни им ги сакам, пижамки со ногавици имаат ама потенки им беа јас кога купував. Јас од болница со царски излегов во труднички фармерки, не ми сметаа на раната а и стомак имав таман како за нив
Мешиња да ве поздравам. И после породување сме со меше, па уште се бројам во мешиња (иако моево е само тажно свиснато салце). Се спремаме за дома. Уште папирологија да средат и ехо на срцето за Бебо да направат. Детали следат деновиве. Сакав само да кажам дека ми е просто неверојатно како можело да се живее без ниту една киселина!!! )) Има надеж. Издржете!!!!
Мене ми побара ливче или возачка за крвна група покажав возачка и ми запиша врз основа на неа. Иначе го имам и ливчето од Трансфузиологија и планирам да го носам на пораѓај и него.
Душа, се спаси ти Мило ми е што сте добро, ајде сега домче сите на куп. Нема поубаво, јас живеам за тој момент кога четворицата ќе си бидеме дома заедно на купче
На пораѓај носам картонче од трансфузиологија штоо го имам ко вадев возачка. Инаку и денес ништо спие цуцата,синоќа само правеше спектакл ми отидоа ребрата у неповрат.
@Mini90 како помина? Jас иста приказна пукнат водењак си седам 2 дена на патолошка не сум ни 2 см отворена и не мрднав од тоа, провокации не ми дале само антибиотик Незнам колку дена ќе останам веќе Колку може да се седи со пукнат водењак? 40+2 сум иначе. Некој да бил вака
Добар ден мешиња. За многу години денот мала Богородица. Да ни чува утроби и да не пази сите трудници. Пред некое време си реков денес во црква да си однесам два пара сини чорапчиња, па вчера купив од тритекс. Арно ама сега ради мирувањево нема да излегувам од дома ни за боцкање (мајка ми ќе ме боцка) па немам начин да ги симнам скаливе и да одам. Ако ли мајка ми ги однесе? М? Инаку, свеки изнакупила многу работи за бебите. Преубави шпикозни, боденца, капчиња, чорапчиња, ќебенца. Вчера ги видов и ги ставивме во креветче. Сакав да ви сликам ама легната не бива. Ќе го задолжам некој ден мм. Друго немам што да кажам, убав и мирен ден имајте
Не ти треба тогаш испитување штом го имаш картончето за крводарител. Јас го имам истото дека имам давано крв претходно па ми го важат и за операција не ми побараа друго, и сега го покажав него за во мајчина книшка да ми удрат печат за крвна група. Не правев нова проверка.
Добро утро, друшки - јас на шетање денес, купив некои работи за беба, па сега со мајка ми на пица на сонце да искористам излегувањето и убавото време Во врска со ќебенцата гледам сте збореле, јас имам разни, од памучни до плетени до полар до плик ама не знам дали ќе ги користам за покривање ноќе или само вака за низ дома, за во количка, за во раце. Страв ми е ноќе да не го повлече нагоре па да не може да дише, мислам дека ќе користам вреќички само...
Срце, мене ме примија во средата во 4 сабајлето, седев два дена, чекаа да се отворам и ништо. Мислам поише од два дена не се чека, пошто намалена е плодовата вода. Вчера ме породија царски, дојде на свет малата принцеза.
Кај сте мешки Овде последен сончев викенд па шетнав малце на сонце,пред да преминам на вештачки вит Д. Купував некои работи за внук ми,1,5 месец е,па ми падна во очи величина 0.Ова за Окаиди зборам.Таква минијатура немам видено,зар е можно да е точно на бебе тоа? Не знам пол уште,како ме фати мерак да купам нешто,ама конкретно,не бело боди,тоа знам дека е џендер неутрал Подобро да не се покажува,јас ке претерам со купување,знам.
Да е жива и здрава лепотицата и брзо опоравување . Мене утре ќе ми е 3 ден ќе пробале со провокации. У чаир сум и ја иначе за малце не се погодивме