Заедно со ддимери се испитува и хемостаза, која дава информација за времето потребно за коагулацијата на крвта, но и можност за создавање тромб, па затоа мислам дека е подобро да се испита. Инаку како што ти кажаа, може постелката да е во ред, а да има покачени ддимери, а може и да е обратно. Јас имам лакуни на постелка и заради тоа испитувам ддимери и хемостаза почесто, ама тие резултати ми се добри.
Девојки, денес ептен ми се спушти мешето а сум 35 недела. Некој со искуство после колку време од спуштање се раѓа детето вообичаено? Ме фати малку паника дека одма ќе излезе, бар да почека уште 1 недела.
Исто беше и кај мене и почнав дури со цтг за да следиме контракции, еве 38 ма недела ја терам и уште си чекам со спуштен стомак
Мене ми е спуштен веќе 2 недели од 35 недела уште чекам хехе Него вчера бев 3 пати у вц,денес ме боли тртникот,колковите Исцедок имам за извоз на 20 мин менувам секојдневна хаха Правев од сабајле пица и сутлијаш Уште чекам
Добро утро мешиња, како сте Од сношти наваму нешо како јадежи ми се појавија.. ги допив антибиотиците пред неколку дена, а вагиналети имам за уште денеска... ставам вагиналис.. дали смеам да се измијам со сода бикарбона или не? Не знам сеа од кај ми се појавија, уште тоа ми фали..
Не значи тоа дека ќе биде брзо. Цел 9-ти ми беше спуштен стомакот, во скут си го носев што се вика па ништо, се породив точно на денот на терминот
Мене за чешањето освен камилица ми даде маст Антифунгал. За Канастен не знам, ама консултирај се со гинеколог, и за двете креми. Денес пробај со камилица и сода бикарбона
Мислам дека не е спуштен туку нагло се зголемува и отежнува стомакот на влез од девети месец Слично беше и кај мене, баш и братучетка сега скоро беше со истиот муабет па изгура до 39та недела.
Го признаваат.. јас го имам картончето па не ми бараа никаков лист.. а картончето ми е од крводарителство... ( бело картонче и уште едно со крвна група и со печати од трансфузиологија за дарувањето на крв)
Не знам, мене не ми го признаваат, може па во секоја болница да е различно. Јас бев во плодност во петокот и докторката гледаше дали ги имам сите документи за примање во болница и таму ми рекоа дека не важи, па бев кај нас на трансфузиологија за да ми ја дадат крвната група испечатена на лист
Јас имав чешање , матичната ми рече тоалетна да потопам во сода , да се избришам и потоа со сува да истапкам нежно, да е суво. За 2 дена ми помина чешањето . Ако осетам печење тогаш може да ставам канестен .
Можеби во секоја болница е различно.. еве мене пред 3 месеци во државна на ГАК ми го признаа.. го земаа со сите мои документи .. со мојата историја која ми ја отвориа кога ме примиа и после кога искочивме со бебуш заедно со отпусната листа ми го дадоа картончето и се насмеаа да го чувам убаво бидејќи ќе ми требало и за второ бебе... Мешиња читајте за кандида.. гледам дека тука секоја втора трудница ја има... https://denesen.mk/kandida-prichini-simptomi-i-lekuvanje/
Утре ке закажам на преглед да видам.. чуствувам дури и како воспалено да ми е местото како отечено дури.. дали е некоја инфекција не знам.. ме загрижува.. веке глава неможам да кренам од инфекции од триста чуда.. само се да е во ред се молам...
Од чешање да не имаш чуство како отечено ? Јас мнг имав мака . Коа ќе почнев да се чешам немаше крај дури на крај ме болеше ! Многу непријатно . Штом си закажала оди види најубаво . И јас прво што направив се советував со матичната . Не би ставала ништо на своја рака.Која недела си ? Мислам дека сме тука некаде со недели ...
Не на своја рака ништо не земам од страна на вагиналети .. сеа маст само ставив нистатин иначе сум 23ипол недела..