Јас сум 25. Добро сум запамтила дека сме тука некаде. Не се секирај ,ќе биде се ок . Ова се некои раб во бременоста кои мора да ги надминеме.Среќа па поминуваат .
Фала на сите за одговорите, многу ми помогнавте. Сабајле прв пат ме фати паника, ама еве гледам нормално било да се симне мешето неколку недели порано.
Јас официјално се откажувам од спиење до 2021ва, станува се' потешко уште од сега, а не па беби кога ќе дојде. Заспав после 12 и пол, откако се смири мешево, не клоцаше силно ама толку стана неудобно што ми се приповрати дури. После мм ми шепнува дека завршил со работа и ќе се симнел до доле, да сум знаела ако се разбудам зошто го нема. Гледам 2 и пол, ај добро, задремав пак. Се врати он, ја слушнав вратата, после се тушира, суши коса.. Ова се' го слушам како во полусон. Си легна, на мене ми се ококорија очите. Осеќам сум спиела на грб и почнува ненормално да ме боли половината, се размрдувам, меше се активира. Гледам 4 и нешто саат. Воздухот сув, носот ми се затнал, устата сува, ај пиј вода оди до вц. Се враќам во кревет, мм почнува да ми прави муабети, со другар од маало седел доле па да ми раскаже, ко стринка некоја. Заспа он, јас гладна. Испив едно мало соино, половината пак нешто зеза, го будев да ме измасира малку. Он си заспа, мешко пак се разлудува, па туку ќе осетам ко да се заглавило негде ноже раче или не знам што е. Па го тапкам да се помрдне. И така сега си седиме се тапкаме и пробувам да му објаснам дека е уште ноќ и треба да се спие, ама нешто не ни оди. Тек 30та недела. Ќе биде забавно. Поздрав мамички, во посакувам полесни ноќи од моите.
Девојчиња, како сте со движења на бебе после 34 недела? Дали клоцаат кај вас исто како претходно или нормално е да поднамали? Последниве две недели 34 и 35 многу малку мрда кај мене, баш како да нема место; нема веќе клоцање и боксови како претходно туку само повремено истегање, некои нежни бранови и не толку пати дневно како претходно. Бев на цтг и ехо во четвртокот и не рекоа нешто посебно, немаше некој проблем, едноставно е многу помирна изгледа. Не знам дали е ова нормално...
Нормално е драга, бебе веќе има се’ помалку место, и затоа нема јаки удари и боксови, туку повеќе е како тегнење. Така ќе биде до крај Ќе внимаваш да не се намалат ептен движењата како што се приближуваш кон крајот. Само во таков случај оди на лекар, инаку се’ што опиша е нормално
Сега веќе секако сум на контроли на една недела, па ќе следиме - во среда сум пак. Интересно е што малава глумица штом ме стават на цтг, одма почнува да мрда повеќе (не знам дали тие ластиците ја иритираат што ми го стегаат стомакот), а ќе дојдеме после дома и нигде ја нема со саати Кај мене е уште карлично и просто осеќам на моменти колку и е тесно, па ме фаќа жал, не знам како да и помогнам
Ако, добро е да е активна при цтг, така најубаво се мери тоа што треба Затоа на некои трудници чии бебиња се успани им викаат да каснат благо или кока кола, па да се вратат уште еднаш на цтг покасно Уживај си, нека си претка И кај мене малата беше карлично, тек во 37-ма недела се сврте со главче надолу, и тоа во сон една вечер. Мислам цела се превртев како ме здоболе тоа вртење Инаку додека беше карлично, ми се тегнеше во стомак странично, цел ми беше деформиран стомакот Ништо страшно, ќе си се намести сама кога ќе дојде време
Исто, исто, исто. Кога ќе се оптегне странично, главчето лево горе под ребра, а ноџињата во препон, стомакот freak show, цел деформиран
И мене ми се тегне така,последниве денови послабо клоца. Денес сме скоро крај на 37 недела утре сум на ехо. Спиењето катастрофа. Спиев од 1 до 5 и толку
На моиве уште сега им е тесно, а сум 30+. Не да ме фаќа грев... Ама нема начин за помош. Уште имаат место за некоја клоца, ама претежно се оптегаат. Души златни... Сабајлето правевме компромис да бидат умни и да не им се брза за излегување. Да пораснат убаво. Само тоа се молам... Кај мене едното е со главата надолу, а другото со ножињата. Најмногу им ги чувствувам претањата со нозете. Некогаш е болно, некогаш скокотка ама најубаво на свет е. Денов тмурен и влажен, ама ако, арно заврна. Ми олесни на снагата. Страшен метеопат сум. Вчера бев крш, како мечок се движев и 15 мин ставав од кревет. Денес полесно се чувствувам. Може и дека се изнаспав ептен квалитетно. Легнав сношти пред 9, станав утрово кај 8. Вчера имав и неколку попладневни дремки... За мерак. Најубаво ми е кога сум наспана. Да си собираме сонче уште малку оти после немаа
Добар ден, Денес малку подобар ден(рано е уште де). Вчера ме фати веројатно некој стомачен вирус, имав нагон за повраќање и дијареа, малаксаност и ме препотуваше на моменти. Мм рече и тој исто се чувствувал. Ама помина. Сега се мислев денес да одам на контрола, ама докторката е втора смена, дури во Среда е прва. А сакав и брисеви да правам, па ако не ме боли многу стомак ќе почекам во Среда се на куп. Јас само уште еднаш сакав да ви кажам Фала ви за советите, многу, премногу ми значат и ми помагаат советите од овде, од сите вас Имајте убав ден
Добр ден и од мене времето убаво ладничко се дише си направив појадок си го изедов со мерак Изгледа кај мене бебе ич не умно незнам кога спие цело време е активно со ноџе во желудник во ребра бубрези ама ако долго ги чекав овие моменти ќе се издржи Ја терам 32 недела навечер често се будам за во вц некогаш ми иди да си останам таму Најтешко ми е да се превртам од една на друга страна па мм ме поттурнува Сега ќе пијам Какао па ајде
@EvieBabe чув и јас за вирусот. Среќа помина вчера, ама многу лошо ми беше. И подобро, сега периодов ќе биде таков со вируси, па не е на одмет да внимаваме
Исто и јас @Adams, најтешко ми е превртувањето од една на друга страна. Нека ми простат бебенцата, ама тогаш имам чувство како со камења да ми е полн стомакот. Тогаш најмногу ми тежи мислам. Али, се додека се они добри, јас немам гајле. Сѐ на светов би издржала. Убав ден
Јас сум доста поназад од вас, 20 недела од утре, но морам да признам дека исто се осеќам, кога ќе се завртам од една на друга страна како да ми се превртува нешто, баш како со камења стомакот да ми е полн и грев ми е за бебенцава, си викам сигурно си имаа зафатено некоја положба и јас сега им го расипувам раетот
Луѓе, значи матичнава не ја можам. 15+4 сум и отидов на ехо, ок гледа, мери, вика супер е се, ејј абе шо е олку мало срцево? И нишо, толку, си мери, супер си супер, за 5 недели ќе ти дадам упат за скрининг. И сеа знам дека е за џабе ама ме стави во мисла! Иначе курлето мое машала 150 грама е, големко... Иначе вториот скрининг во Ремедика кај Симонида ќе си го правам, прекрасна е
Ај добар ден и од мене Деновиве со мм се распрашувавме за кафанче за мекици и од што ги зборевме ми се пријадоа. Побарав во Кисми накај 11 еден ден,вика аа тоа само од сабајле. Па и кажав на мајка, дојде на пауза од работа ми направи, сплескав две со ајвар и сирење Ноќеска не знам колку пати станав за мочање Ме буди од сон мала болка кај бешиката и од страв да не се другите болки станувам,одам во вц мочам,олеснува се враќам, пивнувам вода и пак во кревет Сува ми е устава пошо спијам со отворена уста и ме тера да пијам вода.. а колку сум испила една шољичка во цела ноќ.. Мм па на секое мое станување што ти е,добро ти е,кај одиш...веќе нервозна почнав и да не му одговарам Вчера сабајлето ми трнеа пак прстите и цел ден ги осеќав рацете отечени,добро е денес се е под контрола. И мене мешко многу ми тежи во спиење,особено вртењето од една на друга страна,барам мм да ме побутне Малку сум подсмирена, се договорив за утре да одам на преглед,овој пат со врски...па да се надеваме дека ќе добијам малку повеќе внимание и објаснување Бебево упорно ме клоца во ребро од десна страна веќе неколку недели, се вртка околу папок со газе,грбче, особено ми е разиграно пред спиење..сигурно му е веќ тесно ама нека издржи уште некој ден Од утре со другарката @Larahappy ја ситниме 37ма недела Има ли некој симптом кај тебе?
Браво бе @Sofi.ja , ајде уште малку ќе издржите, со лес само нека е .....сега се сетив кога пиша дека докторката ти рекла дека бебе нема да издржи, дека си се отворила.....еее кога беше тоа...ти покажа спротивно мила, браво, еве дека докторите не се секогаш во право!
Еее кои стресови ги имав во бременоста,фала му на Господ што поминаа..многу ми е мило што го докажав спротивното, еве последен кикс на матичната во 34та недела, ти си внатрешно отворена,дали ќе издржиш до 36та недела! Ми иде да и се јавам утре да и речам ,еве издржав и 37ма Еве и апликацијава ме теши