Здраво мешки, Однапред ви се извинувам за жалопојките што следуваат, ама ми се собраа ствари некако. Малата имаше температура и гној во грло со денови. Сега е поддобра, ама јас сум ко зомби. Ве читав, но немав сила да пишувам. И веќе заборавив што и на кого сакав да одговорам. Затоа ќе си кажам мене што ме мачи. Кандида за извоз, киселини - мислиш се спремам фабрика за оцет да правам, грчеви и болки од тежина, кога станувам, мислам коски ми се кршат. Малава не престана да се врти во меше, башка клоцањето и боксовите, и ми ги прави болни и чудни сите мои движења. И умор голем имам, а спијам малку и на рати. И ајде гледам да не ги мислам сите овие работи и да се понашам ко да е се' нормално, посебно заради ѕверчево од 20+ месеци кое си бара екстра внимание. Сака да ја дигам во раце и да се гушкаме, особено овие денови додека беше поболничка, а мене се' потешко ми е да ја дигам. Се снимав себеси, ми требаше да слушнам како звучи нешто, а немав кого друг да го снимам и се разочарав кога се видов. Некако си делував здебелена, пропадната и со подбрадок, како да сум остарена. Башка што тагувам за летото... Одвратно е надвор, ќе ми фалат прошетките со саати. Ај доста ве гњавам.
@kockichka од темата за термини, знам дека сме тука некаде со неделите. Нормално е да е веќе потешко овој период, а ти веќе си мајка, имаш искуство и знаеш со сигурност дека е така Бременоста е стварно чудно стање... Еве на пример јас имам плачено оти јадам само лепче и зденка (ко божем празен е фрижидерот и немам друго што), зошто не јадам работи кои ми се јадат во моментот, а реално ми штетат и не сум толерантна на нив. Така и ти... Исплачи се за сонцето Драга, моментиве не се враќаат, ударите се некогаш болни ама кога ќе се сетам колку време чекав да почувствувам такво нешто, благословено се чувствувам. Се ближи полека денот кога ќе ти порасне семејството за уште еден член. Мисли си го само тоа.
Фала за поддршката @bela.m ќе ми мине бргу, ама ми се собра. Мислам дека тек денес кога на контрола педијатарот ми кажа дека е подобра малата, си дозволив да помислам на себеси, зошто детето ми е на прво место секогаш, особено кога не е арна. Се' што сум собирала и се' што сум трпела и игнорирала ми се истури врз мене како водопад. Инаку генерално сум позитивна, а и кога не сум бргу се соземам и се враќам. Ама ете... адреналинот попушти, жалопојките се појавија. За кратко. Ама ако, веувам дека човек треба да се ослободни од било какви црнила, да не ги чува во себе. А некако вие овде сте ми посебни, поминуваме низ истото и полесно ми е да се "истурам" овде, знам дека нема да ми судите и ќе ме разберете. Особено ти, неколку дена сме разлика, памтам и јас од темата термини. Летна време еј, ко вчера да пишував дека сум сама со термин во ноември, да ми се придружи уште некоја за да си најдам цимерка за ГАК. Ете, веќе сум подобра. Ве
Кога сме кај плачење да се пријавам и јас. Толку тешко ми стана денес зошто уште се мачам со шеќерот, што се заклучив во вц на работа и си се исплакав. Од инсулинот апетитот ми е покачен, а јадам според диетата, ем гладна ем шеќерот ненормален. Лута сум на тие од ендокринологија зошто ме испоплашија дека морам да земам 190 гр. јаглехидрати дневно, за мозокот на бебето да се развивал, сега гледам дека се е глупости и е индивидуално. Можеш да функционираш и со 90-150 гр. на ден. Се убив од гуглање пишување читање дур си го средам мојот организам и сега ми е страв што изгубив 2 недели во експерименти која храна ми годи а која не. Ајде да се надеваме дека се ќе е во ред со бебушот и не го задушив многу со шеќер овие 2 недели. На 7ми сме на контрола па ќе видиме дали пак скокнал во килажа, минатиот пат беше 100 гр повеќе.
Си скролам по инстаграм сега, па да споделам Ова очигледно е mood of the day Ова поздрав за некој што праша минатата недела дали после пораѓај ќе имаме стомак Не ми текнува кој беше за да тагнам. И ова една од оние слики од првиот момент после пораѓај на кои стално ми се плаче
Да се приклучам на групата за поплаки испитував денес крвна слика и урина. Се во ред освен 2+ на ацетон во урина Кога и ги пуштив резултатите на докторката, мислам по тел ќе ме потепаше. Утре во 8 и 30ч да сум била кај неа. На нет милион чуда се изначитав и без памет останав дали некоја се соочивала со истиов проблем, колку е сериозно и дали брзо се регулира? Ви благодарам мешиња
Само еден апдејт во врска со моите жалопојки... Дојдов дома од работа со огромна главоболка, измерив притисок - висок, што е несвојствено за мене, обично ми е низок. За неколку минути истурив црева, повратив сѐ. Не било само до мене и собраните секојдневни маки. Мислам и до времево дека е. Дали ви влијае вас физички ваква нагла промена на време?
Мајка јас во саботата патував подолго, три и пол часа.... толку тешко ми падна и покрај тоа што правевме пет паузи... кога стигнв на крајната дестинација веднаш измерив притисок, покачен беше, околу 140, само легнав половина час да одморам па премерив повторно, сам се стабилизира, еве од тогаш по препорак на доктор мерам по три пати на ден и запишувам во колку часот колку ми бил, супер е фла Богу....но треба очигледно одмор, а времето секако дека придонесува за главоболки, непријатности и тн. поготово на нас трудниците..... мери притисок уште два пати денес па види како ќе ти е....и да цел ден сум со главоболка иако притиспкот ми е 110 со 70
Мене ми влијае.. омалксана сум ко депре ми е времево цело.. обично имам низок притисок постојано но знае некогаш да си се поткачи и 120 да ми дојди веке глава ме фака и ми смета..
Мислам дека обични перници вршат повеќе работа. Едната позади грб, а ако сакаш и една помала до меше, иако првите месеци сигурно не може само да се преврти од страна на меше.
Ангажирај баби, дедовци нека ја занимаваат колку што можат, или ако си во можност земиси боледување, еве јас денес го отворив, имам две недели од матичната време беше а како си сега, подобро се осеќаш? Мери повторно?
Само немој да се нервираш и да си правиш дополнителна штета со плачење. Знаеш дека шеќерот најмногу реагира на нервози и стрес. Гледај колку што можеш да останиш смирена, тоа е во корист на бебето. Ќе се издржи гладувањето. Денес последно ми мереа тежина. Од диетата во рок од 2 месеци ослабев 7 кг. Вкупно само 6 кг сум поправена, само меше имам Има и нешто позитивно во цела работа.
Мешиња да ве гушнам пред спиење... Денес малце во движење, бев да си купам некои кондурчиња како за времево (конечно нешто и за мене) ама пак ми шараат очи се по бебешки продавници... Бев кај матичната сметаше дека не треба да гледа бебе, задоволно е од тоа што сум успеала преглед кај Кировски во Чаир...рече дека толку со неа. @Sofi.ja конечно од утре 37, докторот од Чаир пишал во извештајот дека смета дека до крај ќе си терам... а јас веќе сакам бебче да си го галам (сметам дека посигурно е надвор, некој таков срав ме фаќа)...Иначе и мене ми е тешко вртењето во кревет само си офкам Ајде добра ноќ мами...
Zenicki vie sto ste na kraj ili porodeni davajte predlog za kafana za mekici ,i mekici za poracka za doma kade ima najubavi i koja cena se ?