Има ли некое будно меше? Јас заспав пред 20 часот и сега веќе саат време се трудам да заспијам пак. Кај нас врне, дури ладничко е. Милина. Ако има некој со "ококорени" очи во ова време нека повели на муабет
Јас имам, кај неа сум на преглед цела бременост и супер е, фина објаснува се и секогаш достапна. Вчера и ми се јави да ме праша како сум дали имам болки.
Добро утро, Летово дека беше премногу топло и спарно, и јас сега го засакав ладново. Ни дождот не ми смета. Е сега кога ќе почне ладното ќе мрчам, ама тоа е Го пратив мм да носи урина пак за проверка. Претходните ден-два осеќав малку печење кога мокрев, ама ајде не нислев нешто. Од вчера и надворешно мало чешање. Ама синоќа околу 22ч ме пресече некоја болка во јајникот. Отидов во вц и ме болеше додека мокрев. После пак некое сечење. Се бапив чај од брусница и легнав. Сега пак за секој случај проверка на урина. Утре сабајле сум на гинеколог, па и брисеви да направам. Не знам некој страв имам што сега брисеви ќе правам во 28ма недела, ама па и др. на Клиника рече може и плус еве некои сте правеле, па подобро пак да проверам. @Sofi.ja те чекаме денес како си поминала на прегледот. Се надевам ќе бидеш задоволна. Ајде сега полека да станувам да сварам кафе И толку од мене за денеска
Здраво друштво. Да се пријавам чекам за царски. За 1 саат ќе бидам в сала. Возбудена и исплашена сум. Ќе пишам подоцна инфо. И си плачам за син ми што толку дена нема да биде покрај мене.
Добро утроо Мислев цело време кога ќе бидам на трудничко ќе поспивам до 10, 11 часот ама ништо прва сум станата... Уште со бебе се вртиме во кревет, секој си бара своја позиција .. Вие како сте? - Ајде на утринско кафе! Денес решив ден за лежење и галење меше, 37 недела почнува
Со лесно Ајде се да помине во најдобар ред и за кратко ќе си гушкаш бебечеНе се нервирај, после па ти следи гушкање по цели денови Те чекаме да пишеш
Мешиња предлог тема за дискусија, инспирирана од темата Што ви сметаше после породувањето?? - Сега може да дискутираме на тема Што ви сметаше пред породувањето?? Еве и @bela.m е расположена за муабет Па ајде да видиме кој какви коментари трпел. Почнувам јас: Не јади за двајца тоа си е измислено од луѓето ќе се направиш огромна а и си имаш такви гени , колкава невеста ќе бидеш 6 месец трудна (како ќе издржиш ) , вакви ти се дебели нозете или отечени ти се. Исто летово бевме на одмор, отидов со грутка во грлово од коментари ризикуваш, ќе се деси нешто што ќе правите... фала богу поубаво неможеше да биде и за мама и за бебе... Коментари околу името за бебето, лелеле немој така има една така се викаше ич не ја сакав Доста шеташ треба да мируваш, велам не сега треба да пешачам полесно да се породам (во меѓувреме од што многу те жалат мал милион обврски ти оставаат). Доста возиш, зашто не се бањаш во базент остај ја докторката што разбира она ... Не ги пери алиштата во машината, сакаш стомачето да го боли Од кога испадна бебето мало почнаа коментари од типот ништо не јадеш затоа е мало.. Што толку се брзате со купување рано е.... Ова се дел од коментарите од кои ми се со месеци..си правев се со дозвола од доктор. Никогаш не би била себична за моето бебе или би правела нешто што ќе му наштети... Покрај тоа се чудев како премногу блиски не ги интересираше ништо во врска со бебе: дали треба да се купи нешто, како ми се резултати, како е бебе... Некои луѓе имаат и толку погана уста да кога ќе почнат да зборат нешто стварно се случува... Вие како пројдовте????
Оф, се од наброеново Посебно за првата бременост. Кога кажавме кое име го сакаме, еден членод нашето семејство направи таква кисела фаца што ми се идеше да заплачам. Или, коментари од типот- докторире ништо не знаат! А пак кога ќе спомнев на свекрва ми и мајка ми дека ме гледале вагинално, аууу тоа беа коментари на големо. "Леле што се научиле докторите, буричкаат таму доле, ќе се деси нешто" или "не и давај да те фаќа таму доле" Не, кога ќе ми рече докторката за преглед, јас ќе стегнам нозе и не давам, оти свекрва ми и мајка ми мислат дека не треба За тоа рано е уште, толку страв ми направиа, и ништо не купивме освен креветче. И во 8ми месец докторката ме стави на строго мирување. И многу ми беше жал што не купував ништо јас сама. Идеше мм, па ми праќаше слики на вибер. Па зошто такво коритце анатамско, само џабе пари..... Е сега, како ќе се поставиш, ама да не те разочарам- после породувањето очекувај секакви коментари и "совети" и "бабски деветини". Настојувај да ги игнорираш Мене ме "оболеа". Сите знаеја што е добро за ќерка ми, освен мене. И ден денес имам во фамилија личности кои додека и зборам на ќерка ми(ќе и се скарам ако прави нешто лошо, или ја учам како треба) пред детево ми викаат" не, не знаете вие како треба" или "не знаете да чувате едно дете" Така да, настојувај да се исклучуваш на таквите коментари, и сега и после.
Во контекст на темата од @Larahappy, од фамилијата и блиските не се случило да бидам изиритирана. Ааа, во рана бременост ослабнав 2 кила, на човек од одвај 52 кила му се познава изгубената килажа и тоа како. Само на овошје и зеленчук живеев, со тешки маки јадев друго. Многу мачнини имав. На два пати свеки ми искоментира: "Леле колку си слаба, како ќе биде оваа работа".? Третиот пат само и реков да престане со ваквиот муабет. Од тогаш нема зуцнато ништо. Али реално, сепак не е тоа за да се повредиш. Може го сватив криво дека го рекла свеки, да го рекла мајка сигурно немало да ми биде угорнина Е сега, две ситуации ме имаат погодено, онака во срце. Станува збор за колешки, плус мајки се и двете. Едната ја прашува другата(моја многу блиска што сме фамилија и искрено се сакаме и почитуваме): -Абе, како остана трудна Бела??? Другава се стопила, бидејќи не знае како да изреагира. -Како остануваме трудни? - и одговорила. -Ха, ами штом се близнаци сигурно ин витро, а? Натаму не сакав ни да дослушам, се згрозив од простотилакот и ограниченоста на една млада мајка која патем, има близначиња (а за чудо не со помош на ивф)! Друга ситуација што ми створи иритација, телефонски разговарам со колешката, и при крај од муабетот ми вели: -Абе, какви се бебенцата? -Двете се машки, и реков. -Ааа, а вие така си посакавте или така се погодија???? -Ние само сакаме да се здрави и живи, другото Господ го одредува, и реков. Алоооо, како јас и мм да бевме во маркет и си одбравме две машки бебиња да ми стават во стомак. Луѓето не размислуваат, како без осет се. Така ми е изгорена душата, 5 години на сите врати чукавме и сега упорно некој да те потсетува дека ти поразлично си зачнала прави жар на така изгорената душа. Како да му е криво боже златен, а сите се мајки, сите имаат деца. Никогаш не ми одел умот да им љубоморам оти они имаат, а јас не. Секогаш си велев дека и јас ќе станам мајка. И здравје Боже, полека се наближува и тој момент. Никогаш не би "буричкала" во интимата на една жена, ако можам да помогнам со некоја информација, радо би, а да мудрувам пред други паталци (и не мора да се паталци) заборавајќи го мојот трнлив пат-никогаш!
Кога бев на почеток на бременост и повраќав (да напоменам, само насабајле и во блага форма): Зошто повраќаш, дали е ова нормално? Многу вода пиеш, затоа повраќаш. Од флашираната вода ти е, треба од чешма да пиеш. Многу лежиш, треба да се движиш, па следи многу шетате не се прибирате истиот ден. Ништо не јадеш (затоа до 5 месец +10 кила бев, сеа пазам и за 2 месеци само 1 кило плус имам). Кога ми дадоа аспирин, ти нема да пиеш аспирин ќе ти се појави крварење во желудникот (???). Кога скриениот шеќер ми излезе покачен и почнав да пазам на исхраната: Не е тоа ништо, не се замарај, нас не ни испитуваа ништо па што ви фали. Има уште сигурно, by свеки се ова
Особено ме иритира кога уште во првите три месеци ќе почнат со редење, машко е или женско е бебето. Па објаснувања го носиш високо/ниско, зголемен ти е носот или устата... Па финти од типот покажи ми ги рацете (за да го погоделе полот). А па ако уште некој ми извади календар за одредување на пол, ќе го обесам После, ме нервираат коментари од типот мал ти е или голем ти е стомакот. Јадеш малку/многу. Никако не им се погодува, а тебе хормони ти вријат па некогаш се осеќам како експрес лонец пред да експлодира
Леле со финтите, ми фрлаше сол над глава без да знам, па кај се фатам прво одредувало какво е. Првиот пат излезе дека е машко, ама пошто она изгорена за внука го повторила тестот и излезе женско, вика знаев дека е женско. Сепак на крај докторот кажа дека е машко
Мене само една работа ме извади од кожа, свекрва ми се вика Лилјана но мм не сака да подновуваме иако му реков ако сака не ми пречи. Е сега пријатели на свекрва ми кои не се од тука се јавуваат на месенџер и ми велат како ке се вика бебето, Лилјана? Им велам не знам рано е ќе видиме и тие ми велат ако не го крстите на свекрва ти значи не ја цените и ние нема да дојдеме да го видиме бебето???? Само си поќутив за да не ја правам голема, тоа гајле ако не дошле јас плачам за да дојдат. После една недела доаѓаат на гости истите, се поздравуваме ме допре за стомакот и ми вели како е Лили добра ли е? Јас не знам како воопшто постојат вакви луѓе што "берат гајле" за се и сешто а не се свесни дека со тоа само ги замразуваш
Абе не сакав да се расправам, не вреди, ѓабе само нервози ќе се полнам, среќа што свекрва ми е разбрана жена и убаво се согласуваме, па и атер за неа не сакав да ја правам голема