Кажувајте спас, не се издржува веќе... Последниве 2-3 месеци заспивам нормално околу 22-23ч ама се будам околу 1-2ч по полноќ и после се мачам да призаспијам и дремам со саати будна. Преку ден сон не ме фаќа и цело време сум ненаспана и нервозна. Кажувајте чаре, нешто да се пие пред легнување?
Не сум запознаена ама читни си овде еве збореле нешто за истото: https://tvoebebe.com/forum/viewtopic.php?t=985&start=40. Пишува дека тоа igg значело дека е стара инфекција, а не моментална.
Девојки здраво Денска сме 13+5, ме интересира кога ќе бидам 14+0 тогаш ли ќе влезам во четврти месец ? Инаку микробиолошките брисеви се чисти и приската била добра, останува уште пап тестот Ми рече на преглед за 4 недели од сега, нели е тоа многу Колку ќе сум тогаш?
Тука можеш да си ги следиш неделите.. иначе доколку се е во ред се оди на 4 недели .. барем така викаат сите доктори валјда ке бидеш 17+5..
На иста мака бев, два пати во текот на бременоста ми се случуваат такви периоди. Станувам во 5 до 8 сум будна. Мене само ми пројде..
Еве завршив со контрола и јас, бебето е во ред си одговара на неделата 31 + се е во ред. Пораснато е 1700 гр. Е кај мене д димерите покачени и покрај терапијата, па си заработив клексан и сабајле и вечер. Тоа е што е ќе мора да се издржи.... Следна контрола за две недели и тогаш др кажа ќе процени дали ќе треба да примам инекции за зреење или не. До 34 та недела на мирување па потоа ќе се ослободам и јас малку. Тоа е девојки кај мене, поздрав
Мами да ве прашам нешто, дали има вистина во тоа дека по породувањето не се пиело одма вода затоа што останувал стомак?
Мене ми рекоа да не пијам одма вода бидејки да не има некакви реакции од анестезијата а по 2 сати ми рекоа колку можам повеке да пијам вода да не дехидрирам така да ако значи дека ке имам стомак сум се заебала јас испив 4л вода во 24часа
Поголема глупост немам слушнато. Нема никаква врска водата со стомакот. Мене одма ми дадоа сок и вода после царскиот, што е операција, а не па да не смеело после природен пораѓај, глупости. И излегов даска во стомакот од болница, ко да не сум родила Со само 3 кг вишак, а имав качено 9. Се’ е индивидуално
Дали купивте постелнина и од каде? Јас нарачав една комплет со оградица и украсни перничиња, плус земав 2 чаршафи со ластик ама не можам да решам втората постелнина од кај да ја земам за кога ќе ја перам другава. Во Тила ги гледам сега, дезените убави ама оградицата некако лабаво ми стои, башка ниска. Во Тритекс спакувани, не успеав да ги видам внатре какви се. Во Стружанка тој фазон со облачиња ѕвездички ама па првата ми е таква. Некој предлог кај има убави? Оваа на слика ми е слатка во Бубамара ама не сум била да ги видам во живо: Во Бебе Хоум ништо не ми фати око како дезен, бар на сајтот.
Јас по еден саат откако се породив (само што ме сошија) ме праша докторот дали сакам нешто да ми порача за јадење. Му реков хамбургер и цеден сок од портокал. Толку што бев гладна , така никогаш во животов не сум јадела , како три дена без храна да бев мислам нема никаква врска со прашањето погоре
јас ко се породив .. уште 2 дена после тоа не смеев ни да јадам ни да пијам ама затоа кога ми рекоа дека смеам мавнав 1.5л вода и 1л сок за 3 минути
драга еви, ние зедовме од бебе хоум комплет постелини со оградици и плус уште 2-3 на Тач обични. Имаат нова линија и интересни дезени. Доколку си во можност погледни таму
Нозете веќе неколку дена како да ми трнат, од бутот па се до доле. Неиздржливо е. Зошто ми е така?? Можно ли е да е од тоа што не пиев магнезиум неколку дена??
Па така ми рекоа, а и на списоците овде на форум што го најдов сите имаа пишано 2 постелнини Ваљда за кога ќе се пере едната да има резервна