Не се оптеретувај со втора постелнина, имаш долни чаршавчиња резерва и ќебенца. Оградиците јас не ги перев на секое менување постелнина туку ги вадев тресев и луфтирав за прашина и ги враќав, а и брзо ми се сушеа па за еден ден ми беа испрани и вратени на место. Не купив втори оградици највеќе зашто многу простор ми зафаќаат во плакар
Добро утро, Бев кај матичната, ми зема брисеви, ми зема 500 ден и си дојдов Бебето е добро, рече 1200гр.е Си тргнав, па се вработив да си земам извештајот, ми рече принтерот не работел па ми ги прати на месинџер. Е сега она ми рече добро е се, ама кога ми го прати сега видов дека некои мерки одговараат за 1 недела поназад. Па сакав да ве прашам дали знаете што значат и дали е нешто лошо?! Да пијам кафе па ќе пишам пак
Ништо страшно, бар мене сите така ми рекоа. Кај нас на последните 3-4 прегледи све некои мерки не одговараат на неделата, дали главчето, дали целата ама докторот вика дека не е ништо страшно; прво, не може се точно да се измери, а второ мерките варираат од преглед до преглед. Кај мене цтг мирно, 35+, докторот ме зеза сакал да рушиме рекорди, вика до целта стигнавме, сега ќе те терам да го надносиш. Сега ќе видиме прегледот што ќе каже.
Фала ти многу. Ми рече се е добро, ама после ми го прати извештајот и видов. Машала, ако нека си седи бебуш внатре, убаво и еЕте, како со дисциплина, лежење се излегува добро на крај Ајде уште малку ќе се гушкате
Ај уште ова. Мм ги земал резултатите резултатите од Д димери. Чекам докторката да фи види, ама гледам д димерите се покачени. Не знам до колку е дозволено. А нема плус извештај од трансфузиолог
Фала ти. Во првата бременост ми беа 600,рекоа ок се. Ама сега некако многу ми се видоа, а читам во темата за Д димери и на пониски давале Клексани, оа да си прашам Едит : ми пиша сега и докторката добри биле, нормално било да се повисоки во 8 ми месец(јас сум 7ми ама ок )
Клексани даваат од разни причини. До кај 1500 во бременост е нормално, секако зависат и другите фактори на хемостаза ама доктор најдобро знае
Јас се прибрав дома, малку исплашена и под миљон емоции. И покрај тоа што цтг е мирно, по другите параметри што си ги гледа таму, доктор вика царски следна недела. Плодова вода има ама постелката била како за 39-40 недела и не се храни веќе бебе доволно па немало логика да ја држиме внатре. Нозе ми се пресекоа Мислам, знаев од старт дека ќе биде 36 недела, за тоа се молевме ама сега ми дојде нагло некако, плус малечка е многу и се плашам. Не можеше пак убаво да ја измери, ептен е лошо наместена ама проценува дека е околу 2200-2300 и срце ми се скина Се надевав дека ќе дојдеме бар до 2600-2700 пред да ја извадат. Ме фати сега паника и за сите други подготовки, перење алишта, креветчето треба да се монтира, постелнината не ми е стигната, не докупив се... Ќе излезам сега да допазарам за да не мислам на ова ама мн сум исплашена. Мислам дека и она ме осеќа, ја вознемирив и неа, не престана да мрда откако дојдовме
Мене др ми кажа да не се грижам за тежината, вика лошо е ако си се поправила 30 кг а бебето ти е мало. И сметам дека тежината не му е лоша, ќе си напредне повеќе надвор. За алишта не се грижи за 2-3 дена се ќе средиш и креветче и облека.
@EvieBabe Не се плаши мила , 36 недела е ок еве и јас тогаш се породив , и мене ми викаше докторот околу 2700 плус минус ама испадна на крај 3100. Тие мерки не се точни. Само се да е во ред, а за килажата не се грижи ќе надокнади
Не земај се при срце,тие мерки нема шанса да се точни,ми кажувале дека имам потешко бебе па помали сум ги раѓала за 200~300 грама. И обратно на некоја што и кажале полесно излагало потешко. Мене вчера ми кажа дека тежи малава 3кг,а пред 2 недели тежеше 2600,што според мене не е точно зашто нема шанса да качи 400гр за 2 недели на крај,бидејќи поспоро расте. И никој не може да знаесе кога си зачнала ,може си е таман зрело. Затоа уживај и не се секирај,битно и да е ситна да е жилава. Мајка ми е родена 2кг. Иначе за мене,абер нема момава,ми се досади и не се надевам веќе. Аи чекам 9ти октомври нишо порано хахааха
Смири се мила, не е ништо трагично вооопшто. Во безбедна зона си, а килажата е супер за неделите, не е мала воопшто. Бебиња во полн термин се раѓаат толку, башка што меркиве земај ги со резерва Мене ми викаа дека бебето нема ни 3 кг ден пред пораѓај, а се роди 3.600. Бебе твое ќе си се роди живо и здраво, да бидеш мирна Јас да се пофалам дека бев на преглед сабајлево и дознавме дека и второво е дунде Знаев некако, и потајно посакував Бебка моја ќе си има сестричка Супер е инаку, поголемо е една недела, одлично се развива и е ултра активна женска
@EvieBabe немој да се секираш. Јас во скоро 39та недела родив вебе 2600гр.Не е ни таа којзнае колку мала тежина, а и никогаш не се точни мерките. За алиштенцата ќе купиш денес утре ќе испереш, ќе се исушат. За 2-3 дена ќе средиш. Ти додека си во болница, мт ќе го монтира ќреветчето. Се ќе се среди. Излези си, прошетај се, пиј си едно кафе на раат и уживај
И јас од сабајле по болница Денеска сум на контрола на Хематологија ми земаа крв сега чекам резултати па да видат какви се дали ќе примам крв. Докторката ми рече бледа си ми
Ти уште малку ке си гушкаш бебе мисли на тоа и секако дека се ке биде добро.. Се радувам за тебе многуу и едвај чекам да пишеш како се чувствуваш додека си го држиш бебето во раце
Zeni si ja staviv belata pelena za pokrivanje vo masina za na racno ama mi ostanalo crveno bluze i sega od vnatre rozeva se napravi...se popariv.so sho moze da se iscisti?
Јас знам дека поважна е општата состојба на бебето од тежината, така да не се оптоварувај со тоа,плус мерките варираат со 300-400 грама,најчесто кажуваат помала тежина а се раѓа со поголема. Братучедка моја се породи крај на 8ми месец со бебе 2600,сите мислевме во инкубатор ќе биде,не го ставија,да го видиш сега батко буцко цел За алиштата ич не му ја мисли, што и да ти фали има сега барем преку интернет порачки ќе си порачаш ќе ти донесат дома, или ќе пратиш мајка,другарка,маж ќе ти сликне во бутик ќе си одбереш. за еден ден перење,сушење пеглање и завршена работа За креветчето,ќе се монтира за 5мин ,а постелнината за почеток може нема ни да ти треба. Може ќе спие со тебе на спална,може во количка,зависи каков ред ќе фатите Мене матичната ми рече во последните недели по 200 грама неделно дека растат,а вчера на клиника докторката мислам дека не го ни измери,кога прашав за тежина ми вика па не е многу пораснато на крај помалце растат па сега кој е во право... Нека се роди здрав и жив, тежина се добива после Јас ноќеска 2-3 пати станав за мочкање,и помеѓу мочкањето се осетив во сон како мокра, дали беше мокрача,дали нешто друго немам појма После тоа на бришење како две зрна од ориз како кафеавко,претпоставувам дека е од прегледот со рака.. Сега собрав цуцли,пумпа,лажичка и други тракатанци да ги повријам малку да ги стерилизирам. На моменти ме фаќа страв и паника од пораѓајот, во други моменти едвај чекам да се роди да го запознаам принцот мој А ова до сега не сум ве прашала,ако има некоја со моево искуство. Последна менструација,воедно и биохемиска бременост ми беше на 01.01.2019. На второ-трето ехо според мерки матичната корегираше термин 08.01.2019 заради биохемиската. Секаде кај што одев го кажував 08.01 како последна менструација. Дали сега на крај има врска нешто со крајниот термин па да им спомнам на клиника? Зошто ако се водиме по 01.01 тоа е една недела плус