Јас искрено да ви кажам немам ништо купено од продавница за трудници, ниту пак планирам да купам. 8 месец сум бремена и стомакот ми е прилично голем, а јас уште си ги користам истите туники и подолги џемпери кои си ги носев со хеланки и хулахопки и пред да останам бремена. Купив 5 пара нови хеланки (обични, најнормални) сите ми се горе кај стомакот раширени, по бременоста секако ќе треба да ги фрлам, но цела зима сум со нив, ептен голема работа ми завршија. Посетив само една продавница за трудници, таа што е во ГТЦ доле во подрумот. Скапи се работите, а колку време реално ќе ги носам? Вреди ли за 2-3 месеци да фрлам толку пари? Ако не сте многу поправени, и ако можете да си ја носите истата гардероба воопшто не размислувајте на гардероба за трудници. Подобро купете си подолги туники, по бременоста барем повторно ќе си ги носите, нема да ви бидат парите џабе фрлени. Со тие пари купете им на бебушките по нешто, барем радоста ќе ви е поголема!
Ceelata bremenost i jas ja pominav so helanki i dolgi bluzoni i salvari..najudobno vo salvarite se osekam..
има еден дукан се вика Доха наше произвотство се наога во гтц од страната на холидеј ин кога ке влезеш првите дукани од лева страна,а го има и во беверли доле на паркингот се е по 300 ден има хеланки високи и кај стомакот има плис додадено парце таман за трудници
идни мамичми сеуште ве читкам кога имам време иако се породив пред 4 месеци.сакам да понудам нешто на мамички кои се од битола.ми останаа 25-6 памперси new baby2-5 кгр.би ги подарила да не ги фрлам.брзо ги одрасти син ми.уредно се чувани и спакувани.ги понудив во друга група никој не се јави досега.ако некој е заинтересиран пишете во лп.позз
Во план бев да купам само труднички фармерки ама не најдов и си купив едни пантолони како шалвари ама со ластик како кај трудничките. И јас се согласувам дека не се исплати да се фрлаат пари за такви скапи облеки за 3 месеци ама нешто од нешто да се најде покомотно.Бев излезена во Веро центар и таму имаше една трудница беше невкусно облечена тесна маица со гол стомак едвај и го покриваше стомакот и некои дебели машки сиви тренерки ставил голем шал, пролетна кратка тексас јакна и само си ги поткреваше тренерките. Како прво се гледаше дека ја стегаат тренерките на стомакот а бар да облекла нешто комотно заради бебето. Јас имам туники и долги маици ги носам со хеланки ама ме стегаат холахопките одоздоле а без холахопки ми е ладно.Кај и да е и хеланките ќе почнат да ме стегаат. Добро е што не сум поправена освен стомакот па не правам големи проблеми.
Супер,браво Понуди ли во совети за бебиња од 0-6 месеци ? Може некоја мамичка ќе се јави[/quote не ми текна таму да пишам фала што ме потсети..
мамички кој гинеколог од Битола би ми го препорачале за матичен? јас до сега одев во Плодност, но сакам да имам матичен... дали можеби некоја оди кај д-р. Тони Анастасиевски и какво искуство има од кај него...
Епа мамички конечно си купив фармерки со шпринки како порано што се носеа значи ги обожавам ама не можев никако да си најдам и кога ги видов кефој бев... повеќе сакам да носам хеланки со некое широчко блузе бидејќи се осеќам покомотно и преубаво изгледа мешето....Како и да е секоја трудница е преубава...
Ве читам за облекава дека правите муабет. Ние што работиме во државни институции не можеме со хеланки и туники да одиме, штета. Па затоа си купив 2 нови фустанчиња што ќе можам да ги носам и потоа, два пара панталони труднички едни црни едни тегет и една сукња црна трудничка. Е сега посоленко ги платив, но мораме да одиме на работа во панталони имаме кодекс на облекување. Низ дома си седам со тренерки се уште ми се точни. Хеланки и туника носам кога ќе излезам со мм да прошетаме. Со душа чекам да се стопли па да си ги носам пролетните фустанчиња. Добро е што се уште ме собира капутот од лани што го купив. Ама гледам ептен кнап ми е. Дај Боже да ми биде точно барем до кај април, ако не ќе треба да купам нов, што да правам. Во тоа Дока ли како беше што пишала некоја феминка мене баш некни за роденден една другарка ми купила многу убави хеланки преубави се за трудници и не се скапи воопшто. И баш се шират кај стомакот горе и материјалот им е преубав дефинитивно. А овие другиве работи што ги купив од една продавница од Буњаковец поскапи беа 1.700 денари ги купив црните панталони, тегетот ги купив на попуст 1.300 денари, сукњата ја купив 1.500 денари, а фустанчињата ги земав по 1.100 денари. А за горе до душа се ми е точно се уште си ги носам блузите што си ги носев и претходно (сега за сега барем точни ми се) а за понатаму не знам. Кошулите не ми се точни па решив да си купам наместо M бројче што носев, си зедов L кошула една и XL од една продавничка по 400 денари. Од золва ми си добив за роденден блуза поголемка така супер ми стои таман изгледа како "трудничка", од девојката од брат ми си добив многу убава туника. И така овие работи баш фино ќе ми се најдат таман сега за сега ништо да не купувам. (мижи асам, да ти баам) работава. Демек "нема" да купам кого залажувам (самата). Поздрав девојки.
женски, сте биле ли настинати за бреме на бременост, во првото тромесечие? Јас сум и незнам што да правам, не смеам да пијам ништо овие 3 месеци ми кажа гинекологот. кажете совет? кивам, и носот ми е растечен денеска :/
Пробај со чај, парацетамол јас пиев кога ќе ме болеше главата, но прашав и гинекологот ми дозволи Земи чај од бел слез мн помага
бебето 93. не се секирај и јас сум настината кашлам кивам еве сега вака рецепти од баба ми,чај од нане лимони исто можеш било каков чај немора само нане,салеп исто обавезно пијам веќе 3 дена ама од оној со кафеава облога што пишува салеп,и далерон односно парацетомол може да пиеме ми кажа доктороката тоа е ќе се чуваме по ладново нема шетање поздрав
Здраво мешиња,јас сум нова трудница ќе ме гледате често низ темава.Сакам да ве прашам во последно време многу ми се спие,дали е од бременоста или имам потреба од загриженост дека можеби е нешто друго во прашање?
Мила MrenaRiba јас цела бременост не можам да се изнаспијам,не грижи се...поспаноста е дел од бременоста,нема место за паника. П.С имај лесна бременост
Dobredojde i so lesno neka ti e...spienjeto e od bremenosta jas na pocetokot bev mnogu zaspana kaj so odev spiev..nonstop mi se lezese i umorena se osekav nebare sum verela bostan...pozzz se izv za lat od mob sum
Добро тогаш да не се грижам.Треба нешто да земам,фолна киселина прочитав било добро,месец дена сум бремена,гинекологот ништо не ми кажа,само ми кажа да внимавам,да не се заморувам многу и колку време сум бремена.Вие пиевте нешто првите недели?Прва бременост ми е па затоа прашувам.
Па на почетокот се препорачува само фолна, првите три месеци. После мене докторката ми даде Фемибион 2 за до крајот на бременоста. Исто така пијам и магнезиум во текот на целата бременост. Со лесно да си ја носиш бременоста