Не се секирај мила.Јас во тие моменти мислев на бебушка како ќе ми го допрат на лиценцето и не мислев ни на анестезија ни на ништо и летав накај операционата сала.Мммм кога го чув гласчето осмех од уши до уши.Немав болка некоја голема само појако ми беше првите неколку пати кога станував,после беше песна.Јунак на мајка.Со лесно
Здраво Мешки Не сум пишала некој ден,а и немам многу што,ми “бегате” сите со мешињата и со искуство,па само си читкам и си меморирам. Вчера се јавив кај матичниот за резултатите од Приската,се’ е во ред,стоело “многу мала веројатност”,па нема потреба од понатамошни испитувања. Не тема коментари немам што да кажам баш,сеуште немам ни соопштено на сите,а и не живеам во Мк.Можеби ке немам помош од блиски,но нема ни да ми одмагаат со бабини деветини. @kockichka и мене Ева ми е up on the List,ама уште не знам пол,може и Адам ќе излезе Со лесно на сите мајки кои се на чекор да се гушкааат со малечките .
Ако не ти се брза многу можеш да си порачаш од али експрес, има доста различни а и евтини се. Јас се што порачав отприлика за еден месец ми стигнуваше а некогаш и порано
Hello и од мене. Седам на пауза на работа и бројам последни денови до отварање породилно, а во исто време и се секирам за работата, кој ќе дојде, како ќе ме менува, дали ќе се снајде. И брзам се да завршам да оставам се направено, божем некој фала ќе ми каже. Знам дека сум малку откачена зошто се секирам за работава, ама имам добра работа и ептен убава плата, а договорот ќе ми истече дур сум на породилно, па ајде и една секирација плус Утре сум на последен преглед кај матичен и почнувам со цтг. Се одлучив за Систина за пораѓај и ќе одам прв пат кај докторката таму следна недела, па да се надеваме дека се ќе биде добро. Дека ќе стекнам доверба како што имам во матичниот. Мешето ми е ниско спуштено, и тешко ми е многу кога седам, ама затоа за спиење неам гајле. Секако сум спанка, ама дур сум трудна се изнаспав уште повеќе. Кога ќе заспијам сум како смачкана ама многу цврсто спијам. @EvieBabe мисли како ќе ја гушкаш малата за кратко време, а она ќе израсне во голема девојка. Сигурна сум дека се ќе биде добро. Па се надевам и ја за кратко ќе те дружам во мајчински.
Zdravo mesinja, jas od denes 31 nedela pocnuvam. Se mi smeta, edvaj spijam navecer, sto od s'klet, sto od tezinata, nikako ne mozam da se namestam. Imam bolki vo preponi, mi pritiska bebuska na nekoi nervni zavrsetoci I edvaj se dvizam. Tuku da ve prasam, gledam po forumov sekoja vtora ako ne I sekoja zavrsuva so carski rez. Sto e fintava vo makedonija sto site se poragaat so carski? dali vi e dadeno kako opcija ili doktorite ve pritiskaat na toa za da si olesnat oni?
Здраво,јас сум 2-3 дена зад тебе. Во мкд ја водиш бременоста или во странство? Ми се чини пап во мкд не прават во бременост. Јас сум во странство и овде прават. За некој ден сум на преглед,паќе видиме. Поздрав!
Во Македонија сум. Се надевам дека е се во ред, докторот преку мобилен ми кажа з приската дека е ок. Нестрплива сум што морам да чекам уште цели 3 недели до преглед. Се чувствувам добро, понекогаш боцкање и подуеност, а и пулсирање во стомакот осеќам, сеуште е рано за движење на бебенцето но ете така чувавувам понекогаш... Ти посакувам се најдобро
Мешиња како сте? Мене деновиве ми се јавија неколку стрии. Како да го осеќам ширењето на стомакот. Чувствувам како да ме пече мешето, надворешно. Од нив ли е? Инаку мачкам цело време...
Здраво друштво , Да прашам дали некој има искуство со намалена плодова вода? Јас сум 25+3, плодовата вода е намалена но според докториве не е страшно. Со бебето се е ок, си се развива како што треба. Ги направив сите можни испитувања (торч,скриен шекер,дд-мерии,и она проток низ папочна врвца не ми текнува како се викаше)за евентуално да не има нешто што го предизвикува тоа намалување на вода ама се е ок . Матичната ми вика дека нема што да ми даде да пијам или превентивно нешто бидејки се е ок со испитувањата . Едноставно таква ми е бременоста. И покрај тоа што докторкава вика дека нема место за паника и нема што да се направи ,мене не ми дава мира и едвај чекам во понеделник да одам на контрола . Ако некој се соочува со исто да ми пише да си се тешиме
Не сум нешто запознаена со тој проблем, ама сум читала дека доста трудници кога имале намалена плодова вода им викале да пијат многу вода и течности. Прашај ја докторката или пиј си, секако нема штета да пиеш вода
Читнав и јас тука во постари мислења. Вода пијам, јадам суви урми и суво грозје. А бе се ќе направам само да е се ок, и да се доноси барем до недели кога е безбедно да излегува. Во пон баш ке се посоветувам со нејзе , иако нема што мнг да се направи . И Петрова кога ми правеше скрининг истото ми го кажа дека не е страшно. Ама јас сеа Миле паника .
Девојки здраво, Ми треба ваше мислење, со оглед на тоа што не можам да го споделам овој проблем со други во овој момент. Бремена сум скоро 4 и пол месеци и тоа имав многу компликации, со хематоми и крварења, морав да лежам долго време. Со вереникот немав апсолутно никакви проблеми, сега во ноември треба да правиме свадба. Но денес дознав дека ме изневерувал пред еден месец. Ме изневерувал баш во тој најтежок период, во кој лежев и мислев дека светот ми е срушен над глава, и додека се борев да го задржам детето. Ме изневерувал пред мои очи, додека слепо му верував. Девојката го нашла на инстаграм и го поканила на кафе и толку малку требало. Мислам дека и ја донел кај нас дома, кога јас бев ден два кај мајка ми дома. Ќе полудам. Претешко ми е. Многу му верував. Никогаш не сум помислила дека ова ќе ми го направи и баш сега, бремена. Плачеше (за прв пат), се извинуваше, ме молеше...едноставно не можам да го гледам. Да бев во рана бременост, ќе абортирав и ќе заминев. Но, сега е малку доцна. Морам да мислам ма бебето, за кое толку се намачив. Знам дека му е криво, го гледам дека се јаде од внатре, и вели дека било еднаш, ама нема оправдување!!! Хаос сум со мислите...
Јас пред 2 недели колку кога бев на контрола докторот ми рече дека многу ми е намалена да пијам повеќе вода, почнав по 2 до 2.5 л во текот на денот и вчера поминав од кај матичната да ме виде за прв пат и ми рече супер плодова вода па се надевам дека е се во ред . Во понеделник сум на приватно па ќе видиме што како
Јас ова го читам и не ми се верува .... можно ли е да постојат вакви луѓе бре, леле искрено ако ова е вистина многу неубаво, значи само што го прочитав неубаво се почувствував а не ни можам да замислам како ти е тебе .... најпрво колку и да е тешко мораш да мислиш на бебчето, тоа е најбитно во моментов, совети за вакви работи нити сум давала ниту сакам да давам, ама недан боже јас да сум очите ќе му ги извадам, сместа заминувам, такво ѓубре од маж не би ми бил потребен..... биди силна и донесија најправилната одлука
Никој не оправдува неверство, ама посебно лути и вознемирува фактот што додека жената дома се мачи со 300 проблеми да ја износи бременоста, мажот си тера ќефови. Јас, иако никогаш не се знае, ама мислам дека никогаш не би простила неверство. Поготово во моменти кога жената е бремена. Ко што кажа Лејла, очите ќе му ги ископам Секако сега и хормоните влијаат, па појако реагираме. Многу ми е жал што и покрај проблемите што си ги имала во бременоста, капак било и ова. Ама најпрво, треба да мислиш на бебчето, секој стрес влијае и на него и на тебе. Друго, ако треба отиди и до твоите, поседи некој ден и разбистри глава. Ти сама треба да решиш што понатаму. Има многу самохрани родители. Само гледај колку што можеш со помалку нервози да излезеш од ситуацијава(иако е многу тешко). Ти посакувам да најдеш решение и да биде се добро. И ти и бебчето сте најбитни сега
Вода и течности многу, постојано да пиеш нешто. Ова го слушнав од докторката, и’ кажуваше на една трудница со намалена плодова вода. Сакав да ти кажам за урмите, имам слушнато многупати дека не треба да се јадат, освен ако си пред пораѓај. Го омекнувале грлото на матката и потпомагале отварање, така што не се препорачува да се јадат во големи количини. Не сум сигурна во вистинитоста на ова, па прашај си доктор. Знам колешка исто ми има кажано дека пред пораѓај урми јадела за да се отвори побрзо. Можеби се бабини даветини, ама да ти кажам
Читам и се ежам. Се ставив во твоја кожа, бидејќи исто имав доста компликации, и бидејќи доста време немавме односи, се плашев од ваква судбина, иако е единствениот на кој смртно му верувам. Доста болна тема... Моја другарка се најде во иста ситуација, меѓутоа со многу разговори, ветувања, извинувања и што уште не, му даде уште една шанса и врската уште повеќе им се зајакна. Тој се измени за 360, меѓутоа како што кажа тој-цел живот ќе живее со тој товар на рамо. Претешка одлука е пред тебе. Мисли прво на бебче...баш дека си имала компликации...не дозволувај да се повторат. Пробај да се смириш. Разговарај со него. Ти најдобро го знаеш, иако во овој момент го гледаш како странец. Лесно е да заминеш...но не е лесно дете сама да гледаш. Мажите се идиоти, не сфаќаат дека за еден каприц, еден секс, можат да си го уништат животот. Биди храбра!
Позитивна трема ме фаќа за вас, новата генерација трудници што ќе си одите од темава. Неколку бебиња во близина имам што се родија околу 2500, искрено страшни ми изгледаа од што беа мали, ама сите беа пожилави и поборбени од моето што се роди крупно. На цимерката во болница исто и рекоа максимум 2500 дали ќе биде бебето, па се роди 2800 со едни обравчиња полни, како пупка убаво бебе. И 2200 да се роди ќе си порасне ама еве сите ќе пратиме позитивна енергија да биде бар 2600