Здраво девојки, имам едно прашање, не директно поврзано може со темава, ама на некој начин е. Јас сум бремена, сега во 4 месец влегувам. Имам дог.на определено кој во понеделник истекува. Лани исто така бев со дог.на определено и секретарката меѓу едниот и другиот договор ми направи 2 дена прекин на работата и осиг.. Ако сега ми го направи истото ќе немам право на породилно. Сега таа ми вели дека иако немам потпишано анекс, ниту договор, таа немало да оди во АВРМ и договорот автоматски немало да се прекине. Јас гледам на АВРМ на интернет таму пишува дека до 30.09 сум вработена. Дали е точно дека ако секретарката не отиде да продолжи или да не одјави, автоматски ќе се продолжи вработувањето? Фала однапред.
Ја мислам да. Автоматски се продолжува. Но ништо не ти променува да се јавиш во АВРМ и таму да ти потврдат.
Едно прашање на почеток освен во креветче,каде го остававте преку ден? Кога се купува релаксатор и други такви работи?
Син ми го легнував мнг малку во релаксатор, најчесто на пелена и на кревет до нас. Сега за другово ке купам гнездо, тоа ќе го користам .Од другарки слушам многу позитивни мислења за гнездо ,а и ке гледам почесто да го ставам на релаксатор .
Не знам дали е соодветна темата за да прашам, но бидејќи сите сте поминале низ тоа ќе ми кажете. Во рана бременост сум и минатиот пат на ехо сеуште не се гледаше ништо. Докторката ехото ми го направи вагинално, ама јас се изначитав дека со вагиналното може и спонтан(не дај боже) да се случи.Утре сум на повторен преглед. Вас како ве прегледуваа во стартот? Да и кажам да не ми прави вагинално ехо?
И мене ме гледаа на вагинално ехо. Најпрво во 6та недела, потоа во 7ма недела пак. Утре пак имам закажано за ехо и приска тест, мислам дека пак вагинално ќе биде.
Вагинално со сонда мора на почеток . Мало е за на ехо , со сонда мнг поубаво се гледа.И онака 1 месечно се оди на преглед, нема зошто да дојде до спонтан. Првите неколку прегледи со сонда после на ехо ке си гледа др. А не дај боже ако дојде до тоа нема да биде од сондата . Со лесно
Мешиња за скриен шеќер треба со упат од матичниот гинеколог или нема потреба ? знам нејадена треба така? колку време се одвива тоа.. ?
јас без упат бев 700 ден платив. Ама може и со упат. Прво боцкање во прст за да проверат шеќер, ја пиеш течноста, за 1 саат второ боцкање , за 2 саати трето боцкање и измеѓу мокрача. тоа е тоа